Бизарни (чудни) навики за јадење

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Знаеме дека мора да се јаде за да опстанеме. Некои луѓе едноставно обожаваат да јадат. Скоро сите вегетаријанци, во животот имаат пробано некој добар пилешки стек. :) И постојат многу муслимани кои во животот барем еднаш пробале свинско (некои од нив дури си признаваат дека е најдоброто што го пробале некогаш). Само поради овој факт да не нарипаат религиозните фанатици па да бараат докази.
Понекогаш сме толку бизарни при изборот на храната и осеќаме некоја возбуда, не можеме да се смириме додека не го пробаме замислениот вид на исхрана.

Сте се запрашале ли некогаш што значи тоа кога ќе почнете да јадете семки или сончоглед, па не можете да преќинете?

Постојат и такви луѓе кои уживаат во вкусот на нивната сопствена коса, и ја користат како некое освежување или за смирување на нервите, исто како шмукање бонбони.

Ќе спомнеме неколку вакви бизарни навики:

1. Анорексија
(Anorexia)
Анорексија, или изгладнување со цел да се постигне "линија" на телото, притоа не водејќи сметка за последиците. Се` започнува како диета, со консумирање најчесто сок од портокал, со многу надеж и лажно чувство дека сте полни и задоволни. Сепак, анорексијата е серизно нарушување во исхраната и истата е одговорна за смртта на голем број луѓе секоја година низ целиот свет.​

2. Ксилофагија (Xylophagia)
Нарушување во исхраната обележано со еден нагон да се консумираат дрво или предмети кои се добиени со преработка на дрвото, како хартија, моливи, кора од дрво, итн. Малите деца итекако доаѓаат во допир со вакви потсвесни реакции, кои не треба да се занемарат од страна на родителите. Ако не им се обрати внимание, ова може да прерасне во голем проблем со сериозни психички последици кај младите.





........(to be continued)
 
Јас како мал јадев листови од дрвјата, ги грицкав моливите дрвени, пенкалата ги лижев, гумите за бришење ги длабев со заби, земја и песок немам јадено како мал ми имаат кажано дека тоа не сум јадел ама школскиот прибор ми беше повкусен од ужинката:pos:...
 
лелеееееееее mettalhammer кај ти текна на ова??:pos2:
инаку ко мал додека игравме надвор- имаше едно девојче кое го гребеше ѕидот од куќата и го јадеше- тогаш појма немавме зошто токму тоа го правеше- сите и’ се чудевме .
исто во муабет еден се фалеше:pos:дека јадел живо месо, а со свои очи имам видено повозрасен човек (зборам за времето коа бев дете- јадеше чаши ) грозноооооооо
 
Шо зборувате бе чеки малце од ѕидот да јадеш ?! Тоа нели е малце повеќе од ненормално
 
Шо зборувате бе чеки малце од ѕидот да јадеш ?! Тоа нели е малце повеќе од ненормално
Се зборува за мали деца.
Немаш видено мало дете како јаде песок, или да гребе и јаде од ѕид? Имаш видено уопште мало дете како изгледа?
 
Се зборува за мали деца.
Немаш видено мало дете како јаде песок, или да гребе и јаде од ѕид?
Јас искрено ни едно ни друго у живот не сум видел.
Ама се согласувам дека е сосема можно мали деца да направат такво нешто, со оглед на тоа што они се у уста ставаат лол
 
Се зборува за мали деца.
Немаш видено мало дете како јаде песок, или да гребе и јаде од ѕид? Имаш видено уопште мало дете како изгледа?

Не шо е тоа дете ?! Па сеедно дали се работи за деца и да немам видено некој такви работи да праве тоа е недозволиво за 1 родител детето да му праве такви работи.
 
Не шо е тоа дете ?! Па сеедно дали се работи за деца и да немам видено некој такви работи да праве тоа е недозволиво за 1 родител детето да му праве такви работи.
Едноставно нелиии, на детето му треба калциум (така викаат) како додаток, па затоа "гризе" по ѕидови, вар-та содржи калциум. Што знае дете, уствари? :) Ама, баш за ова потврдуваат експертите.
Нормално дека е на родителот таа обврска да го спречува тоа, ама не може нон-стоп да го следи детето во секој чекор, ете затоа. И колку и да го спречуваш, тоа пак ќе си чепка од ѕидот. Најпогодена е возрасната група на возраст околу 2 години. :)
 
Јас како мал јадев листови од дрвјата, ги грицкав моливите дрвени, пенкалата ги лижев, гумите за бришење ги длабев со заби, земја и песок немам јадено како мал ми имаат кажано дека тоа не сум јадел ама школскиот прибор ми беше повкусен од ужинката:pos:...

Аууч,и јас се потсетив на тоа време читајки те...розе гумичката со пчеличката Маја беше лом,штом купеа нова гумичка за бришење или молив имав навика да ги гризам...
А за хартија како што напомена горе металхамер имам гледано како ја јадат...грозно изгледа,па и кога велеше личноста баш ми е слатко е тогаш тоа беше врв :icon_lol:
 
3. Trichophagia (трикофагија)- состојба која се карактеризира со ненаситна потреба да се гризе (јаде) сопствената коса, жвакање и проголтување. Косата на крајот се собира во гастроинтестиналниот тракт, и не можејќи да се свари, резултира со болки во стомакот.

Отстранувањето на коса акумулирана во гастроинтестиналниот тракт е можно со операција. Има случај на едно девојче кај кое при операцијата и беше отстанета нејзината сопствена коса со тежина од 4,5 кг (18-годишно девојче од Чикаго, 24 ноември 2007-ма)
Девојчето било пријавено како болно од некоја психолошка состојба која го поттикнало да ја јаде сопствената коса.





4. Hyalophagia (Хиалофагија)- И ова се смета како форма на pica, hyalophagia-та се карактеризира со голема желба да се јаде стакло. Контролно патолошко пореметување, hyalophagia-та може да биде исклучително опасна за луѓето, како секогаш има шанси за сериозни внатрешни повреди предизвикани од консумирање на стаклото, како на желудникот, така и на цревата или грлото.





5. Geophagy (геофагија) - Геофагијата се однесува на поривот да се консумираат супстанции што се поврзани со земјата, како глина или креда, и често се верува дека е метод за да се зголеми диетата која е дефицитарна со минерали. Тесно е поврзано и ова со pica како што ја означува желбата за внесување на нехранливи материи. Геофагијата често се поврзува и со неколку здравствени придобивки, тоа е нешто што допрва треба да биде основано и отсекогаш било тема на жестока дебата. Додека еден дел од научниците сметаат дека ова може да донесе само штетни последици, некои веруваат дека таквата навика може да има доста придобивки, особено поради тоа што луѓето и животните, тоа го практикуваат повеќе од илјадници години. Меѓутоа ова може да биде и доста опасно, бидејќи постојат високи ризици за внесување на некои паразити кои живеат во земјата.
 
ц ц ц ц ц- болни состојби на организмот- но , ако некој ги оправдува-значи има и причина
ова му доаѓа нешто ко обожавање на мирис на лепак, боја за чевли, нафта.....:toe:
 
6. Urophagia (Урофагија) - Оние кои страдаат од оваа болест имаат чудна потреба за консумирање урина, било да е тоа својата или туѓа. Додека урината на здрава индивидуа е стерилна, urophagia-та се смета за главно безопасна, иако постои ризик, кој е многу мал но не може целосно да биде исклучен ако урината е од некој заболен поединец или ако постои бактериска инфекција.
Некои секундарни ефекти може да се јават, како осип на кожата, кај некои поединци кои се чувствителни на урина.





7. Anthropophagy (антропофагија) - И покрај тоа што често се меша со антропологијата, антропофагија е нешто што е сосема различно, и е попознато е под името канибализам. Честа појава е помеѓу луѓето во текот на историјата, обично како дел од ритуалите поврзани со племенските војни. Ова било доста популарно во Европа и Амазонскиот појас, додека островите Фиџи се уште се нарекуваат "канибалски острови". некои археолози ги толкуваат чако кањонот и урнатините на Anasazi културата, како доказ за ритуали каде постоел канибализам.






........(to be continued)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom