Богат сиромав или сиромашен богаташ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Vlad II Draculea напиша:
во филоЗСофија

дека звисат работите една од друга, то е факат...
МЕ тераш да се цитирам.. Зависат работите една од друга...
Пари, никој не вели не......... темата е АКО ОД ОВЕ ДВЕ ТОГАШ КОЕ...филоСЗофија е подфорумов...

иначе и јас сум навикнат на пари... и заради тие пари, љубовта и не најмногу ми цути(х причини)...
како шо реков, и двете брате гоце.. јас сум среќен сакам да сум со пари, ако сум богат, сакам да сум среќен...

али друго среќата, не секогаш произлегува од парите,
и обратно
сиромаштијата, не секогаш води до среќа, баш напротив една беда плус...

Проблемот е... ако ти е дадено на изборот, пари-несреќа, беспарешност-среќа..... ШО БИ ОДБРАЛ.. И ЗОШТО...

Никој не те праша дали сакаш пари или не....

п.с. марфиев закон..
Во буре киселина една чаша вино... киселина
во буре вино една чаша киселина....пак киселина
 
Имаше една изрека... не сум материјалист, ама ако сум несреќен повеќе би сакал да плачам во палата отколку во колиба хехе
 
divine напиша:
Кинеска мудрост за парите ...

Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност;
... да купиш кревет, но не и сон;
... да купиш часовник, но не и време;
... да купиш книга, но не и знаење;
... да купиш функција, но не и почит;
... да купиш доктор, но не и здравје;
... да купиш душа, но не и живот;
... да купиш секс, но не и љубов.

Е за тоа зборев јас во некоја од темиве за парите и....да не се цитирам нема потреба мислам...по оваа изрека се водам од секогаш...:kafe:
 
A без пари да ве прашам здравје како?Парите се многу потребни особено за здравјето денес така да -тоа доктор да купиш здраје не-не ми иде.Коа имаш пари барем ќе си купиш апчиња , ќе платиш операција а ако ги немаш ќе отидеш кај што нетреба многу побрзо...
Куќа и удобност ќе купам со пари-ако немаш пари за убав кревет и спиеш на слама а друг на кралски кревет-што мислите на кој му е поудобно?
Душа неможеш да купиш и да сакаш-така да ни ова не држи вода.
Времето неможеш да го промениш т.е да влијаеш врз него-па имал или немал пари-сеедно е.така да ни ова не иде у прилог на богат а несреќен и сиромашен а среќен.
Книга ќе купиш со пари и ќе учиш школо-факултет кое пак ќе мора да го платиш-ако немаш пари нема ни да се школуваш нема ни да се здобиваш со знаење.
Единственото нешто со пари што не се купува е љубовта.Што незначи дека ако имаш пари по дефолт немаш љубов-чисто срање логикава. КОга некој те сака ,те сака и со пари и без пари така да парите играат мала улога.Тоа единствено од погоре набројаните мудрости за парите држи вода.Сиромаштијата не гарантира среќа(ја би рекла баш обратно) а богатството не гарантира несреќа и обратно. И не би можеќа да изберам од двете понудени опции бидејќи и во двете опции има по нешто што сега го имам и знам дека е возможно да го имаш ако знаеш да го достигнеш и ако доволно го сакаш.Парите се само еден плус во животот кој што во секое време е добро да го имаш. Парите како пари можат да те расипат само ако ти во душата си расипан и лабилен-инаку во секоја друга смисла се позитивна работа.
 
Има луѓе кои се створени за пари и моќ, има луѓе кои многу пари ги корумпираат.
Среќата е независна од парите и не иде по нарачка.
Исто и здравјето. Парите само ти го прават животот покомотен во била која ситуација. И во воља и во невоља. Затоа се кул.
Али ако ти го упропастат животот и ако цел ти помине во рбајтен за пари, наместо во ценето време со саканите и љубените, си се заебал.

Треба да се најдеш кој си и што те прави среќен. И да пронајдеш некој баланс во животот. Никој нема иста карма. Финтата е да го најдеш балансот кај својата. Така среќата ќе те најде тебе, а не ти неа. Независно од парите.
Така да прашањето е малце непромислено. Има секакви луѓе и секакви примеси на богати/сиромашни, среќни/тажни.
Па и среќен неможеш да си цело време. Среќата доаѓа во мали пакети, а тие моменти се чуваат во срцето и ти помагаат низ несреќни времиња.
 
Подобро Прв Во Втора Лига отколку Последен Во Прва лига
 
BOGAT NAJBOGAT pa preku takvoto ako nemozam da najdam ljubof
 
Dani^^^ напиша:
A без пари да ве прашам здравје како?Парите се многу потребни особено за здравјето денес така да -тоа доктор да купиш здраје не-не ми иде.Коа имаш пари барем ќе си купиш апчиња , ќе платиш операција а ако ги немаш ќе отидеш кај што нетреба многу побрзо...
Куќа и удобност ќе купам со пари-ако немаш пари за убав кревет и спиеш на слама а друг на кралски кревет-што мислите на кој му е поудобно?
Душа неможеш да купиш и да сакаш-така да ни ова не држи вода.
Времето неможеш да го промениш т.е да влијаеш врз него-па имал или немал пари-сеедно е.така да ни ова не иде у прилог на богат а несреќен и сиромашен а среќен.
Книга ќе купиш со пари и ќе учиш школо-факултет кое пак ќе мора да го платиш-ако немаш пари нема ни да се школуваш нема ни да се здобиваш со знаење.
Единственото нешто со пари што не се купува е љубовта.Што незначи дека ако имаш пари по дефолт немаш љубов-чисто срање логикава. КОга некој те сака ,те сака и со пари и без пари така да парите играат мала улога.Тоа единствено од погоре набројаните мудрости за парите држи вода.Сиромаштијата не гарантира среќа(ја би рекла баш обратно) а богатството не гарантира несреќа и обратно. И не би можеќа да изберам од двете понудени опции бидејќи и во двете опции има по нешто што сега го имам и знам дека е возможно да го имаш ако знаеш да го достигнеш и ако доволно го сакаш.Парите се само еден плус во животот кој што во секое време е добро да го имаш. Парите како пари можат да те расипат само ако ти во душата си расипан и лабилен-инаку во секоја друга смисла се позитивна работа.

Како си ја расклопила поговорката :) Ова секој на свој начин може да си го толкува но...еве вака јас тоа така го размислувам...
Да купиш кука - но не и удобост...се мисли дек џабе ти е кука со све и свашта кога ако го немаш спокојот во неа како да немаш ништо
Да купиш кревет,но не и сон...се мисли џабе добар удобен кревет па нека е и позлатен ако немаш со кого да го споделиш или ако имаш доста проблеми кои ги носат парите, ке немаш сон дефинитивно.
Да купиш часовник, но не и време...се мисли на тоа дека колку и ролекси да наредиш на раце ако секогаш кога ке погледеш на него и отишол денот, а минута не си поминал со најблиските џаба ти све
Да купиш книга, но не и знаење...тој што има пари може да купи било каква книга, но книгата сама не се чита...ако фајка прашина или сл. џаба на книгите, пак остануваш без тоа богатство што го пишува внатре, а некој друг ке оди во библиотека ке земе и ке прочита и средена работа.
Да купиш функција, но не и почит....самото си кажува се...
Да купиш доктор, но не и здравје...е овде не се мисли да имаш пари и да купиш апчиња или да платиш операција...тука се мисли на екстремен случај...ако ти дошло времето џаба колку и доктори да платиш и колку операции да ти направат, колку и апчиња да се наголташ, ако си за одење на тоа место џаба ти пари.
Да купиш душа, но не и живот...тука може да размислуваш како сакаш...тоа е за кинезите само...тие имаат души :) а таму имаат и смртни казни, па на тоа се мисли најочигледно да избави душа ама не и живот. Стара е поговорката...што да се прави.
Да купиш секс, но не и љубов...тука е јасно се...

:) Ете мое толкување на нештата.
 
Дани, отвори очите те молам, кога се поговорки во прашање особено подлабоко размисли бидејќи тие секогаш кријат повеќе значења.

Инаку, јас се водам од онаа:
Можам ли истовремено на две места, во две куќи, во две коли, не можам дури ни во една ако не ми е убаво сам со себе си.
 
Garfield напиша:

Неможам зеленко па мора да напишам дека навистина е така! И не само сам со себе си и со другите бтњ :)
 
:oftopic: Е ова веќе не е фер. Еден куп сакаат да ми дадат зеленко, ама не можат. Администраторииииииии!! Педераааанааа!!
Туку, што зборам бе, па и јас сум еден од нив. Ах, маматааа!!

Туку, на темата, некако не ми е јасно зошто никој не тргне од нашите мудри македонски мисли, еве една моја:
И сета вода на светов да ја испиеш, ако голтката не те наситува, жеден ќе останеш. И сета храна на светов да ја изедеш, ако немаш со кого да ја споделиш вечно глад ќе чувствуваш.
Сетете се: колку вода му е потребно на жедниот в пустина?
Колку храна на гладниот?
Капка вода живот му дава на првиот, поскапа од сето земно богатство.
Корка, залак леб на гладниот!

И ај сега некој нека ми даде зеленко, се исфрустрираФФ! :star: :star: :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz :pishtoldz
 
Браво Гарфилд премногу убаво напишано!

За мене би рекла:
Ако има „златна средина”јас би ја избрала таа!Би сакала љубов,среќа,здравје и некое денарче за да си живуркам онака скромно ама среќно!
Ако добијам нешто повеќе нама да одбијам,но не е приоритет за да бидам среќна!
Скромноста е доблест,алчноста е дрскост!
 
Од двете понудени секако дека ке одберам среќата а не парите, би сакала да можев на Алита да и дадам зеленко за убавиот пост погоре но не сум во можност, многу добро кажано, а исто и Гарфилд многу добро кажано, по едно зеленко од мене .. коа ке можам де
 
Како да сме добиле Девилиш. Среќни сме, а со тоа и побогати во душата знаејќи дека има барем уште некој како нас, кој бира духовна убавина и мир над земските наслади кои честопати носат несреќа и внатрешен неспокој. Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom