Болести од вселената?

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување
Баш за болдираното. Не е точно.
1. Има доказ дека не е така. На неколку комети, метеори кои патувале од различни страни на Универзумов (кој и онака не можеме да си го замислиме) се пронајдени бактерии на делови кои и покрај ладните слоеви од над -100 степени на површината на кометата и над 100 степени при согорувањето во атмосверата успеале да опстанат и се пронајдени живи микроорганизми при "слетувањето" на земјата.
2. Сеуште ништо не е потврдено односно не се знае со сигурност која е границата до која можат да опстанат тоа што си го навел нема никаков доказ.
3. И на земјава во најсурови услови имаш примери од присуство на микроогранизми доволно е да се прочепка на нет не мора некое големо научно знаење.
4. Живот надвор од нашава планета постои да и тоа во најсуровите места од метанските океани на Европа до најголемиот број на комети кои кружат.

Како бе не е точно, во микробиологија работат по тој принцип и сеа ти се најде да негираш една цела наука. Ако е за така барај ревизија на постоечката наука или ќе ти дадат нобелова награда или ќе ти се изнасмеат. Тоа шо некој нашол нешто видел се не докрај проверени и сомнителни ствари, ова што ја ти го пишувам е начинот по кој работи медицината, ама ај може и дедо мраз постои.

1 На комети се пронајдени бактерии??? Ај кај го пише тоа? Бактерии нема друже (те нема откриено) има откриено вкаменети сомнителни форми на микоорганизми на метеорит (шо ќе рече умрени микроорганизми).
2 Има доказ и сознанија, а тие се користат при стерилизација на инструменти, доколку не беше така секоја операција ќе завршуваше со инфекција (не ти зборам на памет)
3 Има присуство ама нема на температурата којашто ја спомнав.
4. Дај доказ дека живот постои во тие океани. Нема! Затоа коа ти пишам нешто шо е научно докажано не можеш да одговараш со нешто шо си го прочитал во SF приказна или за нешто што ти лично сакаш да е така.
 
Back
На врв Bottom