Благодарност до Канал 5, Телма и вистинските спортски работници!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ibracadabra
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги подржувате Канал 5 и Телма заедно со вистинските спортски работници?


  • Вкупно гласачи
    150
Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Ах моја кутра Македонијо!
Абе да чита човек и да се изначита колку болна е македонската младина.. Направиле тука тема, а и група на Фејсбук бидејќи ќе одел во етер Пандев, а немало да оди Меси!
Алооо!
И сега Канал 5 бил крив.. Канал 5 е крив да.. Крив е бидејќи се обидува да не излечи, да ни помогне, бидејќи бараме задоволство на краток рок, а се уништуваме на долг рок..
Но не сме ние криви другари мои..
Ние сме растени во едно општество каде првиот допир со оној надворешен свет ни е интернетот и компјутерот. Додека мојот дедо растел и играл фудбал на мои години, ние денес седиме на компјутер како некои паразити и чекаме да прочитаме некоја вест за таканареченото супер дерби Арсенал - Барселона, да прочитаме за тоа колку луѓе загинале во Москва, да отвориме некој порно сајт..
На времето било гордост да се оди и да се гледа Победа - Пелистер пред 15.000 гледачи.. Каква Барселона, како Интер.. Кои биле тие?
Дури денес јас сфатив колку сме оделе во погрешна насока и му благодарам на Канал 5..
И јас да искрено ќе ја гледав Арсенал - Барселона, и можеби сеуште и неа ќе ја гледам.. Бидејќи така сум пораснал и не знам како да се променам..
Но знам дека на времето се гледало фудбал во Македонија, се бодрела секоја Македонска екипа.. А денес само симпатии кон Реал, Милан, Манчестер..
Најголема желба на овој "спортски" народ во Македонија е да ја гледа ХРТ 2! Зошто? Бидејќи давале фудбал и имале добри коментатори..
Се тоа во ред.. Но, доколку играат Хрватска - Ангола во 1/4 финале на светско, и во исто време играат Шпанија - Англија што мислите која ќе оди во етер? Нормално дека Хрватска и никој нема да се пожали на тоа.. Или доколку игра Србија.. Исто ти е тоа..
Ех кога ќе ги видам 20.000 навивачи на Србија на трибини во Африка летово.. Морници ќе ме лазат.. Но внатре во себе длабоко ќе умирам.. Бидејќи знам дека јас во моите најубави години кога сум бил млад не сум можел да ја гледам мојата.. Нашата Македонија!!
Не е битно дали тоа е Пандев, Лазаров или било кој друг..
Не дали ќе играле Интер со ЦСКА или Загреб со Тирана..
Не е битно дали е во Интер или во Баерн..
Мене ми е мило што еден Македонец откако "станавме" држава е толку блиску до едно 1/2 или ако сакате финале на големата Лига на Шампиони.. Онаму каде имињата и историјата никогаш не умира..
Никој не ја оспорува атрактивноста на другиот меч, но за голема пофалба е обидот на КАНАЛ 5 да го освести Македонскиот народ и она Македонско во него ако веќе останало..
Скептик сум дека би ми помогнал мене, а убеден сум дека на многу од младиве деца во Македонија нема да им помогне..
А Пандев е голем.. Сакале тоа ние или не.. На оваа проклета земја треба да и се случи нешто лошо за да сфати дека имала шанса за нешто добро..
А вие другари мои кои се криете зад компјутерот.. Удрете со глава во монитор и преиспитајте се.. Удрете додека има време..

А КАНАЛ 5 заслужува честитки за изборот.. Се надевам дека некое вакво слично објаснување ќе оди во емисијата на Филе, па и оние кои не одат на форум да видат во колку погрешна насока се движат..

goran-pandev.jpg

 
Абе Станкович,Красич играат па иста утакмица па на телевизиите во србија нема да ја даваат таа утакмица :toe: Зошто ?!?
 
Се испосравме со тој Пандев, како на месечината да се качил. ИГРА ФУДБАЛ, исто како и сите други. А сега што е единствен од Македонија, незначи дека треба само него да го гледаме. Па дај ќе му стаеме и дома камери па како на реално шоу, ќе го следиме цел ден што прави, зошто е Македонец :tapp:
А што е најтрагично, нема ни да игра од прва минута...
А и не ме чуди што фан на Интер ја отворил темава, да играше во друга екипа (Милан на пример), ќе ве прашав дали ќе го имавте истото мислење.
 
Провинцијалски резон-школски пример. Ко кај Вучич во емисија кога се собира цело Берово/Пехчево и паѓа у транс дека најдобриот пеач им е на емисија.
Пандев играл Лига Шампиони...е добро де нека игра, не значи тоа дека до крај на кариерата негова треба него да го гледам ја него, на сметка на други утакмици.

Плус, Канал 5 нејќе да те освести национално тебе со тоа што ќе го дава Пандев како игра, не живеј во трипови. Канал 5 рачуна на “Пандевманијата’’ што се исподеси од пред некој месец, и покрај која секој позер што фудбал гледал со Халеева комета само стана фан на Интер и рачуна на поголема гледаност. Ако одгодина Пандев е на клупа и го дадат Интер вака пљукну ме.

Шо има ја да го подрживам него, од мене поддршка може да има само за да биде најдобар почесен стрелец на сите времиња.. :)
 
Абе се убав пост си напиша, твој став и поштовам стварно. Ама ептен со анкетата се испосра, ајде сега чекај патриотите од форум да гласат за првата опција и смешкај си се задоволно. Кој би гласат за Не, мене Македонија не ме интересира ? Добро ај освен фановите на Милан .. и по некој изнервиран фан на Арсенал и Барса.
 
Се испосравме со тој Пандев, како на месечината да се качил. ИГРА ФУДБАЛ, исто како и сите други. А сега што е единствен од Македонија, незначи дека треба само него да го гледаме. Па дај ќе му стаеме и дома камери па како на реално шоу, ќе го следиме цел ден што прави, зошто е Македонец :tapp:
А што е најтрагично, нема ни да игра од прва минута...
А и не ме чуди што фан на Интер ја отворил темава, да играше во друга екипа (Милан на пример), ќе ве прашав дали ќе го имавте истото мислење.

за малце немаше да те прочитам и ќе го дуплирав ова на темава!
Respect!
 
Иосоно што е со ова не ме интересира Македонија?
Ако нејкам да го гледам Пандев не значи дека не ме интересира Македонија тапа ти е ова..
Се согласувам со бобиче
 
Абе се убав пост си напиша, твој став и поштовам стварно. Ама ептен со анкетата се испосра, ајде сега чекај патриотите од форум да гласат за првата опција и смешкај си се задоволно. Кој би гласат за Не, мене Македонија не ме интересира ? Добро ај освен фановите на Милан .. и по некој изнервиран фан на Арсенал и Барса.

Ние не сме таљанци да го еб*м :pos:
Ова вторава опција од анкетава е многу јака :pos2:
Вечер повеќе ќе се гледа А1 (шехерезад) него интер-цска :toe: (зборам за тие што немаат нет,сателитска,кабловска)
 
Ах моја кутра Македонијо!
Абе да чита човек и да се изначита колку болна е македонската младина.. Направиле тука тема, а и група на Фејсбук бидејќи ќе одел во етер Пандев, а немало да оди Меси!
Алооо!
И сега Канал 5 бил крив.. Канал 5 е крив да.. Крив е бидејќи се обидува да не излечи, да ни помогне, бидејќи бараме задоволство на краток рок, а се уништуваме на долг рок..
Но не сме ние криви другари мои..
Ние сме растени во едно општество каде првиот допир со оној надворешен свет ни е интернетот и компјутерот. Додека мојот дедо растел и играл фудбал на мои години, ние денес седиме на компјутер како некои паразити и чекаме да прочитаме некоја вест за таканареченото супер дерби Арсенал - Барселона, да прочитаме за тоа колку луѓе загинале во Москва, да отвориме некој порно сајт..
На времето било гордост да се оди и да се гледа Победа - Пелистер пред 15.000 гледачи.. Каква Барселона, како Интер.. Кои биле тие?
Дури денес јас сфатив колку сме оделе во погрешна насока и му благодарам на Канал 5..
И јас да искрено ќе ја гледав Арсенал - Барселона, и можеби сеуште и неа ќе ја гледам.. Бидејќи така сум пораснал и не знам како да се променам..
Но знам дека на времето се гледало фудбал во Македонија, се бодрела секоја Македонска екипа.. А денес само симпатии кон Реал, Милан, Манчестер..
Најголема желба на овој "спортски" народ во Македонија е да ја гледа ХРТ 2! Зошто? Бидејќи давале фудбал и имале добри коментатори..
Се тоа во ред.. Но, доколку играат Хрватска - Ангола во 1/4 финале на светско, и во исто време играат Шпанија - Англија што мислите која ќе оди во етер? Нормално дека Хрватска и никој нема да се пожали на тоа.. Или доколку игра Србија.. Исто ти е тоа..
Ех кога ќе ги видам 20.000 навивачи на Србија на трибини во Африка летово.. Морници ќе ме лазат.. Но внатре во себе длабоко ќе умирам.. Бидејќи знам дека јас во моите најубави години кога сум бил млад не сум можел да ја гледам мојата.. Нашата Македонија!!
Не е битно дали тоа е Пандев, Лазаров или било кој друг..
Не дали ќе играле Интер со ЦСКА или Загреб со Тирана..
Не е битно дали е во Интер или во Баерн..
Мене ми е мило што еден Македонец откако "станавме" држава е толку блиску до едно 1/2 или ако сакате финале на големата Лига на Шампиони.. Онаму каде имињата и историјата никогаш не умира..
Никој не ја оспорува атрактивноста на другиот меч, но за голема пофалба е обидот на КАНАЛ 5 да го освести Македонскиот народ и она Македонско во него ако веќе останало..
Скептик сум дека би ми помогнал мене, а убеден сум дека на многу од младиве деца во Македонија нема да им помогне..
А Пандев е голем.. Сакале тоа ние или не.. На оваа проклета земја треба да и се случи нешто лошо за да сфати дека имала шанса за нешто добро..
А вие другари мои кои се криете зад компјутерот.. Удрете со глава во монитор и преиспитајте се.. Удрете додека има време..

А КАНАЛ 5 заслужува честитки за изборот.. Се надевам дека некое вакво слично објаснување ќе оди во емисијата на Филе, па и оние кои не одат на форум да видат во колку погрешна насока се движат..

goran-pandev.jpg



Па види во дел од постов си во право, али во поголемиот дел и не си баш. Времето на дедоти кое што го кажа ти било време на комунизмот, таканареченото "добро" време. Каде што обичните луѓе биле отсечени од се и сешто и секаква технологија. Зашто дедоти идел на Победа-Пелистер? Се разбира, затоа што на тв давале само светско првенство, а може и тоа не го давале. Епа верувај дека во ова време кога сите гледаат да завршат факултет( а порано и со четврто било доволно, па ваљда не сакаш да си до толку туп) и да просперираат секаде и да го прошетаат светот, ти не би сакал да бидеш отсечен од тоа и да не знаеш подалеку од носот и од твоето село( не се навредувај со ова, не е конкретно наменето на тебе така ми доаѓа да кажам).

За ова Хрватска-Ангола огромна глупост ти е...Ако играше МАКЕДОНИЈА секој ќе сакаше да ја гледа Македонија, но видиш не игра Македонија...И ако играа Шахтјор-Интер и Барселона-Арсенал во исто време, мислиш ти дека ХРТ 2 ќе даваат Шахтјор-Интер на тв ради Дарио Срна?? Еве ти добар пример, ако веќе ја вмешуваш ХРТ 2.


Фала богу дека треба да се даваат Македонците на тв, се со цел да се разбуди младината и да тргне кон правиот пат, но треба да се знае кога да се направи и отстапка.
 
Глупо посавена анкета. Не ме интересира мене Македонија?? Со тоа ли ќе ме превратиш да гласам за ДА?? Не бе дете.

И исто глупо Не сакам Пандев да го гледам туку Меси? лол Не го гледам Меси туку квалитетот на фудбал меѓу Арсенал и Барса.

И не го поистоветувај Падев со македонска репрезентација.

Навивач на Реал. Да не речете само барсашите и ганерите се за идејава, + некој миланист за инат
 
Абе се убав пост си напиша, твој став и поштовам стварно. Ама ептен со анкетата се испосра, ајде сега чекај патриотите од форум да гласат за првата опција и смешкај си се задоволно. Кој би гласат за Не, мене Македонија не ме интересира ? Добро ај освен фановите на Милан .. и по некој изнервиран фан на Арсенал и Барса.

Ја гласав на не! Ова е една од најглупи анкети што сум ги видел, арогантна и наметлива, ко да е пример:
Анкета:
1 Дали сакате да го гледате само Пандев 24h/d
2 не, не ја сакам македонија....бла бла
 
Видете сеа,од една страна Канал 5 можеби се во право,бидејќи ќе се дава Арсенал-Барса 100% на некоја друга телевизија,па ќе можеме и 2те да ги глеаме,но сепак да Арсенал-Барса спрема Интер-ЦСКА е 5 пати појак натпревар..Да беше ЦСКА-Интер и така и така..Ама тој пак ќе се игра од 18:30,па ќе можат без проблем да го даваат..Или пак да играше Интер со малце поатрактивна екипа можеби и ќе беше друга песна. Вака се очекува сигурна победа на Интер(од мене барем) и :toe:
 
Ние не сме таљанци да го еб*м :pos:
Ова вторава опција од анкетава е многу јака :pos2:
Вечер повеќе ќе се гледа А1 (шехерезад) него интер-цска :toe: (зборам за тие што немаат нет,сателитска,кабловска)

Сакав да кажам дека ќе гласате спортивно за инает на интер фанот, не дека не ја сакате Македонија, таман работа:) Се разбираме мислам .. да не ме пренатрупат од цитати миланезите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom