БРАВО МАКЕДОНЦИ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ако. Нека се зборува.

Треба уште повеќе да се популаризира темава. Сите да зборуваат само за тоа.

Грците, со своите арогантни ставови и одење со глава во ѕид, можат само да ни помогнат во тоа, а самите себеси да си одмогнат.
 
В НЕДЕЛА ВО ТРНОВО, 28. СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА

Со ора ќе се блокира граничниот премин Меџитлија

На традиционалната семакедонска средба е превидена богата културно-уметничка програма. По завршувањето на програмата во Трново, тие ќе се упатат на граничниот премин Меџитлија, каде од 18 до 20 часот ќе изведат уште една културно уметничка програма

F85BE70F86AA1C4FB645CD9C8529DD4A.jpg
В недела во потпелистерското село Трново, по 28 пат ќе се одржи традиционалната семакедонска средба што ја организира Здружението на етничките Македонци протерани од егејскиот дел на Македонија.
- Од осамостојувањето на Република Македонија како посебна држава, односно по распадот на СФРЈ, сите и секакви договори меѓу Југославија и Грција за нас како здружение се невалидни и неважечки. Тоа значи дека прашањата за прогонетите Македонци од Грција, за имотот, за малцинските права во соседните земји и други прашања за човековите права ќе се поставуваат само и само од Република Македонија, соопшти Никола Костурски, претседател на Здружението. Тој упати јавна благодарност до премиерот Никола Груевски во врска со ставовите околу прашањето за проблемот на Егејците.
- Се заблагодаруваме на премиерот Груевски кој првпат, како храбар македонски премиер и државник, го постави ова прашање пред Грција и ги побара правата на Македонците кои живеат од другата страна на административната граница, рече Костурски.
На традиционалната семакедонска средба е превидена богата културно-уметничка програма. По завршувањето на програмата во Трново, тие ќе се упатат на граничниот премин Меџитлија, каде од 18 до 20 часот ќе изведат уште една културно уметничка програма со членовите на КУД "Гоце Делчев" од Битола и КУД од Овчарани, Леринско. Граничниот премин најверојатно ќе биде блокиран во овој термин бидејќи се очекуваат голем број гости и посетители.
 
Back
На врв Bottom