Блам држава

Леле да не почнуваме со муабети за Аеродром и администрацијата во Аеродром, наеднаш ќе отиде темава на 50+ страни :D
Ја еднаш имав патешествие да пријавам дека капак од шахта пропаднал и логично некој треба да ја среди дупката или бар да обележи дека има дупка. Мислиш вадев дозвола за да отворам нуклеарна централа :)
Аххх обележување на дупка од пропаднат капак на шахта. :love:

Можеби како народ сме најкреативни во оваа област. Све сум видел до сега.

Од буре пластично 200 литарско ставено пред шахтата, до гранка од дрво полуисушена само набодена во дупката и тоа гранчињата со се листови штрчат на сред улица, буквално народов се снаоѓал со што му дошло прво при рака за да ја обележи дупката додека се средат овие бирократски работи во локалната самоуправа што ги кажуваш, па додека надлежните искочат на терен, а да не падне некој да се искрши. :D
 
Роднина мој во Хрватска падна во оваква дупка необележана соодветно таму и скрши некое ковче во стапалото по што мораа да го прават операција.
Всушност, не беше дупка од шахта, туку копан канал за менување на водоводот и даската му се скрши што ја ставиле за да се поминува.
Ја тужеше општината, и иако се влечеа 2-3 години по судови, на крај доби и му беше исплатена поприлично голема сума на пари во висина да си купи една кола на старо.

Можам да го замислам истово да се случеше во Македонија, имаше сите да се изнасмеат ако решеше да тужи.

Ете, тука сме, бевме иста држава пред 30 години, ама разликата е небо и земја.
 
Аххх обележување на дупка од пропаднат капак на шахта. :love:

Можеби како народ сме најкреативни во оваа област. Све сум видел до сега.

Од буре пластично 200 литарско ставено пред шахтата, до гранка од дрво полуисушена само набодена во дупката и тоа гранчињата со се листови штрчат на сред улица, буквално народов се снаоѓал со што му дошло прво при рака за да ја обележи дупката додека се средат овие бирократски работи во локалната самоуправа што ги кажуваш, па додека надлежните искочат на терен, а да не падне некој да се искрши. :D
Па не дека си нешто далеку од вистината.

Пред пријавување:
136327718_947999002399486_707907049816923599_n.jpg
137005761_2906374742929404_3678700748706670353_n.jpg

После пријавување:
137207608_1779234128911176_1822826303554037870_n.jpg

За волја на вистината после само 5 дена од последнава слика ставија решетка, што сега еве после нецела година пак почнува да се искривува. Мада и до палетава со ивичњак беше патешествие, зошто општината нели не била надлежна, тоа водовод требало да го среди и коа и се развикав на таа кокошката од општина дека она треба во таа меѓуинституционалната соработка да пријави во водовод, она пријавила на начин што им го дала мојот број, па од водовод ми се јавија мене за да им објаснувам.

На истиов паркинг има еден тон ѓубре, секако Градски паркинг освен пари да зимаат за паркирање за друго не се ништо надлежни, тимовите за чистење не им биле за чистење ѓубре, изглеа ги спремаат нуклеарен отпад некогаш да чистат од паркинзиве, а општината на мејл ми нема одговорено, изглеа и они не се надлежни...

Полесно нуклеарна централа ќе отворев...
 
Ајде на здравје, не дека очекував нешто друго, ама по десет евра добиле овие што биле на роденденот на Али. Кој вика дека нема правда во државава?!
 
По 20, ги ошуриле.
 
Ајде на здравје, не дека очекував нешто друго, ама по десет евра добиле овие што биле на роденденот на Али. Кој вика дека нема правда во државава?!
Да се собереа сите овие во владава и на државна сметка еден роденденски поклон на Али да му купеа подостоинствено ќе поминевме отколку вака. Ова повеќе на тролање личи отколку на казна.
 
Имаше право кој рече дека постирање во темава треба да е full time job.
c2ecae907bd9647ad87d558ca9012f63.jpg
 
Од алиекспрес ги нарачале по азиски стандард направени :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom