Bleach bath-осветлување на коса

Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Искрено до сега не сум слушнала за овој начин на осветлување коса во домашни услови. Bleach bath е (како што ми пренесоа) малку по благ начин на осветлување на косата без да се оштети многу. Во смесата бланш и хидроген 6% или 9% се додава и шампон па потоа на мокра коса се нанесува (почнувајќи од врвовите па потоа на коренот ако е потребно) и се остава да делува 15-20мин и кога ке се постигне саканиот резултат се мие косата нормално по што нема да биде оштетена исто како кога нанесуваме бланш стандардно. Е сега девојки која пробала нека каже зашто толку ете се решавам да ја осветлам барем мааалкуу мојата црна катран коса :pipi:
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854

Не ја разбирам постапката добро т.с. со кој марифет во сето ова фарбање не се оштетува косата, кој е тој позтивен дел??
Исти ѓавол ти е, дали ке ставиш шампон, улје, маска, витамини..бланшот ја гори косата.
Пробај, незнам и првпат слушам.:confused:
 
Член од
13 март 2015
Мислења
63
Поени од реакции
40
Јас никогаш не сум ја бојадисувала мојата коса,ама од искуство од другарки,а и консултација со фризери ќе ти кажам да не веруваш во тоа дека оваа смеса нема да ја оштети косата. Бланшот и тоа како ја оштетува косата,без оглед на тоа дали го нанесуваш чист или измешан со друг производ. Исто и хидрогенот,без оглед на тоа дали е 6%,9% или 12%. А ако толку ја сакаш оваа техника,бездруго оди на фризер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom