- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.930
- Поени од реакции
- 39.795
Не знам зошто никој јавно не коментира, ниту некој пишува на ова зачестена појава низ државните клиники и болници, па ниту во Законот за здравствена заштита не најдов таков член да може државните здравствени институции да имаат болнички соби само за еден пациент т.н приватен ВИП апартман.
... недостигот на болнички соби во државниот сектор е секаде присутен за да би си дозволиле таков луксуз - соба само за еден пациент кој дневно дебело го плаќа престојот, а резултат на тоа другите пациенти кои се обични смртници да се сместуваат по четири, пет, шест во една болничка соба во истата болница?
... мене не ми е јасно како може во ограничен простор во државни болници каде нема доволно болнички соби и кревети, да се направат такви по три, четири, пет соби апартмани само за еден пациент, па и на кој начин им наплаќаат еднодневен престој кој различно се движи од 50 Е - 200 Е на ден давајќи им фискална сметка врз база на каков престој - приватен ли, постојат ли? во државни болнички соби?
... според статистиката на годишно ниво чии податоци од сите клиники и болници се собираат во Центар за јавно здравје, каде се изнесуваат статистички податоци (број на доктори, број на специјалисти, медицински сестри, сооднос на доктор сестра и болнички кревет, број на услуги, вкупно болнички соби, никаде не прочитав „апартмани“во тие податоци?
... кој тоа го снабдува ВИП апартманот со плазма, кабелска, интернет, кожни фотељи за гости кај болниот, украсни тапети, скапи завеси, специјален скап болнички кревет, фрижидер и шанк, туш кабина, тоалет, огледало со комплет лабаво, пижами по желба во плакар, клима, ѕвездено небо кое флуросценоцитно свети во темница и што уште не во таа болничка соба како апартман само за еден пациент кога никаде не приметив во Јавни набавки тендер на такви потреби за приватен ВИП апартман во државна болница?
- дали тоа ќе значи дека ќе дојде ден да нема болничка соба за осигуреници, освен вакви приватни ВИП апартмани на пациент со приватен престој во државно здравство - државни болници ама со здравствена услуга со партиципација како обични осигуреници, ама престој приватен „сам во болничка соба“, посети 24/7 кога сакаат и присутни гости колку сакаат, додека за другите нормални болнички соби забранет влез, ваму во апартмани истите медицински сестри љубезни заедно со докторите на располагање 24/7, а во другите обични болнички соби поинаку, истите медицински сестри понервозни, поарогантни доктори, како бе така две во едно или си приватна болница или државна, што е тоа ВИП апартмани во државна болница истовременосо ист кадар?
... какво е вашето искуство околу ВИП апартмани во државни болници (здравство) или какво е вашето мислење околу тоа?