"Браво" домаќинке...

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Се мислев каде да ја отворам темава поради веселата дискусија која ја очекувам да се развие а истата ќе биде малку нетипична за подфорумот - гурманско катче а бара и нешто повеќе од оние стандардните "да" и "не" одговори :icon_lol:

Како би постапиле во ситуација кога сте негде на вечера - полно е луѓе, домаќинкава кажува дека потрошила време на подготовка на храната која кога ќе ја вкусите е тотален fail или па во истата наоѓате некои додатоци на кои местото не им е тука дури ни како дел од оние најекстремни зачини, пример поканети сте на вечера каде што готви младата домаќинка штотуку стапена во брак со вашиот другар и ви послужуваат супа, ја вкусувате истата но со првото внесување на истата во устата забележувате дека во неа има неколку "ортоми" т.е влакна од косата на домаќинава... сите зјапаат во вас а вие полека неволно ја вадите лажицата од устата која ви е полна со богато зачинета супа за која веднаш треба да кажете каква е т.е да ја пофалите домаќинката - или па не :) Што правите, како реагирате, дали веднаш ќе кажете што фали или ќе проголтате се што ви дале со насмевка на лицето а при првата прилика кога погледите ќе се тргнат од вас се ќе исплукате и тоа ќе го сторите мошне внимателно за никој друг да не забележи? Или па да претпоставиме ситуација во која главната храна содржи нешто (не зборувам за ситуација кога нешто што не го јадете е директно послужено како главна храна) што не го јадете, дали барем ќе го вкусите или ќе кажувате дека не го јадете и ќе останете така додека сите други јадат? Може да се дискутира и околу начинот на послужување на пример кога ќе ви турат пијалок во некоја чаша преполна со мрсни дамки или остатоци од храна на работ - ја земате и пиете, ја земата но ја оставате настрана или веднаш кажувате за тоа?
 
Па, ко прво ако е домаќинката штотуку стапена во брак, не мора да значи дека ќе има такви пропусти - може да се случи на секого (кој е невнимателен во подготвувањето на храната :))

А за ситуацијава...јас во никој случај нема да почнам да плукам и слично по масата - ми изгледа невкусно, колку и да се гадам, едноставно ќе си поќутам и ќе речам дека се најадов, или дека не бев многу гладна :) Ми се случувало во торта со ореви да најдам и лушпи од ореви... е нив не можев да ги јадам и си ги чистев :)
Друга ситуација: првпат ко отидов дома кај другарка во италија... ми послужија ракови, и ги гледам беа со доста тврда лушпа, и реков срам - не срам ќе си прашам како се јадат :icon_lol: И баш тогаш ми кажаа ситуација за некое друго девојче што било кај нив, не ги прашало како се јадат, и ги јадело со лушпа...правејќи чудни фаци, хихи :icon_lol: Беше малку смешно-интересна ситуација али бар научив како се јадат ракови :kesa:
 
Друже јас би јадел искрено..Се случува несакајки да падне некое влакно или наместо сол шекер да стави..:toe:
 
Досега не ми се случило такво нешто. Но мислам дека нема директно на маса да го изложам проблемот и да ја засрамам домаќинката пред сите гости, не би јадела сепак, но ќе гледам да не ме забележат, нема да плукам пред сите таму, пред сè и мене би ми било непријатно. Луѓе сме, сите грешиме, нема потреба од сцени.

Ако има нешто што не го јадам сепак ќе пробам малку и ќе се откажам, нема да се бунам зошто тоа е сервирано. :)
А чашата ако е нечиста ќе ја тргнам на страна и нема да пијам.

Можеби по целата таа ситуација ако добро се познавам со домаќините на само ќе им кажам да внимаваат следниот пат да не им се повторат такви нешта.
 
Никогаш не сум кажала дека нешто не е убаво или не чини.
Неможам директно да кажам-леле ич не е вкусно ,ова му фали или она...
Пример можам да кажам -добро е,ама му фали тоа и тоа...
Не сакам така да наоѓам маани колку и да ги има.

А познавам луѓе што одма ти викаат уф,ич не ти чини не е воопшто вкусно.
Одвратни ми се такви самобендисани фаци,како само они да знаеле да направат нешто ,или колку и да е перфектно,пак нешто ке искоментираат:nerv:
 
А познавам луѓе што одма ти викаат уф,ич не ти чини не е воопшто вкусно.
Одвратни ми се такви самобендисани фаци,како само они да знаеле да направат нешто ,или колку и да е перфектно,пак нешто ке искоментираат:nerv:
Добро но темава не е за нив, за оние кои до 12 ги мразат сите а после 12 и сами се мразат :)
 
Би било многу невкусно така да изреагирам да речам пред сите јадењево е...
колку ли само непријатно би се чувствувала домаќинкава. Мислам дека ќе јадам ако не се барем ќе пробам од поставеното на маса колку и да не е убаво, но ќе се погрижам никогаш повеќе таа да не не викне на вечера и она да готви. Може и да ја викнам на часеви кај мене да ја поднаучам јас од моите рецепти...
 
Друже јас би јадел искрено..Се случува несакајки да падне некое влакно или наместо сол шекер да стави..:toe:
Абе се случува... ама не би јадел е ај на пример пиј кафе со сол де
или јади супа со гратис влакно
 
Без многу тапење, мој проверен рецепт за да избегнеш тапа јадење е “ оф аман бе јадев пред да дојдам не сум ич гладен’’.
Сетне ако ти се даде шанса збрцај од кифлите и сувмеснатото колку да не поцркаш од глад и чао пријатно.
Од влакна не се гадам а и од прљави чаши.
 
Како би постапиле во ситуација кога сте негде на вечера - полно е луѓе, домаќинкава кажува дека потрошила време на подготовка на храната која кога ќе ја вкусите е тотален fail или па во истата наоѓате некои додатоци на кои местото не им е тука..........

Апо..... ај признај кај упадна и се заеба:pos2::pos2::vozbud:.....за едно влакно ли ќе раскинуваш:pos2:

За вакви случаи има финта стално што успева.....ја пофалувате домакинката и се заблагодарувате и фино лепо се извлекувате на стомачни тегоби (да не пишам ве стегнал тенкосеритис) и дека сте дојдени само за атер на домакините.....
 
Ако кажеш директно, поготово на тазе брачен пар...може да се разведат, што знаеш у што фаза се луѓето. На душа ќе ги имаш :)

фино лепо се извлекувате на стомачни тегоби
Или...не фала, нека...гледам вкусно е, ммм...ама ја сум на диета, на строга. Само кисела вода, морков, зелка салата...друго ништо. :smir:
 
ако не ми се допаѓа нема да кажам дека не чини
само нема така слатко да го јадам
а и нејзе ако ја интересира какво е јадењето па нека проба ако има храброст :jaj:
инаку ако најдам влакно во јадењето ќе и кажам за да ми го замени ако може, доколку не повратам претходно:tapp:
 
Ќе е испофалам :) неам гајле ни ортоми ни волци внатре нека има :)
 
Секако дека нема да кажам дека е најдоброто јадење евр, али нема ни да критикувам. Ќе кажам дека е добро, ќе "стегнам" заби и ќе јадам.
Да ме прашаше пред година две, ако најдев влакно секако дека тоа немаше да помине незабележано, али сега ќе гледам да го отстранам од мојата околина на најмалку приметлив начин.
Секако дека домаќинката не сакала да тури шеќер место сол али јеби га се дешава (е сеа не толку често:toe:), ако се чувствуваш како да једеш песок, кажи дека од што е толку убаво не сакаш да им го јадеш на другите, тие малку нека уживаат:pos2:.
Не, сериозно, тоа ти е ептен зафркнат момент ќе дадам се од себе да не се забележи дека се чуствувам како да јадам песок и ќе кажам дека било ОК.
 
Апо..... ај признај кај упадна и се заеба:pos2::pos2::vozbud:.....за едно влакно ли ќе раскинуваш:pos2:
Абе па ти немораше јавно да споделиш :( :pos:
За вакви случаи има финта стално што успева.....ја пофалувате домакинката и се заблагодарувате и фино лепо се извлекувате на стомачни тегоби (да не пишам ве стегнал тенкосеритис) и дека сте дојдени само за атер на домакините.....
Да ама ако ти запне да пробаш парченце... бар парченце тогаш ни тенкосеритисот не спасува :)))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom