Треба де, ете ти кажвам. Секој треба да понесе одговорност , од чистачка па до врвот. Арно ама никако никој да поднесе одговорност. И за опремата и за нејзино оштетување или неодговорно или несовесно користење и за се што ти лежи тебе на срце ама и за забушавање. Забележа дека фундаментално различно гледаме на некој работи, толку различно што мислењата не ни се ни компатибилни по скоро нити една основа. Ти на пример колку што те сфатив мислиш дека ако се набави опрема за каква што мечтаат пожарникарите тие наеднаш ќе станат совесни и посветени работници. Јас не мислам така, баш напротив. Тој некој ако е совесен и одговорен ќе си ја сака работата и со најсовремена опрема и без неа. Само ке се потруди малце повеќе за да ја заврши работата отколку да најдва изговори зошто не ја завршил. На крај сметам дека пожарникар и на нив слични професии прво треба да се работат од љубов а материјалната корист да биде во втор трет план.
Глеам не си ме сфатил, исто како шо проба да импуитираш дека сум напишал дека е подобро да се затвори фабриката во Жабени поради ниски примања и сл шо врска нема, исто и сега тврдиш дека некаде сум напишал дека новата опрема ќе ги направи посовесни пожарниакрите, да те потсетам дека дисусијата за пожарната во БТ почна откако се пожалија на недостаток од истата.
И да, сметам дека ако им се обезбедат подобри работни удслови и опрема, дека тоа влијае на подобрување пред се на моралот и работната дисциплина, воедно и зголемување на приправност итн, можда не како што ти мечатеш ама тоа нема ништо негативно да предизвика во најмала рака.
Е сеа за тоа забоштување кое ти го наметна а постои, сепак е одговорна локалната самоуправа, пред се старешинскиот кадрар во ТППЕ Битола, е сега сигурно да се подбори сево ова не може да потегне хигиеничарката во општина.
За тоа дека е спицифична професија ти напишав пример на кој јас сум посведочил, дека некој која сакаше тоа да го работи и претходно го работеше не доби решени туку беше примен партиски човек на ненгово место, приказната заврши со бугарски пасош, значи како и да свртиш ништо не е како шо треба а ти се префрлаш на менталитетот, па по твое ако само и само чекаме и по сто генерации нема да дочекаме промени.
Појма немам ама според тебе
па ќе речиме дека е таа одговорна.
Според законска регулатива, не според мене.
Зошто масло и вода? Кај нив огнот поинаков е? Баш ме интересира зошто е масло и вода. Или пак што да речиме за места каде пожарникарите се претежно волонтери и не се платени за тоа. Да се повикам пак на википедија онака набрзина каде вика дека во Чиле пожарникарите се 100% волонтери и не земаат плата.
Имаш во склоп на ТППЕ Битола здружение на пожарникари волонтери, Пегасус се вика мислам, колку и како е во функција неам појма, ете за твое инфо, е сеа за Чиле не знам, ама знам дека во САД во помалите гратчиња каде има такви волонтерски пп служби, истите тие луѓе се и алдермани по наше советнци, матичари и што не, затоа што си имаат право на формирање локална самоуправа и за тоа добиваат нешто развојни средства, независност во носење одлуки и сл.
За Чиле не знам, ама тоа за град како Бр е несериозно да се земе во обзир.
Друго, и кога се на одмор,во САД, пример припадници на армија, маринци, ветерани од Виетнам, полиција, пожарна и сл, носат капи или маици, некој ознака за тоа, јас сум имал прилика да разговарам со доста претставници од овие професии, вклучително и пожарникар од FDNY кој бил на 11 Септември и имал некои повреди, ништо друго за тоа не прокоментира повеќе, но за како функционира службата, унапредувања и сл доста објасни, така да не вреди да прави пресек на тоа таму и кај нас никако.
Немаат сјајни примања да се разбериме, но имаат доста други бенефиции, инаку повеќето се поранешни припадници на вооружени сили на САД кои се почесно отпуштени, имале некоја предност при вработување и сл.
Далеку сме ептен, ама па тоа не значи дека така треба да остани.
Нажалост тие шо се најмногу должни да повикаат на одговорност во општина, ги нема нигде, повремено колку ради реда нешто, суштински да се земе во предвид работата на локална самоуправа по сектори, јавни претпријатија и сл, тоа ни на сон не очекувам, посебно кога се знае кој се е во игра за градски очув, ама тоа е тоа.
Грешиш ако мислиш дека имаме фундаментално различна перцепција конкретно за ова шо дискутираме, разликата е во тоа шо ти си спремен да или веќе си прифатил т.е помирил со некои состојби. Јас не.
Замислувам. И шо? Имал и купил. Ако сака и на швалерката ќе и купи стан додека пола Бајро живее во картони. Да не треба и нив по еден стан да им купи. Тој некој моќник да не е црвен крст или социјално па да треба да му го бери гајлето на сите или треба да праша како треба да ги троши неговите пари. Тебе сакаш да ти кажуваат такво нешто или ти немаш па ајде сега нема везе. Ако алудираш на тоа дека од државни пари и купил чанта и сако тогаш си имаш суд полиција нека си истражува и нека го казни соодветно, но своите пари можи да си ги троши онака како што тој наумил, исто како и Ти , јас и било кој друг.
Баш ме интересира шо ти е поентата со младите муабетот.
Алудирам на партиски функционер, дел од локална самоуправа, да не одам подетално нема потреба, типот нема други легални приходи освен личен доход, а стекнува огормен капитал, кеш не знеа никој, е сеа е многу незгодно кога во Бт се знаат некои работи, а кажуваш нема за пожарна пари оптшината сега, ова како влијае на моралот и работната дисциплина според тебе?
Младите беа во овој контекст, знаат што и колку чини, уште и кога се пуфка некој со тоа, а знаеме колкави се легалните приходи на дотичниот лик.
Далеку сум јас од еснаф човек ама за разлика од тебе вака по муабетите нешто слабо имаш работно искуство , барем тука, посебно во приватниот сектор. Можи и грешам ама таков впечаток ми оставаш. Повеќе муабетот ти е како би сакал да биди, а не како е во реалноста.
Како ревносно пишуваш во одбрана и релативизрање на корупција, впечатокот е дека или пишуваш од општинската зграда, или пак од некој локален комитет, ако ти ја погодиле толку живеачката, уживај секој момент во неа, вработување, субвенција, грантче или тендерче, што и да е.
Искрено, сум работел за три стотки дневница, сум работел свое, фамилијарно приватно, сум работел и за солидна плата за наши услови, патем и во РЕК сум работел, а сум работел и надвор од земјата, не знам за тебе, освен пчелите ништо не спомна.
Така да колку толку, сполај му имам некое искуство. Не знам за твои критериуми дали е доволно или не, ама колку шо знам за мрсење мад*ња на форум не бараат CV, може грешка сум.
Пишувам дека е никако моментално, и да, пишувам и како треба да биди, не како сакам. Тоа треба е според она скормно шо сум видел.
И така пак си се вративме на менталитетот на овие простори. Ти викаш тој се менува преку ноќ, јас ти велам дека за тоа треба да поминат неколку генерации и тоа под услов да почниме сега, некаде нашите правнуци ќе имаат некаков напредок на тоа поле, а и тоа е под знак прашалник. Дали си ти во право или јас прашање е сега, но на моја страна е временскиот период од ајде ќе речиме 30 години во кои имаш неброени ноќи за промена на истиот и никако тој менталитет да се промени, а и тоа што е променето е на полошо. Така да извини вака што не сум баш оптимистички настроен, посебно дека барем според мене и обидите како тој да се смени се на погрешна основа.
Таков е менталитетот, а треба да се смени.
Никогаш не сум реков дека менталитет се менува брзо, напротив, ама со неправење ништо, никогаш и ништо не се менува, тоа ми е поентата, нека прават пожарникарите шо сакаат, ама па кој ги е*а и за опрема, со кофи нека гаснат, не джри некако.
И едното и другото одат под рака, и опремата и работните услови, чак и личниот доход со морал и работна дисциплина, секое унапредување на партиска основа а не по залуги е контрапродуктивно во една екипа, настрана во цела пожарна.
И јас не сум оптимист, ама па не сум ни песимист, малку реално, воља треба, ама од врвот надолу.
Ти изглеа одиш по маскимата money goes up hill, shit down hill, како прагматилно ги гледаш работите, искрено да би бил на функција со тоа како оправдување партиски вработувања, па и семејни без здрав критериум, со тоа шо велиш и ти да си би правел исто, можам само да проектирам како би постапил. Уште во предвид ако земам и како лесно го прифаќаш „спечаленото“ на локлните моќници, машала. Проблемот е шо тоа спечалено не се должи на претприемачки дух, талент или способности.