T
Tetro
Гостин
БИТОЛА ИМА И ВО РЕОНОТ НА ХЕБРОН
Какви се македонско-арапските врски? Колкави се македонско-арапските односи? Со самото поставување на прашањата, се наметнува заклучокот дека ги има. Се останато е мерливо, во зависност од аголот на гледање.
- Во Палестина, во областа Хеброн и постојат две гратчиња со истоимени имиња како и во Македонија. Тоа се градовите Битола и Гевгелија, тврди Абас Авад Абделкарим, постдипломец на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања во Скопје.
Абделкарим вели дека постојат уште неколку други сличности.
- Дел од жителите на Битола во Хеброн денес како бегалци се преселиле во Јордан. Најголемото семесјтво во овој град се вика Ал Адам. Тие својата Битола ја нарекуваат Битуља. Другото помало гратче - Гевгелија, го викаат Гелгилија. Вашето македонско село Морани, во сегашната општина Студеничани, го носи името на една цела населба во Ерусалим. Пред еден месец во Палестина беше објавена книга на писателот Мухамед Алипкера во која се наведува врската меѓу нашето и вашето Морани, раскажува Абас Авад Абделкарим.
Според него, има и други сличности. - Вие Македонците велите Карпалак, а на арапски, во Ирак градот се вика Карпалк. Или скопското село Чифлик, е истоимена населба во Наблус, вели Абделкарим.
- Додека сум тука во Македонија јас ги истражувам и обратните врски, односно примената на арапските зборови и поими во вашата земја, истакнува Абделкарим.
Тој вели дека во периодот од 1982 до 1991 година, кога првпат престојувал во Македонија, а и сега во овие две години „се уверува во сличностите“.
- Мислам дека овие односи датираат уште од времето на Александар Македонски. Во Македонија забележав многу книги за Египет. Вашиот писател Божин Павловски напишал книга „Египетска сонувалка“, а академикот Радован Павловски многу пишувал за Египет. Забележувам многу дуќани, деловни објекти и слично што се викаат Египет, Вавилон, Јордан, хотел „Дамаск“ во Тетово или Арапска куќа во Скопје. Има и арапски гробишта, додава Абделкарим.
Тој наведува дела др. Џамаили Мухамед од Каиро неодамна објавил книга под наслов „Македонија помеѓу минатото и сегашноста“ во која зборува за арапскиот херој на југот на Балканот, токму од Македонија.
- Мора да се признае дека понекогаш се пишувало или зборувало лошо за двете страни. На пример во византискиот период, тука во Македонија, Арапите се доживувале како лоши луѓе, па затоа се среќава изреката „црна арапина“. Во кумановскиот проглас од 1945 година за заедничка борба против окупаторот како заедница се повикуваат и арапите, значи врски имало. Според моите сознанија, станува збор за кумановското семејство Абу Салам. Кога доаѓав тука пред година и половина, големото палестинско семејство Абу Салам ми порача да ги поздравам нивните братучеди во Македонија. Слушнав дека кај вас е познато семејството Дудин. Но, тоа е исто така големо и познато семесјтво уште пред 1500 години во Дура кај Хеброн, вели Абделкарим.
Абас Авад Абделкарим одлично пишува и говори македонски јазик. Деновиве како член на Здружението на граѓани за арапско-македонско пријателество и соработка АРАП-МАК присуствуваше на одбележувањето на годишнината од формирањето на друштвото во Битола. На таа манифестација битолскиот поет и книжевник Панде Манојлов се претстави со песната „Палестина“.
Манојлов вели дека добил посебна благодарница од здружениеот АРАП-МАК и дека неговата песна е препеана и преведена во палестинските територии, Јордан и Египет.