Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа арапите биле нешто заинтересирани за водата...да не ја качат како бензинот
 
Абе нека се качуваат цените не е проблем, но со цениве да се качуваат и платите да има еден баланс а не вака цените растат плативе се исти :cautious:
 
25.10.2011

БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВААТ ЗА ЕДЕН ДЕНАР ПО ЛИТАР

pumpa_makpetrolNL.jpg

Од вечерва по полноЌ поскапуваат нафтените деривати за еден денар по литар. Цената на бензинот Еуросупер БС 95 ќе изнесува 78 денари за литар, а Еуросуперот БС 98 Ќе чини 79,50 денари. Биодизелот Б8 БС ќе се продава за 69,50 денари, а обичниот дизел за 68,50 денари за литар. За еден денар ќе поскапи и нафтата за домаќинствата и нејзината цена ќе изнесува 57,50 денари за литар. И цената на мазутот се зголемува на 42,358 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14. дневен период изнесуваше 111,28 долари за барел и е за 5,05 осто повисока од просечната цена на сурова нафта (105,926 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена изнесуваше 44,6676 денари и е за 2,26 отсто понизок од курсот на доларот (45,6991 ден/$) по кој беа формирани цените.

ајде најздравје на народот
 
Добро што е проблемов со парново?
НАмалување на корисниците удира по наш грб, значи стварно се претерува со ценава. Каде мислат дека е горна граница? Цела година плаќам за да имам 4/5 месеци од кои месец октомври и ноември е млако парното не е ни жешко.
Како оди процедурата за исклучување?
 
Ја ви се чудам зашто не го искључите тоа чудо..неможам да сватам цела година да плаќам а да се греам пола.. плус курвински игра топлификација, ако си исклучен пак да плаќаш демек поминувале цевките низ твојот стан.. луд јебе збуњеног ти е работава
 
Не плаќаш ништо ако се исклучиш. Јас сум исклучен бајаги време и не плаќам ни денар. Плус, тоа што викаат дека се плаќале повисоки сметки бидејќи некој се исклучил е најголемата глупост што ја имам слушнато. Сметките се поголеми бидејќи директорите треба да плаќаат поскапи проститутки и кокаин. Таков разврат и декаденција не сум видел од времето кога Борџиа беше папа.
--- надополнето: Nov 1, 2011 10:53 AM ---
Како оди процедурата за исклучување?
Одиш во топлификација , и кажуваш дека сакаш да се изгасиш. треба да ја имаш платено поледната сметка, и да платиш по 300 или 400 денари од вентил во станот, за да дојдат мајстори и да ги исклучат. Не сум сигурен дали ова може да се прави во грејна сезона, јас го направив во август.
--- надополнето: Nov 1, 2011 10:57 AM ---
- Водата во Охрид не е покачена 5-6 години. Тогаш бензинот беше 30 денари сега е 80 денари.
Плус Гадафи сега умре, а и Косово стана држава... Чекај да најдам некој друг изговор за да ги наполниме џебовите на водовод.. А да, и велија во ќелија направи мост, и тоа кошташе ресурси кои ја зголемуваат цената на водата.
 
Охохо
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=82303
Се бара струјата да поскапи за 12 % ?

Струјата од јануари да поскапе за 12 %, барале енергетските компании. Оваа информација ја сподели Џон Герисон од канцеларијата на УСАИД за енергетска ефикасност.​

getImageThumbnail.axd

Во ЕЛЕМ и ЕВН велат дека до Регулаторната комисија за енергетика не доставиле барање за поскапа струја, туку само пресметки за утврдување на трошоците и максимален приход на компаниите што е законска обврска. Во Регулаторната комисија за енергетика тврдат дека се единствено надлежни да ја корегираат цената на струјата и засега не располагаат со информација за евентуално поскапување. Според академиците итни се инвестиции во енергетскиот сектор да се спречи зголемувањето на цената на електричната енергија.

- Штотуку добивме информации дека е поднесен предлог, односно барање за зголемување на цената на електричната енергија од јануари за 12 %, нормално одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика, тоа всушност ќе ја нагласи потребата од конзервирање на енергијата и намалување на нејзината потрошувачка, вели Џон Герисон од канцеларијата на УСАИД за енергетска ефикасност.

- Мора да се отпочне со инвестиции во енергетскиот сектор, секое доцнење од година или две ќе значи зголемен увоз а со тоа и повисока цена на струјата. Ние не можеме да не инвестираме, а да очекуваме дека цената на енергијата ќе опаѓа. Ние мора да инвестираме за да цената опаѓа, за да компаниите можат да инвестираат треба да имаат реална цена на енергијата, дали таа ќе биде повисока или пониска треба да утврди Регулаторната комисија за енергетика, вели академик Глигор Каневче.

Маја Дамјановска​
02.11.2011, 13:20

Ne plakaj i sami ke dojdat ke ti go isklucat ete ja procedurata.
ma sto sme nie bitni bre vazno nasata nekropola da ostane vecna pa makar site da ispoumreme.
 
Ја ви се чудам зашто не го искључите тоа чудо..неможам да сватам цела година да плаќам а да се греам пола.. плус курвински игра топлификација, ако си исклучен пак да плаќаш демек поминувале цевките низ твојот стан.. луд јебе збуњеног ти е работава
Они мене да ми плаќаат кога ќе ги исклучам,цевкарина затоа што нивните цевки минуваат низ мојот стан и ми фаќаат простор, ако не нека ми го заобиколат станот. :) Или им ги сечам. :)
 
Kolku poloso tolku podobro ama u smisla ako se pomalku tie sto nejkat da se solidariziraat so nas, em hristijanska zemja sme bile em pravoslavci em da mu crkne kozata em sitenje braka ni oit toa taka, solidarnost i pobuna!!!!!!!
 
Добро што е проблемов со парново?
НАмалување на корисниците удира по наш грб, значи стварно се претерува со ценава. Каде мислат дека е горна граница? Цела година плаќам за да имам 4/5 месеци од кои месец октомври и ноември е млако парното не е ни жешко.
Како оди процедурата за исклучување?

Мислам дека не ти оди ни во прилог да го исклучиш од причина што ќе мора да плаќаш одреден процент за цевките кој ти поминуваат низ стан према комшиите ,генијалците од Топлификација мислат дека од цевки можеш да се згрееш па и тука си нашле финта да си го одржат монополот.
 
Дечкото погоре кажа дека не се плаќало ништо. Арно ама во сред сезона неможело да се исклучи, ќе си плаќаме високи сметки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom