BlogOpen 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
738dcb.png

Блогерите сигурно веќе знаат за овој настан кој редовно се одржува неколку години по ред. BlogOpen оваа година е закажан за 8 и 9 Октомври во Нови Сад, Србија. А програмата е збогатена со StartUpOpen и OpenExpo.

· Што е StartUpOpen?
И самото име кажува, StartUpOpen (SUO) ќе го опфати процесот на пријавување и избирање на startup проекти. На одбраните проекти им се обезбедува ментор со советници, заштита на авторските права и патент и едукација за презентација пред потенцијалните инвеститори.
Најдобрите идеји ќе имаат презентација пред жирито, инвеститори, бизниси и сите заинтересирани поединци.

· Што е OpenExpo?
Дел од StartUpOpen во кој учесниците на SUO и организациите кои го имат поддржано BlogOpen ќе имаат прилика да се претстават пред учесниците на конференцијата и да учествуваат во отворената размена на IT идеи.

Листата на предавачи можете да ја видите овде, а официјалните блог претставници на сите Екс-Ју републики можете да ја видите овде. Од Македонија е Дарко Булдиоски, основач на Комуникации.нет.

· Како да се пријавам на BlogOpen?
Присуството на овој настан не е бесплатно и котизацијата е поделена на 3 кругови, од кои веќе едниот истече на 25. Август.

  • Early Bird (10.08 - 25.08) - 70 места - 1,300 динара;
  • Catch the Worm (26.08 - 09.09) - 70 места - 3,900 динарa (39 €);
  • Full House (10.09 - ) - 95 места - 5,900 динара (58 €);
Котизацијата опфаќа:
  • Присуство на 8те презентации на keynote предавачите;
  • Присуство на финалето на StartUpOpen;
  • Пратење на 16 предавања во PechaKucha формат;
  • Прогласување на најдобрите блогови од минатата година;
  • Два свечени коктели со одмор за јадење и можност да комуицирате со останатите блогери;
  • Котизациски пакет;

повеќе »

Има интересни предавања, дружба со супер блогери од целиот балкан, забава и сигурно ќе научете нешто ново. Секој што може да си приушти му препорачувам да присуствува на настанот.
 
Back
На врв Bottom