братја Македонци

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
pict31.jpg




За нашите братје македонци

“ Не разбравме дали јазикот бил македонски или пак грчки “, иׂнапишал 1904 година Павлос Мелас на неговата сопруга од некое славофонско село на Македонија. “ За нашите братје македонци “ гласале флаерите што ги делеле грчките андарти (македономахи) кај селаните во Македонија во 1905 година, кога официјалниот картограф на грчкото кралство објаснуваше дека
Македонската Борба се води помеѓу “ прогрчки македонци “ и “ пробугарски македонци “ но “ националноста и кај двете страни е македонската “.
Во 1920 година официјалниот попис на население на грчката држава регистрираше постоење на “ македонски јазик “, посебен од српскиот и бугарскиот. За “ македонски јазик “ пишува и Белата Книга од 1947 година која се издаде во Атина за време на граѓанската војна.
За “ македонски јазик кој се зборува во Скопје и има граматика и синтактика“ зборуваше во грчкиот парламент во 1959 година Евегелос Аверов, министер за надворешни работи во владата на Караманлис.
Да претпоставиме дека сите тие биле инструмент на “ скопскиот иредентизам “ бидејќи го признаа -неколку децении пред Данјел Фрид од Стеит Департментот – постоењето на “ лажната нација “ и “ лажниот јазик “?
Улогата на Пинелопи Делта била особено сомнителна. Таа напишала во книгата “ Тајните на блатото “ дека “ националниот идентитет на населението во егејска Македонија бил само македонскиот “ и тоа цели две генерации пред Тито.

Голем ентузијазам за нашата национална победа во Букурешт. Потврда дека ние, како ветерани во НАТО, можеме без казна да ги прекршуваме меѓународните договори што ги потпишавме. Одеднаш се маргинализира дипломатската умереност и логичните аргументи, околу едно сложено име кое ќе ја разликува “ нашата “ од “другата “ Македонија, и се вративме всушност во 1992-93 година.
Од Јоргос Папандреу до Јоргос Караџаферис, и од блиските до владата канали до кумунистичкиот “ Ризоспастис “, политичкиот свет го осудува како провокација тоа што се подразбира ׃ дека нашите северни соседи имаат национален идентитет и јазик, кои самите ( како и останатиот свет – освен бугарските националисти ) ги нарекуваат македонски.
Оваа тврда позиција на Грција не е спротивна само на меѓународната регулатива околу националното самоопределување, туку не може во реалноста законски да се формулира како барање.
Постој неискажана, но очигледна желба за самораспаѓање на “државичката“. Истовремено се открива и подлабокиот ( нелогичен, и ако историски оправдан ) синдром на националната несигурност која се крие зад “ македонизмот “.
Еден век по балканските војни, некои луѓе веројатно не се уште убедени дека грчката Македонија е навистина грчка.

( Елефтеротипиа, 19/04/2008)
http://www.iospress.gr/megalo2008/megalo20080419.htm
-------------------
да да...не ве лажат очите текстот е излезен во Елефтеротипија...

makedoncki.blog.com.mk

 
Се изненадив искрено... на што ли се должи пресвртов?
 
Се изненадив искрено... на што ли се должи пресвртов?

на ништо...со тек на време ке сфатиш дека партиципирам секаде каде треба за доброто на оваа земја...и дека не сум сдсврмовски обоен туку само заебано истрауматизиран ....
 
Не ми беше коментарот насочен кон тебе туку кон Грчкиот текст.
 
Хм.....хм.........
Нешто ми е сумљиво тука.Зашто би грчки весник пишувал за Македонскиот јазик?
 
а ок...не знам дал е пресврт во ставот или само анализа на состојбите...во секој случај браво..шамаерте ги грциве по форуми
 
Сними го како скриншот!


Ζα νάσητε μπράτιε Μακεντόντσι

Η ανασφάλεια της Κάτω Μακεδονίας


«Δεν εννοήσαμεν αν η γλώσσα ήτον η μακεδονική ή η ελληνική», έγραφε το 1904 ο Παύλος Μελάς στη γυναίκα του από κάποιο σλαβόφωνο χωριό της Μακεδονίας. «Ζα νάσητε μπράτιε Μακεντόντσι» (για τους αδελφούς μας Μακεδόνες) τιτλοφορούνταν οι προκηρύξεις που οι μακεδονομάχοι μοίραζαν στους χωρικούς το 1905, όταν ο επίσημος χαρτογράφος του ελληνικού βασιλείου εξηγούσε πως ο Μακεδονικός Αγώνας διεξάγεται μεταξύ «Ελληνιζόντων Μακεδόνων» και «Βουλγαριζόντων Μακεδόνων» αλλά «η εθνότης είναι η αυτή και εις τας δύο ταύτας κατηγορίας, ήτοι η Μακεδονική». Το 1920 η επίσημη απογραφή πληθυσμού του ελληνικού κράτους κατέγραψε την ύπαρξη «μακεδονικής γλώσσας», διακριτής από τη σερβική και τη βουλγαρική. «Μακεδονική γλώσσα» αναφέρει ακόμη και η εμφυλιοπολεμική Λευκή Βίβλος που εξέδωσε το 1947 το κράτος των Αθηνών. Για «μακεδονική γλώσσα η οποία ομιλείται στα Σκόπια και έχει γραμματικήν και συντακτικόν» έκανε τέλος λόγο το 1959 στη Βουλή ο Ευάγγελος Αβέρωφ, υπουργός Εξωτερικών του Καραμανλή του πρεσβύτερου. Να υποθέσουμε πως όλοι αυτοί δεν ήταν παρά ενεργούμενα του «αλυτρωτισμού των Σκοπίων», αφού έσπευσαν -μερικές δεκαετίες πριν από τον κ. Ντάνιελ Φριντ του Στέιτ Ντιπάρτμεντ- ν' αναγνωρίσουν την ύπαρξη της ακατονόμαστης «ψευδοεθνότητας» και «ψευδογλώσσας»; Οσο για την Πηνελόπη Δέλτα, ο ρόλος της είναι εξαιρετικά ύποπτος: αυτή δεν γράφει, και μάλιστα στα «Μυστικά του Βάλτου», για πληθυσμούς που «εθνική συνείδηση είχαν τη μακεδονική μονάχα» δυο ολόκληρες γενιές πριν απ' τον Τίτο;

Περίσσεψε φαίνεται ο ενθουσιασμός από την εθνική μας νίκη στο Βουκουρέστι. Από την επιβεβαίωση δηλαδή του ότι κι εμείς, ως παλαίμαχοι νατοϊκοί, μπορούμε να καταπατούμε ατιμωρητί τις διεθνείς συμφωνίες που έχουμε υπογράψει. Μέσα σε χρόνο μηδέν παραμερίστηκαν έτσι η διπλωματική μετριοπάθεια και τα ορθολογικά επιχειρήματα, περί μιας σύνθετης ονομασίας που θα καθιστά διακριτή τη «δική μας» Μακεδονία από την «άλλη», κι επιστρέψαμε επί της ουσίας στις μέρες του 1992-93. Από τον Γιώργο Παπανδρέου ώς τον Γιώργο Καρατζαφέρη κι από τα φιλοκυβερνητικά κανάλια μέχρι το «Ριζοσπάστη», όλος ο πολιτικός κόσμος σπεύδει να καταγγείλει σαν «απαράδεκτη πρόκληση» ακόμη και την απλή παραδοχή του αυτονόητου: ότι οι βόρειοι γείτονές μας έχουν εθνική ταυτότητα και γλώσσα, τις οποίες οι ίδιοι προσδιορίζουν (και η υπόλοιπη ανθρωπότητα -με την εξαίρεση των Βούλγαρων εθνικιστών- αποδέχεται) εδώ και πολύν καιρό ως μακεδονικές. Αυτή όμως η σκλήρυνση δεν αντίκειται απλώς στο υφιστάμενο διεθνές δίκαιο περί εθνικού αυτοπροσδιορισμού. Αδυνατεί επίσης εκ των πραγμάτων να συμπυκνωθεί θεσμικά σε κάποιο διεκδικήσιμο αίτημα, πέρα από την ανομολόγητη αλλά οφθαλμοφανή προσδοκία αυτοδιάλυσης του «κρατιδίου». Ταυτόχρονα, ωστόσο, αποκαλύπτει το βαθύτερο (και παράλογο, μολονότι ιστορικά ερμηνεύσιμο) σύνδρομο εθνικής ανασφάλειας που υποκρύπτεται πίσω από το θέατρο σκιών περί «μακεδονισμού». Εναν αιώνα μετά τους Βαλκανικούς πολέμους, μάλλον κάποιοι δεν έχουν ακόμα πειστεί πως η ελληνική Μακεδονία είναι όντως ελληνική.

(Ελευθεροτυπία, 19/4/2008)
 
zarem nekoj od drugata strana na kajmakcalan se osmelil vaka da zboruva za velikata grcka pobeda i nacionalnite interesi na drevnata "dimokratia"??
aj proverete da ne eksplodirala nekoja bomba vcera vo atina...
ili gospod im dal posledna sansa na ciganite pa im go voskresnal diogen pred veligden......
aj pogodete sto ke mu napraat..
 
Па и во Грција мора да започне реално согледување на вистината без разлика колку таа и да биде болна.Единствено оние што знаат дека е така ќе се согласат дека колку порано толку подобро се соочуваат со фактите кој се потиснати повеќе од 100 години и велат дека Македонците се посебен идентитет и Македонија има право на посебност како држава.
Грците кој се свесни за ова,знаат исто така дека во 21 век со непризнавање на оваа Македонија и нејзина спреченост да се интегрира во ЕУ и НАТО прават голем ризик да ја загубат мошне брзо и онаа другата окупирана Македонија која ние Македонците ја нарекуваме Егејска.
 
Ха ха, колку се само ниски... Админот ми ги брише постовите на кои не може да ми одговори. Постирав за македонскиот лав во темата за бугарскиот, со линк каде може да видат дека во првиот грбовник од 1595 стои Македонија, како и на сите други македонски грбови потоа, ама постот не го објавија....

Исто, ги прашав за http://en.wikipedia.org/wiki/National_Liberation_Front_(Macedonia)
и тој пост не го одобрија... ха ха, колку се мизерни, зошто воопшто се замарам со нив...
 
Ха ха, колку се само ниски... Админот ми ги брише постовите на кои не може да ми одговори. Постирав за македонскиот лав во темата за бугарскиот, со линк каде може да видат дека во првиот грбовник од 1595 стои Македонија, како и на сите други македонски грбови потоа, ама постот не го објавија....

Исто, ги прашав за http://en.wikipedia.org/wiki/National_Liberation_Front_(Macedonia)
и тој пост не го одобрија... ха ха, колку се мизерни, зошто воопшто се замарам со нив...

Па тоа е само еден фронт од специјалната војна која се води против Македонија и Македонскиот народ.
 
Јован ЈАНЕВ

ЕДЕН ДОКУМЕНТ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА И АСИМИЛАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД 1920 ГОДИНА

Крајот на Првата империјалистичка светска војна истовремено го означува и почетокот на новото ропство над македонскиот народ разделен помеѓу соседните буржоаски монархии, Грција, Србија, Бугарија и Албанија. Притиснат под големогрчката, големосрпската, големобугарската и големоалбанската буржоаска реакција изразена во систематското задушување на неговата национална самобитност, македонскиот народ беше подложен и на континуиран бел терор од страна на режимите на споменатите држави.

За начинот и методите на спроведувањето на теророт врз македонскиот народ, зборува и еден српски документ кој се наоѓа во фондот на министерството за внатрешни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во архивот на Југославија, а кој ние сакаме да го презентираме.

Документот заслужува внимание и поради тоа, што е во непосредна врска со текот на развитокот на општествено-политичките, економските и националните прилики на македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија под Грција, каде македонскиот народ по силата на решенијата на меѓународните империјалистички кругови, беше подложен на груба колонизација, асимилација и денационализација, дури и на физичко истребување – геноцид.

За нашето истражување, документов што го разгледуваме има посебна историска и ваучна вредност. Тој документ е еден од (ретките во кој еден официјален претставник на министерството на војската и морнарицата од Кралството СХС, зборува за македонскиот народ и македонскиот јазик на територијата на соседна Грција, во времето кога во Вардарскиот дел на Македонија, во составот на новоформираната државна творба СХС, македонскиот народ и македонскиот јазик воопшто не беа признаени.

Во првиот дел на документот од една страна станува збор за активноста на четите од врховизираната ВМРО т.н. "автономисти", кои во текот на истата 1920 година, се ставија во директна служба на големобугарскиот двор и на неговите империјалистички аспирации кон преостанатите делови на Македонија. Од друга страна, во содржината на односниот документ е регистриран и фактот во врска со присуството на дел од активноста на големосрпската политичка дејност инсталирана уште во турскиот период во длабината на централниот дел на Македонија, каде се наоѓале инфилтрирани нејзини луѓе во органите на турската власт на теренот, со цел: да ги пронаоѓаат и ликвидираат "бугарските комити"2).

Во вториот дел од документот, можно е објективно да се согледаат големодржавните намери и мерки на режимот на големогрчката буржоаска монархија и реакција во Егејскиот дел на Македонија, каде поради спроведувањето на неиздржливиот бел терор од страна на грчките власти, само од пограничаните области под Грција, од почетокот на Балканските војни до средината на 1920 год., биле принудени да пребегаат 28 Македонски фамилии во Гевгелија, и тоа од селата: Шопница3, Мочуково4 и Лумница5.

Со оглед на тоа, дека во приложениот документ станува збор за појавата и манифестирањето на чист македонски национален елемент не помешан со други националистички и пропагандистички примеси, кој, судејќи по се, во себе содржи одреден број на објективни моменти од текот на процесот, динамиката и развитокот на закономерноста од денационализацијата и асимилацијата на македонскиот народ, во прилог на констатацијата на историската вистина го објавуваме документот во целост, и се надеваме, дека со него ќе се расветли уште еден мал дел од историјата на македонскиот народ.



Прилог – превод

Министерство на војската и морнарицата

Општо воено одделение

Пов. Ф. Б. Бр. 447

13 мај 1920 година

Извештај дека се очекува доаѓање на бугарскиот комитски војвода СТОЈЧЕ ЈОВАНОВИЌ; и за состојбата во Грчка Македонија

До Министерството за внатрешни работи

Командантот на граничните трупи, со Пов. бр. 11. од 6 овој месец го испраќа следниот извештај на командантот од 20. чета на граничните трупи: "Бугарски комити во оваа околина за сега нема али се очекува скоро доаѓање на војводата Стојче Јовановиќ, родум од село Серменин. Ова го дознав од повереникот и деловодителот на општината Конска во чија општина е селото Серменин.

Се спогодив со околискиот началник и штом дојде ќе трагаме по него да го пронајдеме. Верувам дека со началникот Г. Вучковиќ ќе успееме да го пронајдеме, зашто г. Вучковиќ во овие краеви порано бил под Турците полициски чиновник, и тогаш секогаш успевал, да ги пронаоѓа и фаќа бугарските комити.

За Грците го дознав следното: Во сите места во грчка Македонија наспроти реонот на оваа чета, се забележува дека Македонците се бунат, некои бегаат во шума, и досега многу кај нас, оставајќи ги своите домови и имоти; на пр. во Гевгелија има 28 фамилии побегнати малку порано од селата: Шопница, Мочуково и Лумница (Грција), а од декември минатата година па досега побегнале 8 фамилии. Сите овие се жалат на теророт од Грците и зборуваат дека Грците им забрануваат да зборуваат македонски; во црквите службата се врши на грчки јазик. Сите стари луѓе па и младите не знаат грчки, одат три пати неделно во училиште, седат на клупи и така им се предава грчкиот јазик. Не се осмелуваат на имотите да ги испраќаат жените и девојките, зашто грчките војници над нив вршат силувања. Ова го прават со Македонците, кои ни се наклонети нам, а оние кои се наклонети на Бугарите ги раселуваат во внатрешноста на нивната Македонија.

Пред три дена обиколувајќи ја границата, свратив во селото Лумница кај грчкиот воен офицер, потпоручникот г. Мијокис и при оваа прилика на ѕидот на општинската куќа ја видов залепена неговата наредба со следната содржина:

Граѓани,

Постои наредба на нашиот командант на Дивизијата во Лерин, генералот г. Мазарикис, да зборувате грчки а не романски и српски, зашто вие сте Грци, а никако Романи и Срби. На вас таа наредби ви е соопштена, па иако ви е соопштена, слушам дека пак зборувате на друг јазик.

Последен пат ви напомнувам да се придржувате на горната наредба и редовно да ги посетувате часовите, каде на вас учителот ви го предава нашиот јазик, во спротивно ќе ве казнувам и ќе барам да се раселите.

Усмено ми кажа г. Мијокис дека неговата казна се состои во тепање со стап.

Горната наредба е напишана на грчки јазик а ми ја преведе артилерискиот поручник г. Ѓорѓе Ивановиќ, делегат за собирање на муниција, кој тогаш заедно со мене беше во Лумница.

Повеќе пати до сега, обиколувајќи ја границата, сум разговарал со Македонците од грчката територија, кои чуваат стока или ги обработуваат своите имоти, и секогаш им е прво во разговорот, да прашаат дали границата ќе се прошири – помести, па да останат кај нас, зашто зборуваат дека Македонците, кои се под нас, живеат и наполно се слободни, а тие се робови.

Чест ми е да доставам

Доставено:

до Претседателот на Министерскиот совет

до Министерството за надворешни работи

до Министерството за внатрешни работи



По заповед на воениот министер началник – полковник,

Пет. Ј. Марковиќ


15.В.1920

Министерство за внатрешни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците

Управно одделение

Пов. В. Бр. 509

15. мај 1920 год.

во Белград

До Одделението за јавна безбедност

Со молба на надлежност.

По наредба

на министерот за внатр. работи.

Архив Југославије, Фонд: Министарство унутрашњих послова, фас. 34, архивска единица 98, МИНИСТАР. ВОЈНО И МОРНАРИЦЕ, Опште Војно Оделење, Пов. Ф. К- Бр. 447, 13. маја 1920. године, Београд, По заповести Министра Војног, Началник – Пуковннк, Пет. Ј. Марковиќ, Министарству Унутрашњих Дела, достављено: Пред. Министар. Савета, Министар. Ин. Дела, Министар. Ун. Дела, примљено 15. В. 1920.

2 Истото.

3 Тодор Симовски, Населените места во Егејска Македонија, кн. прва, Скопје, 1978, 287. Станува збор за селото Шлопинци, кое се наоѓа на четири километри јужно од Гевгелија и од западниот брег на рекага Вардар. Истото село настрадало во Балканските војни, при што дел од населението побегнало во Гевгелија и Бугарија, а с# до 1924 год., претставувало чиста македонска населба.

4 Исто, 340–341, Селото се наоѓа во близината на Гевгелија, покрај грчко-југословенската граница на левиот брег од реката Вардар. Во времето на Балканските војни многу настрадало, поголем број од неговите жители побегнале во Гевгелија, а делумно од нив во Бугарија. Во 1920 год., селото броело 313 жители, а дел од нив се иселиле во гевгелиските села "како гркомани".

5 Истото, 281, Ова село, уште од старо време било, населено со чисто влашко население, кое со текот на времето во етнички поглед не претрпело промени.
 
некој да го преведе грчкиот натпис на англиски јазик?
 
Back
На врв Bottom