Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Битола најуба, та поуба да не можи да биди! Те сакам, граду мој! :love:
 
Препорачајте некои места за извегување во Битола освен Позитив.
 
Најбогатиот човек на планетава моментално престојува во Битола ја имаме таа чест Благодарение на Иво Ивановски :)
 
Препорачајте некои места за извегување во Битола освен Позитив.

Тапа е Пијано сега.. Лектира ти препорачувам (измеѓу тениското игралиште и салата партизан) и Интермецо (домот на културата до Позитив зимското одма)
 
Да не знајте кој е тој в чаршија шо продава точаци на старо? Ми кажваја имало некој шо носел точаци од страство и многу евтини ги продавал
 
GLUMECOT I NEGOVATA EKIPA OD GLUMCI VETUVAA NE SAMO STADION ,NOVA SALA ,ZATVOREN BAZEN EPA GLUMEC AJDE DA TE VIDIME KAKO KE ODGLUMIS SEGA
1000961_517197691688254_556762254_n.jpg
 
И моето дете ќе навива за Пелистер сподели линк.
Не знаеме шо да речиме и запрепастени сме од изјавата !
Слушам го прегледуваме видеото неколку пати и не веруваме на нашите очи и уши :/ Г-не„@Vladimir Talevski дали сте свесен какви навреди и квалификации дадовте за симболот на Битола Н.Г.Чкембари ?!
Ве разбираме дека дека "немате" сега сили да го направите стадионот што го ветивте на сите нас во лице и пред тв камери ама не можам да разбериме како немавте сили до сега јавно да излезете со изјава за прокетот со стадионот ...Еве поминаа неколку месеци од како завршија изборите и преку разни канали прашувавме дали во општина диркетно дали во таа комисија за спорт дали ваши блиски луѓе или други од партијата но сите креваа раменици и кажуваа дека не знаат шо се случува ...Меѓу време се пуштаа разни спинови дека проект немаме дека е многу скап сме немале да го направиме потоа дека имало тендер за прокетно решени и се јавил само еден архитект од Скопје на што сите се чудиме како тоа само еден архитект се јавил и не беше побарана помош од некој друг за стадионот па после да излезат муабети дека архитеkтот е виден на стадионот правена анализа па од тоа произлего дека нема основ да се гради оти била мала искористеноста иако нашиот клуб има најголема посетеност во цела Македонија :o Па разни муабети дека сте зеле проект од клубот да го носите пред валда а претходно сте биле отидени со празни раце , тоа дека игралиштетот односно местот за трибни го давате за диско итн ...Шо значи работите бегаат од контрола и се нема абер да се почни со изградба односно пари не ви даваат од владата и агенцијата за млади и скопски(рамковен) спорт па сега вината да ја префрлате во Н.Г. Чкембари :P СРАМОТА ! ! !
Сега да се осврниме директно на интервјуто -
1.Дали не е грев пред сите фудбалери и млади деца кои тренираат фудбал да правите ваква кардинална грешка и осакатвање на Битола со тоа што теренот со вештачка трева го поставувате на ќумурното игралиште ?!Греота е тоа игралиште три пати се прекопа и преправи и се ставија нови имиња Павел Шатев како и трибини односно да се разбериме еден ист терен го правите два пати а сега е трет пат наместо да направите нови две игралишта вие единстевениот помошен терен го копате неколку пати а меѓувреме се затвора игралиштето во војската и наместо да имаме три игралишта ние сега немаме ниту едно однсно ќе имаме едно со вештачка трева кој можеби требаше да се постави и на главниот терен
2.Какви 80 000 евра господине за дренажа ?Кога пред година дена се правеше дренажа на истото ова игралиште ?!Како може ние да даваме 80 000 евра а во другите градови коплетно трошоците да ги покрие ФФМ и АМС
3.Неумешно е да се споменува интервенцијата на стадионот со тоа што се откорнаа и постоечките седишта и тоа што се бојадиса дел од собелкувалните и замети стадионот како и тоа за салата е во ред шо се направи малата сала ама се друго е останата како шо беше ...Споредба може да правиме господине со кој сакате град во Р.М. па да видиме што и каде сте интервенирале во спортските објекти веќе година ипол колку што можете за разлика од другите градови каде не беа ветени објекти се направија а кај нас беше ветено и многу малку се направи ..
4.Сакаме стадион ! Ако вистина и вие сакате стадион па земете преземте нешто направете што чекате ?Да ви помини мандатот o.O За начинот можеби беше порадикален за вас но тоа е г-не вие ветивте а ние чекавме да преземите нешто но немавте сили па за тоа ние имавме сили да ви ја извадиме паролата и да ве потсетиме што сакаме од вас и што пак ќе повториме ветивте на сите нас !Вистина не е добро ова што го направиме на Манаки но вие тоа го заслуживте и вие ја срамите Битола ако само малку направевте нешто и преземевте немаше до тоа да дојди и немој да лажите дека не е барана средба кога таа беше барана и доставена со барање во општина како и преку Ѓ.И. исто и преку Н.К. но немаше ништо од вас вие бевте зафатен со Бит-фест и други работи ...
5.Коментарот за Н.Г.Чкембари дека имало поделби и дека некој кавги е во најмала рака смешен да го давате вие и да ни лепите етикети дека имаме партиски активни членови ...Тоа е нонсенс вие да давате квалификации и да глумите експерт за нашата група па дури и за поединци само да ве информираме дека сме сложни како никогаш до сега и остануваме до крај со барањето на средба односно се до ветувањето за стадион ќе ги преземаме сите мерки и сите начини !
6.Хитот односно вицот на денот е советот за навивачите со кукастите крстови o.O АЛООООО има некој дома ?!Кој кукасти кој црни камења да не си останат во 45-та да не бладаш нешто што повторно лажеш кој ти цртал бе кај ти цртал?!Пример ај ете да има некаде цртано што не веруваме кој ти рекол дека се цртани од Н.Г. Чкембари па тие бе човече не знаеш кај тераш и се користиш со лаги и манипулации се само да одвлечеш тргниш муабетот во друга насока и да ги дискфалификуваш и навредиш навивачите Срамота !
7.Порано немавте ингеренции се сеќавате сега гледаме дека законите ве кочат заради материјалите од што ќе бидел граден па мајкуму стара до сега по една тула да се клаваше пола ќе се направеше а не уште вие проект немате направено за две недеели ај да видиме за две недели дали ќе има нешто !Дали конечно ќе има тендер за прокет и изградба
8.Последното не ви требаше па нас не ни вети ниту ФФМ ниту владата ниту АМС дека ќе се гради стадион туку лично вие пред камери како и вие во вашите изјави дека Битола ќе биде најспортски град како и дека Битола ќе добие стадион со 4 трибни за 12 000 гледачи со паркинзи со нова трева рефелектори итн ...

ps.за крај мислиме дека сега знаете дека сме сериозни со барањето и го привлековме вашето внимани и да не се лутите шо си го бараме своето односно нашето ветеното па така да ве израдваме дека ако го направите стадионот ќе добиете и 4 мандат (y) што значи од вас зависи а не од нас и не ја барајте грешката во нашето изразвање туку во тоа што вие до сега не презедовте НИШТО за нов стадион во Битола која го заслужува односно вие ен ветивте само дека на некој(партија) ќе правите стадион туку ветивте на сите граѓани шо значи стадионот е за СИТЕ и лошо е што паѓате на нивото и веднаш мешате партии каде што не му местото ...
С А К А М Е С Т А Д И О Н ! ! ! !
 
Со оваа изјава доколку двојче сериозно непревземи нешто за брзо време за стадионот е еднакво на неговро политичко самоубиство
 
аман ова помошно играчишт “На Ќумурно“ се преправа веќе третпат :facepalm:

таму тренираат деца од најмала возраст,абе шо прават одговорните и тренерите на тие екипи,како и родителите на децата,никој не се побунил на тешките испарувања и мириси од фабриката “Ќиро Дандаро“ :facepalm:

очигледно општината ги нема правите луѓе кои ќе седнат и ќе ги решат проблемите во битолскиот спорт.
 
Може некој да ми даде повеќе информации за хотел "Молика", поконкретно за патот до таму- во каква состојба е, кривините дали се многу остри итн...:)
 
http://networkedblogs.com/Px1Vr

Битола намерно негирана?




Дали проблемите со кои што се соочува земјава во моментов околу проектот Скопје 2014, всушност се последица на една подлабока политичка грешка направена во времето кога се одлучуваше кој град да биде главен на Македонија. Ова е дел од анализата направена во книгата Macedonia на писателката Тами Еванс, која во светот е позната како авторка коај досега има издадено повеќе книги посветени на нашата земја како своевидни туристички водичи.


Според Еванс, еден од главните проблеми околу кои сега се водат жестоки дебати, полемики и проблеми околу оправданоста или неоправданоста на новиот архитектонски изглед на Скопје, е одлуката токму Скопје да биде избран за главен град на тогашната Република Македонија во состав на поранешна Југославија, а не Битола. Скопје беше избран за главен град од политичка причина, а всушност сите атрибути за главен град во тоа време ги имаше само Битола, потенцира Еванс. Во продолжение ќе цитирам само извадок од ставовите и гледиштата на Еванс околу Битола.
„Ветувајќи национална слобода, Комунистичката партија на Македонија успева да регрутира голем број лица кои ќе го зголемат својот личен углед и покрај фактот дека таа е само дел од тогашната комунистичка партија на Југославија под раководство на Јосип Броз Тито. Голем дел од македонците стравуваа да имаат било каква врска со Кралството Југославија и се бореа со КПМ за ослободување на својата нација многу повеќе, отколку за комунистичките идеологии. Под закрила на КПМ, македонците добија своја влада на заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 година, по 41 година од Илинденското востание во 1903 –тата. За прв човек на владата беше избран пронезависниот кандидат Методија Андонов, попознат како Ченто.
По еден месец, во септември, Бугарите се повлекоа од Вардарска Македонија претрпувајќи големи загуби од партизаните. Германците ги следеа во таа постапка, повлекувајќи се набрзина кон Грција и нарачувајќи смрт на стотици Македонци по неуспешниот обид да ја вратат марионетската влада во Македонија под влијание на десничарската фракција на тогашното ВМРО. Се испостави дека над 300 македонци беа убиени по наредба на капетанот Егберт, а голем дел од германските војници им дозволија бегство на македонците.
Со завршувањето на Втората светска војна, југословенското раководство си го одржа ветувањето за независност на Македонија. Новите граници околу Вардарска Македонија ја формираа новата Народна Република Македонија, подоцна преименувана во Социјалистичка Република Македонија, во рамките на комунистичка Југославија. Ченто и неговите истомисленици беа отстранети и заменети од пројугословенски ориентираниот Лазар Колишевски, кој остана на власт до распадот на Југославија по 55 години.
Како главен град на Социјалистичка Република Македонија, Скопје, кој претходно беше политичка пустелија, се вели натаму во текстот, беше цврсто ориентиран кон Србија , а просрпските партизански лидери не беа доволно вешти во владеењето и управувањето. Во меѓувреме, Битола, како град кој важеше за велесила во регионот, тонеше во сенка. Отсечена од претходната нејзина ориентација кон јужните региони на географска Македонија, поранешниот политички и интелектуален капацитет на Битола беше загубен во владеењето на партизанската влада на Социјалистичка Република Македонија. Било какво наговестување дека македонските интелектуалци не се согласуваат со ваквата одлука, беше сосечено во корен, се вели во текстот на Тами Еванс.
Голем дел од сегашните познавачи на состојбата во Македонија, коментираат дека поентирањето со изградбата на барокот или пак неговото критизирање од страна на дел од политичарите, ќе им донесе поени од Запад. Но, западот во Македонија всушност бара личности кои имаат вистинско влијание во политиката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom