Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Московскиот суд и даде рок од еден месец на руската Влада да докаже дека Кремљ е во нејзина сопственост, откако потомците на древната руска династија Рјурикович, побараа право на користење на имотот и зградите.
Тужбата против Владата и Министерството за култура ја поднел Валериј Кубарев, претседател на т.н. Кнежевска фондација, која ги претставува наследниците на династијата која владеела сè до 1598-та година. Тие бараат право на неограничено користење и грижа за Кремљ.
На општо изненадување, Арбитражниот суд во Москва не само што одобри сослушување, туку побара и доставување на документација за сопствеништво.
Пред Иван III Васиљевич, кој и припаѓал на династијата Рјурикович, да го комплетира ѕидот околу 28-хектарскиот имот во Москва, историскиот комплекс бил граден со векови. По падот на СССР, Руската федерација го наследи Кремљ, кој сега служи како официјално претставништво на претседателот на Русија, иако не постои официјално регистрирана потврда за сопствеништво.
“Сакам во графата за адреса на мојот пасош да пишува Кремљ, Москва. Рјуриковичи отсекогаш го помагале духовниот и културен развој на Русија, затоа династијата заслужува да биде регистрирана во срцето на оваа земја. Имотот не е купен од нас, ниту е земен по законски пат, затоа федералните власти немаат право на него. Бараме да ни се врати Кремљ и да ни биде исплатена отшета”, вели Кубарев.
Следното сослушување е закажано за 8-ми октомври. На својата интернет страна Валериј има објавено поширока листа од 89 тврдини во различни градови на Русија, Украина и Полска за чија сопственост планира да се бори.
Додека едни го доведуваат во прашање неговиот здрав разум, други веруваат дека негова примарна идеја е да обрне внимание на состојбата на руските историски тврдини, кои последните неколку години горат една по друга.