Па во некој случај Паљото тргна добар дел од некои бивши симптаизери на СДСМ,неопределени,луѓе разочарани од двете партии....
Од една страна нејќат да гласаат за СДСМ зошто реално тие со ништо не ја уверија рајата дека имаат сила,капацитет да напрат нешто појќе од досегашните...плус омразата на Битолчани кон Бранко датира одамна,отсекогаш Битола била појќе наклонета кон ВМРО,или биле тука некаде....
Истите луѓе во партијата со години,посебно во централата во Скопје,истите веќе видени фрази.истата реторика,не врви појќе....слаба кампања,плус се дозакопаја со отпорот,одиме не одиме....сега е касно веќе...
Од друга страна другите се извадија со шлепање на свои кадри(многу и неопределени пикнаја).....во јавна администрација,РЕК веќе е фул.....му напраја невидени протисоци на луѓето шо ги вработија да најдат по 10 души од нивните најблиски шо ќе гласаат,ова беше клучот,тука е разликата...
Никаков Паљо,никаков Јорго не се некој фактор за да одлучат избори....
Кој е Паљото па да раководи со волјата на 2000 луѓе?тој можи да ги насочи да гласаат тие неговите другарчиња шо одеа со него низ Широк Сокак....
Тој е фактор да кажва колку да креваш за гради и за бицепс....
И Спанаќо на времето лапаше доста гласови,секогаш имало и ќе има луѓе кои излегуваат на гласање и гласаат за некој ваков атрактивен кандидат.......појќе смешен отколку кандидат....

гласаат колку да излезат и да си напрат сеир....
Да имаше нормална опозиција во градот,со луѓе кои ќе беа вистински решенија за развојот на Битола,луѓе кои ќе спроведеа вистинска кампања,без да ги влечат за уши од Скопје фаци како Јани(скопјанецот кој до пред 2 години на парламентарните избори се праеше чистокрвен Битолчанец)

Шема,и папата.... јас гарантирам дека опозицијата уште во прв круг ќе го збришеше Двојче.....
Незадоволството од неговата(не)работа беше огромно,но пак се вади на мускули,зошто реално со оваа опозиција ќе владеат уште 100 години....
Да не го тупам со глупи муабети....не вреди да прајме муабет за политика....
За Битола е погубно шо опозицијата еве веќе 3 локални избори со ред ги губи со голема разлика...
То значи дека работата со политиката во градот не чини,и покрај незадолството....
Ко нема опозиција,ко нема спротиставена јака партија која во секој момент можи да му ја земи фотељата на глумецот не треба да не чуди шо си легнаја на брашното...
И тие точно знаат дека никој не можи да ги загрози,сега ќе фрлат асфалт на некое сокаче,ќе си го организират Битолско лето и ќе му помини уште една година...лагано шо викат....
Градот за овие 8 години требаше да биди далеку понапред...напраено е многу малку во споредба со другите општини,гледајте Прилеп,Струмица шо напраја,ние шо напрајвме..уште канализацијата не е целосно сменета во централното градско подрачје,еј 21 век,уште со цевки од времето на Тито....

Не сме ние Скопје па да ни е гајле кој ќе биди на власт,овде се треба да помини преку партија,секоја инвестиција,секоја чешма шо треба да ја пуштат мора да се јават кај чичковците во Скопје...
Не треба да не чуди шо за цели 8 години ниедна фабрика не се отвори во Битола,освен шо дојдоа Швабите

,ама тие не се улај шо дојдоа овде а не во Скопје...
Овде на вработените им даваат во просек по
8(осум)илјади денари...келнерите во кафичите вадат по појќе...
Ова се тие инвестиции..економски бум.....
Се дури не се отворат вистински работни места за луѓето,не вакви инстант партиски шлепања на несоодветни функции никогаш нема градот да оди напред....
За ова требаше да се насочат во кампањата....да ја заживеат економијата во градот зошто никогаш не сме биле поотепани,сите помали фирми работат со загуба,посебно трговците,(малите дуќани ги отепаја со инспекциите)...занаетчиите ги снема...останаја само кафичи и бутици во градот....
Срамежливо најавуваат рестартирање на железничката за Грција,20 години ова се збора..досега требаше не со Грција туку со Африка да се поврзиме железнички....

Да завршам со само една работа.,..која патна инфраструктура ја има Битола за да дојдат инвеститори...
Немаме железничка....немаме патишта,аеродром намема(за радоста на скопјани)гледајте на шо личат влезојте на градот од сите страни.....
Која сериозна фирма би вложила овде?зошто би вложила....?
Да не си прајме бајрам со умот,освен тие зградите на Циле и тој Русинот ништо нема да се изгради во градот уште долго време.....
Ќе си гледаме културно лето,ќе чекаме да дојдат стрејнџерите на лето,ќе напрат пара газдите на кафичите и кафаните и наесен се ќе си биди по старо...
