"Brace for impact", вонредни ситуации

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
“Brace, brace, head down, stay down’’

Стандарнда процедура во вонредни ситуации кога стјурдесите и стјуартите ги повикуваат патниците да се спремат: главата доле, остани во таа позиција! Мораат да викаат така се додека авионот не престане да се движи.

Brace position е кога си стуткан како еже со главата меѓу раце, а си врзан. На многумина им изгледа глупаво и непотребно, но тоа прави да си прилепен со седиштата и другите авионски структури. Ако има забрзување при удар се минимизираат силите заради кои можеш да се повредиш или погинеш (ова е факт).

Повеќето патници едноставно не разбираат, би сакале да се ѕверат наоколу, да гледаат надвор, некои би станале.

Плус викањето има психолошки ефект, само што на видеово стјуардесата звучи ама ептен лошо, дури контра-продуктивно.

После тоа, 90 секунди за излез...


 
Член од
25 септември 2008
Мислења
39
Поени од реакции
4
Дали кога има вакви вонредни ситуации патниците се убедени дека се е во ред до последната секунда, односно додека стујардесата не ја соопшти ситуацијата и процедурата за принудно слетување?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Стјуардесите (и стјуартите) се дерат додека авионот комплетно не престане да се движи.

А дали се убедени патниците, кој знае, сите веруваат дека ќе биде добро, само што им пука адреналин во вените па се многу свесни за се наоколу.

Ако авионот слета и нешто не е во ред, стјуардесите друго викаат, посебно ако има пожар. Тогаш мора многу, многу брзо да го напуштиш авионот, а знаејќи дека ќе има паника, буткање, стари луѓе, деца, стјуардесите се клучни во целата ситуација.

 
Член од
25 септември 2008
Мислења
39
Поени од реакции
4
Мислев на тоа - цело време да се прават удрени и 10 мин пред да слетаат да им кажуваат на лугето :).... Или пак, од кога ќе им стане јасно на членовите на екипажот дека мора да има принудно слетување, веднаш се известуваат патниците? :)
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
102
Поени од реакции
4
Мислев на тоа - цело време да се прават удрени и 10 мин пред да слетаат да им кажуваат на лугето :).... Или пак, од кога ќе им стане јасно на членовите на екипажот дека мора да има принудно слетување, веднаш се известуваат патниците? :)
не е во ред ако не се известат патниците на време... да ќе има паника, не велам не.... сепак подобро е да си известен навреме одколку да те лажи некој.. крај краева ќе сетат дека нешто се случува.. не можи никој да не го зебележи тоа.. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom