Блиц вести

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување


Макфакс
prazno.gif
prazno.gif
17.07.2006 Кметот на Благоевград Лазар Причкапов денеска официјално потврди дека поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана добиле бугарско државјанство.
Како што јави агенцијата Фокус, брачната двојка Георгиевски за постојана адреса на живеење имаат пријавено на улица „Христо Татарчев” во центарот на Благоевград.
„Со указ број 14 од 23 февруари 2006 ,на потпретседателот на Република Бугарија, Ангел Марин, двајцата се примени за бугарски граѓани. Врз база на указот се издадени и уверенија со дата 1 март 2006 година, изјави денеска на прес конференција Причкапов.
„Со тие уверение двајцата лично дошле во општина Благоевград на 24 март, каде што е направена задолжителна процедура предвидена за лица, кои пријавуваат нова адреса”, рече градоначалникот на Благоевград.
Тој нагласи дека сопружниците Георгиевски регуларно ја поминале процедурата, која важи за сите бугарски граѓани, а документите ги примила Радка Овнарска, лице задолжено за таа работа во општина Благоевград.
 
Љубчо во влада, ама во бугарска!?

Љубчо Георгиевски ќе го поканиме да биде член на бугарската влада ако влеземе во власта, изјавил за софиската агенција „Фокус“ лидерот на бугарската националистичка партија Атака, Волен Сидеров.

- Многу го ценам, како политичар со карактер. Тој беше оној премиер што го протера Џејмс Пердју, тогашниот специјален пратеник на САД, затоа што се мешал во внатрешните работи на државата. Нам такви политичари ни требаат и би го поканил во еден иден кабинет - изјавил лидерот на Атака.

Според Сидеров, Бугарија треба да има построга политика кон Македонија, што значи дека не би требало да се признаат македонскиот јазик, етнос и нација.

Бугари можат да бидат поранешни, сегашни и идни премиери на Македонија. Македонија е географски поим, држава, во која живеат мнозинство Бугари и Албанци - рекол Бојко Ватев, пратеник на коалицијата Бугарски народен сојуз.

Изјавите доаѓаат како реакција на информацијата дека поранешниот македонски премиер и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата десничарска партија во Македонија, добил бугарско државјанство. Според информациите, потврдени од високи службеници во бугарските власти, кон крајот на мај, Георгиевски добил бугарски пасош и лична карта.

Агенцијата Фокус објавува дека документите на неформалниот лидер на ВМРО-НП му биле врачени во хотелот „Кристо“, во стариот дел на Благоевград.

- Во моментов на луѓето од Македонија ние им даваме бугарско државјанство како и на други што аплицираат. Но, случајот со Македонија, Беломорието и Западните покраини е специфичен. Тие веќе биле бугарски граѓани од 1941 до 1944 година. Граѓанството им е одземено со сила. Во случајов треба да стане збор за враќање на граѓанството, така како што за три дена му го вративме на Симеон Сакскобурготски и на сите останати бугарски политички емигранти - вели професор Божидар Димитров, бугарски историчар и директор на Националниот историски музеј на Бугарија.

Агенцијата Фокус на својот сајт објавува имиња и куси биографии на неколку македонски политичари од минатото што се изјасниле како Бугари. Се споменуваат имињата на Крсте Црвенковски, Михајло Апостолски, Лазар Колишевски, Димитар Влахов, Методија Андонов-Ченто, Лазар Мојсов.

- Сите што живеевме во царството Бугарија имавме бугарско државјанство. Исто беше и кога бевме под српска власт. Не можевме да избираме - објаснува еден македонски историчар и додава дека македонски политичар да има странско државјанство зашто кога-тогаш ќе дојде до судир на интереси, странската држава ќе побара нешто од него.

„Фокус“, повикувајќи се на неименуван извор од Скопје, пишува дека и други лидери на политички партии, заменици-претседатели, министри, како и шефови на полициски служби, добивале бугарски пасош. Имало случаи и кога барањето бугарски пасош било одбиено, а како пример за ова се споменува името на Борис Змејковски.

- Никогаш не сум побарал бугарски пасош. Во Бугарија имам фирма, но освен документи за престој, немам побарано други лични документи. Сето тоа се шпекулации. Доколку сакам, јас можам многу лесно да добијам бугарско државјанство. Кога би барал, не би ме одбиле - вели Змејковски.

Тој вели дека не знае за други македонски политичари, пратеници или градоначалници што имаат бугарски пасош.

- Дури и да имаат, јас не гледам дека тука има проблем. Сетете се дека и Љубе Бошковски имаше и странско државјанство. Работата на политичарот не зависи од неговиот пасош - вели тој.

Змејковски вели дека нема информации за тоа дали Љупчо Георгиевски, некогашниот негов сопартиец, има бугарски пасош. Вели дека не може да дискутира за нешто што лично не го видел.

- Дваесет илјади граѓани на Република Македонија имаат бугарско државјанство, а уште толку поднеле молба и чекаат. Георгиевски не е единствен македонски политичар што има бугарско граѓанство. Во минатиот парламент имаше седум-осум пратеници, вклучително и социјалисти, кои имаа бугарско граѓанство. Уште 10 до 15 градоначалници на населени места во Македонија се со бугарско државјанство - изјавил за „Фокус“ Красимир Каракачанов, лидерот на ВМРО-СМД (Сојуз на македонските дружества).

Социјалдемократите неодамна ја обвинија Силвана Бонева, пратеничка и висок кадар во ВМРО-ДПМНЕ, дека има бугарски пасош, но таа го негираше тоа.

Семејството Георгиевски – граѓани на Благоевград
 
ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ НА СДММ ПОДДРЖАНА ОД ЕВРОПСКИОТ МЛАДИНСК

Декларацијата за олеснување и укинување на визниот режим на Социјалдемократската младина на Македонија - СДММ доби поддршка од Европскиот младински форум, соопшти денеска генералниот секретар на СДММ СДСМ Тања Томиќ. “Како Европски младински форум ја имаме потпишано Декларацијата за слободно движење на младите во Европа, со што ја поддржуваме Декларцијата на СДММ за укинување на визниот режим“, изјави претставникот на таа реномирана европска младинска асоцијација Роналдес Вајсбродес.

Тој посочи дека како Литванец добро се сеќава на визниот режим и чекањето во долги редици за виза за некои од европските земји, пред неговата земја да стане полноправна членка на ЕУ. “Затоа сакаме ЕУ да биде отворена за сите без ѕидови и без визи. Македонија не треба да биде дискриминирана, а визите треба да се укинат за младите од Македонија да можат да одат во Европа. Ја потпишав декларацијата на СДММ не само во мое име, туку во име на сто милиони млади европјани од цела Европа“, подвлече Вајсбродес.

Декларација со која се бараат конкретни мерки за олеснување и укинување на визниот режим СДММ информира дека досега ја потпишале вкупно 23.813 млади луѓе во државата.
 
НАШИНЕЦ ПЛОВИ СО БРОДОВИ НА СВЕТСКА КОМПАНИЈА

Кавадарскиот морнар крстосува низ светот
Кавадарчанецот Анѓел Ѓорѓиев накратко го напушти бродот „Соѕвездие“ со капацитет за 2.000 гости и екипаж од 1.000 луѓе и до следното патување се „усидри“ кај сопругата и двата сина
E141CCFFD2FAAC48A9E9745F89466590.jpg

Желбата што ја имал од детство, да плови по мориња и океани, му се исполнила пред шест години. Од тогаш 32-годишниот Анѓел Ѓорѓиев работи на бродови што крстосуваат низ светот и добро заработува за двете деца и сопругата, кои живеат во Кавадарци и кои ги гледа еднаш годишно. Младиот кавадарчанец почнал како помошник во кујна, а денес е прогласен за најдобар бродски келнер во компанијата „Селебритис крузис“.

Ѓорѓиев вели дека заработува добро и планира еден ден да отвори свој бизнис во некоја од земјите низ кои пропатувал. Според негови процени, видел околу 80 проценти од светот, а не бил уште во Австралија и Јапонија.

Пред осум години во весник прочитал оглас за работа со кој се барале бродски келнери. Веќе имал искуство како келнер во кавадарските ресторани. Бидејќи требало одлично да го владее англискиот јазик, почнал да зема приватни часови и го усовршил своето знаење. Се присетува дека кога одел на часови по англиски, со повеќе книги во рацете, пријателите мислеле дека на шега вели оти ќе работи на брод. Дури ни неговата девојка, сегашната сопруга Спаска, не го сфаќала сериозно.

- Ќе видиш Анѓеле, в година јас пак ќе пијам тука во Кавадарци, а ти пак ќе ме служиш - го задевал еден негов пријател.

Ѓорѓиев тогаш самоуверено му одговорил дека светот се врти.

- Или јас ќе те служам или ти мене куќа ќе ми градиш - му одговорил.

2E125034FA086C4FBEECC0FA37D8CDD4.jpg

Леси се врати дома

Се пријавил во една скопска агенција и бил на две интервјуа во Загреб. Но, во меѓувреме се оженил, па за момент ја потиснал желбата за морепловство.

„Леси се врати дома“ биле зборовите со кои го дочекале во скопската агенција, кога по две години од бракот и раѓањето на првиот син Пане, притиснат од тешката економска состојба, Анѓел решил да замине. Му требале околу шест месеци за да се аклиматизира на животот на брод и да научи како да се заштити од морска болест.

Пред да дојде на годишен одмор во Македонија деновиве, нашиот соговорник вели дека работел на „Соѕвездие“, најдобриот брод на светот. Бродот, кој имал 14 ката и 17 лифта бил тежок 91 илјада тони со капацитет за 2.000 гости и екипаж од 1.000 луѓе. Како еден мал град, со продавници, казина, игралишта, базени... Во компанијата за која работи имало околу 20 илјади вработени. Од тоа, стотина биле Македонци, меѓу кои и повеќе жени.

- Спијам под вода. Поголем дел од времето сум во вода, отколку на копно. Понекогаш и по неколку недели не излегуваме од бродот. За цело време како да сум во лулка. Ние од екипажот одиме на копно тогаш кога туристите се шетаат - раскажува Ѓорѓиев.

Во зимскиот период главно крстосувал на Карибите, а на пролет и во лето претежно во Скандинавија, Медитеранот, Јужна Америка, Алјаска и Хаваи.

Импресиониран е од спојот на азиското и европското во Хонгконг, Кина. Сепак, вели, најубав дел од светот е Европа или Балтикот, особено Норвешка и норвешките фјордови. Не знае колку наутички милји поминал. Најголема длабочина на која поминал досега била на Пацификот, од 10 до 11 илјади метри.

Уште сега имало резервации за следната година. Веќе биле резервирани капацитетите на деветте брода, со кои располага компанијата за која работи. Вели дека најмногу крстосувале Американците, а тие биле и најомилени гости оти давале најмногу бакшиш. Околу 90 проценти од гостите биле Американци, а другите, од другите земји во светот. Македонците биле ретки туристи, кавадарчани уште помалку. Двајца или ич за околу 7 месеци. Поевтините крстосувања биле на Карибите, каде што седумдневни аранжмани чинеле околу 300 долари од човек. Најскапо било на Балтикот, каде за 14 дена можело да достигне цена и од 60 илјади долари, зависно од комфорот што се бара.


7F0B5B9CF01049408EDC098737D5FF6F.2jpg

Бакшиш за истурено вино

Најдобриот келнер на брод не крие дека и нему му се случувале незгоди во работата. Се случувало и да се истури послужавникот. Тогаш, како што вели, гостите аплаудирале. Чаша црвено вино, во една пригода, му се истурила врз главата на гостинка.

- Не беше моја вина. Мажот и многу мавташе со рацете додека зборуваше и се случи... Госпоѓата доби бесплатно хемиско чистење, а јас извинување, дури добив и бакшиш - раскажува Ѓорѓиев.

Неодамна двајца кавадарчани, кои работеле во Америка, разбрале дека на бродот има нивен сограѓанин. Тој тогаш продавал вода.

- Слушај, ваа вода не е убава, ми рекоа - раскажува тој.

Им одговорил и Ѓорѓиев на шега дека таа вода ја пијат само тој и Џорџ Буш.

- А бе шо туку а фалиш, има ли поубава вода од лукарката - на тиквешки бил коментарот на нашинците, кои алудирале на водата од системот „Лукар“ во Кавадарци.

Само Господ знае кога ќе престанам да работам на брод, вели нашиот морнар.

- Најтрагично е што не можам да си ги гледам децата како растат. Помалиот син Никола ќе наполни три години, а јас сум со него се' на се, околу шест месеци - вели Ѓорѓиев.

Сепак, да се роди повторно, повторно сака да работи на брод.

Единствениот недостаток во работата според него, било тоа што работниците на брод биле осигурени само здравствено, а не и пензиско. Но, добивале доволно пари за да можат да заштедат за пензионерските денови или за да ги вложат во некој бизнис.

- Во просек, работиме по околу 12 часа дневно. Прекувремената работа се плаќа дополнително. Храната и сместувањето се бесплатни. Компанијата ме плаќа 50 долари месечно, но добивам 15 проценти од прометот плус бакшишот што го одредува гостинот со чекот и плус бакшиш во кеш - објаснува морепловецот од Кавадарци.

Вели дека рецептот за успех е да си ја сакаш работата.

- Најважно е да бидеш тој што си, а не да глумиш - вели човекот кого гостите го викале Френк Синатра оти им личел на славниот пејач. Замислете, вели тој, колку ќе заработев уште и да знаев да пеам како Синатра.

Месечната заработка и до 6.000 долари
Овој брод ни го донесе тато, ист е како тој на кој работи, само е помал, се пофалија седумгодишниот Пане и две и полгодишниот Никола, кога го посетивме семејството Ѓорѓиеви во Кавадарци.

Тие со својата мајка Спаска, која има 26 години, еднаш годишно го дочекуваат морепловецот да си дојде на годишен одмор.

Спаска кажува дека е тешко без главата на куќата.

Неуморниот морнар, пак, објаснува дека компанијата им плаќа во старт по 50 долари месечно, плус 15 проценти од направениот промет. Ако кон ова се додадат и бакшишите што редовно се добивале од гостите, еден добар келнер на брод можел да заработи и до 6.000 долари за еден месец.
 
ВМРО-ДПМНЕ ГЕНЕРИРА НЕСТАБИЛНОСТ

СДСМ е незадоволен од постизборната реторика и политичкиот амбиент и смета дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите нема капацитет да ја совлада македонската стварност. Јани Макрадули, носител на кандидатската листа за пратеници на СДСМ во ИЕ 6, на прес-конференција го повика Антонио Милошоски, неговиот ривал од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, “да не дава тензични изјави за медиумите кои“, како што рече, “се идентични на оние од 2001 година и ја нарушуваат стабилноста на држвата“.

Според Макрадули, во преговорите за составување влада, ВМРО-ДПМНЕ генерира нестабилност. Тој ги осуди и неодмерените изјави на претставниците на ДУИ и изрази загриженост од кампањата на некои медиуми кои ги загрозуваат добрите меѓуетнички односи. “Водењето на државата не е само популистички ветувања и конзервативен пристап кон проблемите, туку тие треба да се менаџираат, а доминантна одговорност за тоа има ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите“, рече Макрадули.

За него е нејасно како ДПА, иако е подносител на приговорите, во ИЕ 1 гласала за себе, а во ИЕ 5 и во ИЕ 6 - за ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што има своја листа. “Доколку демократијата не се купува во самопослуга или се симнува од планина, како што не поучува ВМРО-ДПМНЕ, прашувам од која планина и во која самопослуга ВМРО-ДПМНЕ најде гласови во Изборната единица шест, кога ниту една македонска партија досега има освоено некој глас во одредени избирачки места“, праша тој.

http://www.sdsm.org.mk/
 
Брат еднаш ти е кажано, ама еве уште еднаш поради тоа што си посебен случај.
БЛИЦ ВЕСТИ - е ставено за се кажуваат било какви блиц вести, а не е ППР или БПЛ (бесплатно), за ти тука да пастираш само СДСМ-овски постови.
 
Кривични пријави против осум лица за изборни инциденти

Скопје, 21 јули (МИА) - Во врска со настанати инциденти за време на парламентарните избори, СВР Тетово расчисти два случаи, при што поднесе кривични пријави против осум лица.

Во првиот случај, како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена против лицата Б.К. (45), М.Ш. (28) и М.М. (26), сите од селото Отушиште и Ш.С. (32) од селото Теарце, за сторено кривично дело злоупотреба на избирачко право. Пријавените се осомничени дека на петти јули, за време на парламентарните избори, во 12 часот и 15 минути влегле на избирачкото место 2014 во ОУ Кирил Пејчиновиќ во Теарце, насилно ги одзеле гласачките ливчиња по што заокружиле 121 од нив и ги уфрлиле во гласачката кутија.

Во вториот случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С. (42) од селото Желино, за сторено кривично дело повреда на избирачко право и против Б.З (41), Н.Џ (20) и Р.Ш. (49) сите од истото село, за сторено кривично дело злоупотреба на избирачко право. Пријавените Б.З. Џ.Џ и Р.Ш., на петти јули околу 13 часот, влегле на избирачкото место 2016 во Желино и искористувајќи ја настанатата расправија помеѓу членови на избирачкиот одбор ги одзеле гласачките ливчиња по што С.С. во својство на член на избирачкиот одбор насилно го одзел службениот печат и заокружените 47 гласачки ливчиња на кои им ставил печат и ги уфрлил во гласачката кутија.
 
Израел повторно го бомбардира јужен Либан

Бејрут, 21 јули (МИА) - Израел денеска повторно го бомбардира јужен Либан, откако ги предупреди граѓаните да ги напуштат опасните области.

Израелската армија соопшти дека извршила воздушни напади против 40 цели во Либан, вклучувајќи и институции и засолништа на Хезболах. Пукано е и во осум камиони за кои посотел сомнеж дека превезуваат оружје на Хезболах.

Израелската артилерија бомбардирала места од кои Хезболах ги истрелува ракетите кон израелски територии на либанско-израелската граница. Патиштата кон тие места исто така биле цел на воздушни напади.

Израелски авиони извршиле осум напади во реонот на либанскиот град Тир, 83 километри јужно од Бејрут. При еден од тие напади израелска ракета повредила цивил, кој се движел со автомобил во реонот на пристаништето на Тир.

Израелски авиони делумно го урнаа најголемиот либански мост на магистралата меѓу Бејрут и Дамаск. Мостот долг 1,6 километри веѓе неколку пати е напаѓан. Во долината Бека пукано е во патнички авотобуси, на 15 километри од границата на Либан со Сирија. Три автобуси се запалиле, но нема жртви.

Либанскиот град Наби шиит во долината Бека исто така бил цел на израелските авиони. Бомбардирани се и околните брда каде што се смета дека дејствуваат борците на Хезболах. На околу 15 километри јужно од Бејрут, во реонот на градот Наамех урнат е мост на крајбрежен пат.

Израелски авиони повторно го бомбардираа и јужен Бејрут. Катарската телевизија Ал Џазира јави дека е убиен еден цивил и еден е повреден во нападите на либанскиот главен град. Кусо време пред бомбардирањата израелската армија ги повика Либанците цивили кои живеат јужно од реката Литани да ги напуштат своите домови и да се засолнат на север. Повиците беа упатени преку арапски медиуми и локалните власти.

Ракети на Хезболах уништија набљудувачки пункт на ОН во близина на Зарит во Северен Израел. Се уште нема детали за причинета штета или евентуални жртви.
 
Првиот чекор на ДУИ најверојатно ќе биде регионализација на земјата, бидејќи тоа го дозволувал и Законот за локална самоуправа, но во перспектива не се исклучувале и варијантите за федерализација или за кантонизација

Поранешните команданти на ОНА и највисоките тела на ДУИ се согласиле дека следниот чекор треба да биде регионализација, федерализација или кантонизација на Македонија ако партијата на Али Ахмети остане надвор од власта што за нив значи дека не се почитува рамковниот договор, тврдат за „Дневник“ високи извори од таа партија. Портпаролката на ДУИ Ермира Мехмети вчера тврдеше дека ниту централниот одбор ниту централното претседателство не дискутирале за тоа и беше категорична дека таквите информации се „производ на нечии политички кујни“.

Вчера, и покрај инсистирањето, не успеавме да добиеме изјава од лидерот Али Ахмети за ваквите најави.

Нашиот извор вели дека не се точни информациите што се појавија во некои медиуми дека подготвувале референдум за отцепување на западниот дел на Македонија.

- Нема потреба од нов референдум. Албанците во 1992 година на референдумот за Илирида стопроцентно се изјаснија за територијална и политичка автономија во рамките на Македонија.

- И политичките челници и поранешните команданти на ОНА на состаноците со лидерот Ахмети се согласија дека наредниот чекор треба да биде регионализација, федерализација или кантонизација на Македонија ако не биде почитувана волјата на мнозинството Албанци, кои гласаа за ДУИ - вели извор од партијата.

Тој тврди дека првиот чекор на ДУИ најверојатно ќе биде регионализација на земјата, бидејќи таква опција овозможувал Законот за локална самоуправа. Но, додава дека не се исклучуваат и варијантите за федерализација или за кантонизација. Тој вели дека тоа подразбира и дводомно Собрание, бидејќи во Македонија има две мнозинства Македонци и Албанци.

Официјалниот став на ДУИ е дека треба да продолжат преговорите за идната влада и дека при тоа треба да се почитува Охридскиот договор, односно дека двојното мнозинство е уставна категорија.

- Граѓаните што гласаа за ДУИ одлучија да бидеме власт не само во Собранието, туку и дека ќе бидеме партија што ќе води многу процеси. Се знае дека главниот суверен за тие работи е граѓанинот. Другото зависи од преговорите, за кои сметаме дека ќе бидат конструктивни и ќе придонесат за стабилноста - изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ. Таа вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја употребува предизборната реторика и по изборите и да бара некакви оградувања, зашто „тоа не го помага процесот“.

Според неа, ДУИ не мора да биде секогаш во власта, но за тоа треба да одлучат граѓаните, а не мандатарот.

- Не зборуваме за федерализација, туку за Бадинтеровиот принцип - објаснува Арифи.

Претходно, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повтори дека вратите за ДУИ се подотворени, но рече дека преговори ќе има само ако оваа партија се огради од изјавите на својот висок функционер Муса Џафери дека нивното невлегување во власта ќе предизвика бунт и насилство.

- Бидејќи досега не се дистанцираа од таквите изјави, не би можеле да го смениме ставот заземен на последната седница на Извршниот комитет на партијата и тука работите со ДУИ остануваат статус кво - рече Милошоски.
 
43 години од земјотресот во Скопје

Скопје, 26 јули (МИА) - Скопје денеска ја одбележува 43-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени.

По тој повод делегации на Град Скопје и на скопските општини ќе положат цвеќе на споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски ќе ја пушти во употреба улицата Горно Лисиче и ќе ја посети крводарителната акција во кино Милениум. Исто така, во Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ) ќе биде организирана изложба од 50-ина автентични фотографии од Скопје во периодот пред и по земјотресот и фотографии од пристигнувањето на меѓународната помош, насловена Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје. Во КИЦ ќе биде претставена и монографијата 43 години Скопје во подем.

Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 мунити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Од трагедијата на Скопје целиот свет беше возбуден и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигаат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред точно 43 години, на 26 јули 1963 година.
 
КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО

Пратениците не си избраа претседател

СДСМ обвини дека се создава институционална криза и го доведе под сомнеж капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ да собере мнозинство

Собранието вчера се конституира, но не избра претседател. Тоа во новото владејачко мнозинство го објаснија со потребата од дополнителни консултации и усогласувања со коалициските партнери, а СДСМ ги обвини дека така создаваат институционална криза и го доведе под сомнеж капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ да собере мнозинство.

- СДСМ е сериозно загрижен за развојот на настаните. Дваесет дена победничката коалиција славеше и не' убедуваше дека час поскоро треба да се организира примопредавање на власта. За жал, се виде дека и оние првични најави оти очекувале седница на 19 јули биле само обична дезинформација. Еве, седум дена подоцна имаме седница, а ова парламентарно мнозинство не може да покаже дека има 61 пратеник за кој било кандидат за претседател на Собранието.

- Ова е првпат конститутивната седница да почне и да не може да заврши затоа што парламентарното мнозинство не може да го видиме на дело - изјави потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска..

Според неа, со тоа се доведува во прашање и добивањето на мандатот бидејќи според членот 90 од Уставот, претседателот на државата може да и' го даде мандатот на онаа партија што има мнозинство, но по конститутивната седница на Собранието.

На иста линија беше и лидерот на ЛДП Ристо Пенов, кој праша дали првиот од стоте чекори на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде предизвикување институционална криза.

Експресно им одговорија и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА, кој вчера собраа шеесет и пет пратенички потписи како гаранција дека имаат мнозинство. Петицијата ќе ја достават до претседателот на државата од кого очекуваат уште денска да му го даде на Никола Груевски мандатот за составување влада.

- СДСМ можеби посакува, но институционална криза нема да има. Досега најмногу бевме концентрирани на поделбата на ресорите и на кадровските решенија. Изборот на претседател на Собранието ќе се реши во најскоро време, пред изборот на новата влада. Се' уште не утврдено кој ќе го предложи кандидатот за оваа функција. Ова ќе биде разгледано во рамки на коалициските договори, а конечно ќе биде утврдено најдоцна за 10 дена - рече Антонио Милошоски.

Сличен е ставот и на заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи:

- Не верувам дека може да се случи институционална криза. Потписите што ги собравме докажуваат дека имаме бројка за влада и тоа е добра порака до граѓаните дека не треба да се вознемируваат и дека не треба да паѓаат на провокации дека сме близу до тензии.

Неизвесно е кога ќе продолжи вчерашната прекината седница на Собранието. На продолжението, Комисијата за избори именувања чиј претседател е Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба да излезе со предлог за претседател на Собранието. Пратеници од оваа партија вчера лиферуваа повеќе имиња како можни претседатели на парламентот. Освен Силвана Бонева, која од претходно беше во игра, вчера за зборуваше и за Гордана Јанкуловска и со Ристана Лалчевска од Либералната партија.

На седницата присуствуваа сите избрани пратеници, освен лидерот на ДУИ Али Ахмети кој имал поважни состаноци, лидерот во сенка на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, кој бил на службен пат, и Даут Реџепи-Лека.
 
Власт

Во принцип е лесно да составиш влада ако си победил на изборите. Затоа што тоа е операција за која се подготвуш четири години во опозиција. Тоа подразбира да имаш програма, да ги знаеш кадрите со кои располагаш и да го „сложиш“ вистинскиот тим, и во смисла на партнери и во смисла на кандидати

Многу добра оваа новава власт. Тоа едни амбициозни, тоа почитуваат ветувања па и рокови. Само што уште не им тргнало. Ако се суди според утрото денот ќе даде „Преродба во стотици илјади чекори“. Нивната програма дефинитивно не е градена на премисата дека е добро да бидеш визионер но само до онаму до кај што ти фрла погледот. Се понатаму е нагаѓање или лага.

По дваесет дена славење, неколку еуфорични интервјуа, редовни напади на власта (чисто од навика, небаре изборите не се веќе завршени, а улогите во процес на промена), па повторно славење, па слободни викенди, па фалења со големо мнозинство ... првиот чекор ДПМНЕ го направи - во место.

Конститутивна седница на македонското Собрание бидна, ама претседател на тоа Собрание никој не бидна. Иако седницата се одржа на 26 јули, а тие бараа експресни, брзи рокови. Па викаа со мегафоните - СДСМ побрзо да закаже седница. Бараа таа да биде на 19 јули. Тврдеа дека се прави опструкција, дека има манипулација и тајни намери. Дека СДСМ сака да го забави процесот за да подолго време ја има Владата. Но, по традиција, ништо од тоа. Седум дена подоцна од рокот кој самите го бараа (а беше неуставен) и ДПМНЕ се' уште не може да реши. Не знае кои им се коалиционите партнери. Не знае кој треба да биде првиот меѓу еднаквите. Не знае како треба да им изгледа нивната Влада. Замислете седницата сепак да се одржеше седум дена порано - изгледа дека тогаш немаше да имаат договор ни за тоа кој пратеник во кој ред да им седи. Времето тече - а тие тапкаат во место. За жал, сета Македонија им прави друштво.

Можеби проблемот е поголем: можеби никој не им се нафаќа? Или пак немаат доволно квалитетни кадри? Последново нема да изненади бидејќи најавија дека странци ќе управуваат со државните органи. Наводно за да нема корупција. Значи, нивните кадри - фалени како „новиот и чесен тим“, дури и кај нивниот прв човек не буди доверба. Тој мисли дека неговите први соработници би биле лесно поткупливи и корумпирани на истурените позиции во царината или обвинителството. Искуството е важна работа.

Второ - блиските до ним медиуми пишуваа дека Македонија била претворена во полу-протекторат. Ако е тоа точно, чудно како сега не сфаќаат дека со идејата на Груевски за странци на чело, Македонија се претвора во класичен протекторат. Без капацитет, без знаење, без чесност, без доверба. И, сето тоа, потпишано од самиот мандатар. Нешто помеѓу Босна и Херцеговина и Косово.

Слично нејасно е и водењето на процесот за составување Влада. Во принцип е лесно да составиш Влада, ако си победил на изборите. Затоа што тоа е операција за која се спремаш четири години во опозиција. Тоа подразбира да имаш програма, да ги знаеш кадрите со кои располагаш и да го „сложиш“ вистинскиот тим, и во смисла на партнери и во смисла на кандидати. Во тоа ги вклучуваш сите победници на изборите (во некоја поширока смисла, победничка може да биде и партија која освоила само неколку мандати, ако со тоа ги надминала своите претходни резултати или очекувања). Бидејќи победниците по правило сакаат да учествуваат во Владата, станува збор за операција со позитивистички дискурс.

Се прашувам, ако за Груевски составувањето на Владата е тежок потфат, како тогаш ќе успее да изменаџира некоја проблематична ситуација со негативен или контроверзен контекст. Како тогаш ќе се справи со дилемите? Како тогаш ќе го повлече потегот?

Искрено, не очекував волку зелени уште на самиот старт. Од еуфоријата и самоувереноста на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ на 5 и 6 јули не остана ништо. Конзервирани во аулата на политичкиот конформизам диктиран од матрицата на нивното политичко миље тие не успеваат да ги отворат очите и да го направат тоа што е добро за Македонија - да состават влада која ќе има широк опфат. Нам како на опозиција не ни одговара побројна влада, но и одговара на Македонија.

Наместо одлука - добивме Брауново движење: лево-десно, хаотично, стохастично, без ред, без логика. Пред четири недели, една партија (дефинитивно една од победничките) беше „една група терористи“ и „корумпирани аматери“. Пред две недели, кога истата партија почна редовно да го посетува штабот на Груевски, влегувајќи и излегувајќи со многу насмевки и топли shake-hands, одеднаш за истите говорници таа се трансформираше во сериозен и прифатлив партнер. Потпретседателот на ДПМНЕ во својата колумна немаше доволно добри зборови за да ја опише хармонијата во преговорите со истата партија. Беше воодушевен колку „се нашле“ токму на линијата на борба против корупцијата. Хармонија невидена. Е, по само една недела, заврши фазата на „заљубеност“ и ... таа партија одеднаш излезе со старите и опасни тези, а ДПМНЕ се врати на својот евергрин. Заборави само дека во меѓувреме, од граѓаните добиле доверба не да се плукаат по медиуми (и, онака, уз пат, да го обвинуваат СДСМ за се и сешто), туку да ги решаваат проблемите, а не да создаваат нови. Што и да реши на крајот Груевски - со или без ДУИ - ова едноставно не е добар старт на една гарнитура на власт.

Еден автор од минатиот век, запаметен на американската политичка сцена вели дека лидерите постојано треба да погледнуваат наназад за да видат дали поддржувачите сеуште се зад него.

Со ваков несреќен, збунет и блед почеток прашање на време е кога Груевски ќе погледне во празно.

Извор Дневник
 
ВМРО-ДПМНЕ и дуи пак на преговараЧка маса

Калашниковите ја погодија целта?
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски вчера го прифатил објаснувањето на Муса Џафери од ДУИ дека изјавата за калашниковите била извадена од контекст и напумпана од медиумите

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ денеска ќе го продолжат дијалогот за евентуална коалициска соработка. Вака вчера се договориле потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски и Муса Џафери од ДУИ на двочасовната „смирувачка” средба.

Преговорите помеѓу двете партии беа прекинати откако ВМРО-ДПМНЕ се договори со ДПА, а ДУИ се закани со насилство ако не влезе во власта. Славевски вчера го прифатил објаснувањето на Џафери дека изјавата му била извадена од контекст и оти била напумпана од медиумите, по што двајцата утврдиле дека веќе нема пречки да продолжат средбите на делегациите.

Иако од партијата на Никола Груевски тврдеа дека нема да има преговори ако ДУИ не се огради од заканите, вчера се задоволија само со објаснување за контекстот во кој биле дадени.

Извори во ВМРО-ДПМНЕ и во ДПА се' уште тврдат дека ДУИ ќе остане во опозиција, но сега многу повеќе оставаат простор за евентуално нивно влегување во новата влада.

Дознаваме дека ставовите во партиите на Никола Груевски и на Арбен Џафери „омекнаа” по средбите со американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ, иако во ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека нема никаков меѓународен притисок кого да повикаат во владата.

Извори од партијата на Али Ахмети велат дека продолжувањето на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ го сфаќаат како „позитивен сигнал” дека ДУИ се' уште е во игра за влез во владата на Груевски.

- Не се враќаме на преговарачка маса за да бидеме опозиција. Секако дека продолжувањето на преговорите го толкуваме како знак дека ДУИ може да биде дел од владејачката гарнитура. Во таа насока ја сфаќаме и активноста на меѓународните претставници - вели претставник на преговарачкиот тим на ДУИ.

Калкулациите во победничката коалиција се дека и без ДУИ имаат повеќе од 80 пратеници, што е доволно за стабилна влада. На прашањето како дошле до ваква бројка, велат дека освен на 65 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, НСДП, ПЕИ и ДОМ, сметаат и на гласовите од шестемина пратеници од ВМРО-НП кои ветија бланко-поддршка, на тројцата пратеници од ПДП, за која допрва ќе се преговара, но и на евентуални преминувања на пратеници од СДСМ во НСДП, што е малку веројатно.

Во албанскиот блок велат дека во јавноста веќе нема да настапуваат со меѓусебни обвинувања и со заканувачка реторика. Меѓународниот фактор многу помалку внимание посветувал на тоа која од двете партии ќе влезе во власта, многу повеќе на намалување на меѓуалбанските тензии. Затоа тие побарале и од ДУИ и од ДПА да ја смират топката.

Дознаваме дека и завчерашното ракување на вторите луѓе на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Теута Арифи, било исценирано за таа цел, а не се исклучува веќе на првото продолжение на конститутивната седница да дојде до ракување на Тачи и Ахмети што треба да биде знак за меѓусебно помирување, без разлика дали двете партии ќе бидат во власта.

Паралелно со разговорите на Славевски и Џафери во Собранието, вчера во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа Никола Груевски и лидерот на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

- ПЕИ сигурно ќе учествува во новата влада, но веројатно нема да добие, ниту ќе бара министерско место, бидејќи е нова партија со само еден пратеник. Очекувам дека ќе добиеме многу, но денеска не зборувавме за имиња. Тоа го оставивме за идната средба по три или четири дена - рече Цаноски, нагласувајќи дека основна цел им е што повеќе вработувања во селата што ја поддржаа партијата.
Што точно изјави Муса Џафери?
По вчерашното објаснување на Муса Џафери од ДУИ дека изјавите за можни насилства ако неговата партија не влезе во власта биле извадени од контекст, „Дневник”, кој прв ја објави оваа изјава, ќе го пренесе во целост дијалогот на нашата новинарка со Џафери.

* „Дневник”: ВМРО-ДПМНЕ вели дека тешко им оди градењето на довербата со вашата партија. Што ако и покрај преговорите, ДУИ не влезе во власта, а веќе е сигурно дека ДПА е дел од неа?

Џафери: Токму поради тоа е потребно да разговараме и ќе им кажеме што тоа ќе значи. Ако крајна цел на мандатарот Никола Груевски е да не ги почитува нашите гласови, а ДУИ е победничката партија на изборите, со тоа директно се крши демократијата. Не може ДПА, која ги изгуби изборите да биде во власта со сила. Ако тие применуваат сила, зошто не и ние?

* „Дневник”: Во една изјава кажавте дека е можно да протестираат вашите гласачи?

Џафери: Незадоволството на албанските гласачи ќе се имплементира не само со протести, туку со бунт, насилство, калашникови...

* „Дневник”: Дали ова сериозно го велите, господине Џафери?

Џафери: Зошто не. Ако некој промовира такви методи за да биде власт, ќе има консеквенци за Македонија.

* „Дневник”: Не можам да напишам ваква изјава ако не ве цитирам со име и презиме.

Џафери: Зошто не.
 
asterix_m напиша:
Кавадарскиот морнар крстосува низ светот
Кавадарчанецот Анѓел Ѓорѓиев накратко го напушти бродот „Соѕвездие“ со капацитет за 2.000 гости и екипаж од 1.000 луѓе и до следното патување се „усидри“ кај сопругата и двата сина
http://www.dnevnik.com.mk.......................................

Тие со својата мајка Спаска, која има 26 години, еднаш годишно го дочекуваат морепловецот да си дојде на годишен одмор.

Спаска кажува дека е тешко без главата на куќата.

Неуморниот морнар, пак, објаснува дека компанијата им плаќа во старт по 50 долари месечно, плус 15 проценти од направениот промет. Ако кон ова се додадат и бакшишите што редовно се добивале од гостите, еден добар келнер на брод можел да заработи и до 6.000 долари за еден месец.[/QUOTE]


I sto bi bila poentata?????? Da se lulas na nekoj brod 24 saati na den 365 dena vo godinata i da zivees 3 metri pod voda????Ko ustirkan batler ili mijac na sadovi???A decata da prasuvaat : mamo koj e sega ovoj cicko????

KVALITET ZIVOTA BATKI...KVALITET ZIVOTA !!!!
555 primeri na nasi luge koi zarabotuvaat 6000 $ mesecno ( 4,702.56 EUR)???? realni ne 50$ u start mesecno......
DVD so nivnite prikazni za 50 Evra ......:):)!!! Mnoooogu poucno i mnogu poprakticno od lecenje na morska bolest...:):)!!!I najdobar nacin da se potrosat 50$ zaraboteni prviot mesec na brod...da ne se trosat slednite meseci za dzabe.....t.e. za baksis....
Ova novinarive se navistina bedni smeski..ke potrosat pola strana na vakvi gubitnici , a ni eden zbor za site onie koi doma pravat dvapati po tolku....no so niv samo partiski reketari i poreznici muabetat.....a Dnevnik bi mozel malku so toa da se zanimava, a ne da propagira gurbetciski prikazni...
 
Еве една блиц вест.По се изгледа дека бане ке ја има горде за колешка.вака така му се напрај кеифот да има женски околу себе.покрај савова сега и со горде ке се гледа почесто.Па барем него нешо убаво да му се случи,ако уште му е криво за неговиот сдсм и за БУЧ,тогаш барем ке ужива во женско друштво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom