Не ги разбирам тие што велат "добро е што немаш брада, не треба да се бричиш секој ден ко мене". Доколку некој сака да има брада, дали како прво би се бричел? Да ја скратува, секако, но бричење не, бидејќи се губи смислата на прашањето.
Инаку брадата кај мажите расте под дејство на андрогените хормони (тестостерон, дихидротестостерон). Густината на брадата, дебелината и должината на влакното, како и брзината на растење, зависат од тоа колку сензитивни на тие андрогени хормони се фоликулите на лицето. Освен со здрава и балансирана исхрана, активен живот, доволно сон секоја вечер (околу 7.5 до 9 часа) и грижа за лицето (отстранување на мртви клетки и останати срања), не постои друг начин за погуста и побрзо растечка брада. Едноставно тоа зависи од гените.
Не знам колку е точно ова, но гените за брада и ќелавост ги наследуваш од страната на мајка ти, односно твојот дедо и вујко би биле најдобар пример за што можеш да очекуваш од влакната на главата кога ќе остареш (ова го имам приметено и кај мене, имам многу слав развој на брадата, скоро исто како дедо ми од на мајка ми страната, ама барем можам да очекувам да не оќелавам како постар). Секако дека секој човек е посебен со свои индивидуални гени, но мислам дека има некаква вистина во ова тврдење.