Биртии

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
leandra ако си била во Болетос треба да те одликуваат со орден за храброст :pos::pos::pos: Мене од таму ми е страв да поминам, дури и преку ден :pos::pos::pos:
 
Си била кај Гавро и во Болетос ? или од муабети рекла-казала ти е постов ? :)

Не сум била, ќе ме носиш?
--- надополнето: 29 август 2012 во 08:53 ---
leandra ако си била во Болетос треба да те одликуваат со орден за храброст :pos::pos::pos: Мене од таму ми е страв да поминам, дури и преку ден :pos::pos::pos:

Ако не се задеваш никој не те задева. Препорачувам да имаш и машко друштво до себе чисто да бидеш послободна. Ќе ги носам екипава па ќе те викнам и тебе да се престрашиш :icon_lol:
 
. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Ау, ти во арните ја имаш начекано, кога има гужва и мораат да подзачистат, а и влегуваат-излегуваат луѓе па излегува малце чадот надвор. Имам отидено во работен ден кога е скоро пустелија, а пак димна завеса - прст пред око не се гледа, од чашите пиење - не (освен ако немаш желба да фатиш колера), певаљката се фачкаше со келнерот и во меѓувреме си праќаше погледи со сите (десетина) души што седеа, а тие изгледа беа некои повратници, па и лепеа евра во прслук (деколтето беше пониско од прслукот). Кога бев имаше и шипка ставено, носеле стриптизети. Иначе од пред некое време е затворена и веќе нема да се отвара. Страшна загуба за човештвото, чашкари ќе немаат кај да се млатат :pos:
 
Страшна загуба, зошто ја затвориле?:)
 
Страшна загуба, зошто ја затвориле?:)
Наводно ќе се врателе газдите на објектот од странство и не сакале веќе да ја издаваат за кафана, туку или ќе отвореле нешто друго или ќе стоело така, ама кафана немало да биде пак.
 
Келнерите се посебен декор на вакви места, кај нас во селово најпопуларен беше "Мајка Нурија" 60 годишен чиче кој беше келнер во многу вакви биртии, кој не верувам дека некогаш во животот го повишил гласот или пак се изнервирал.
Порачале двајца скара во некоја биртија и го викнал тој што порачал плескавица да се побуни оти обична плескавица и кременадла имале иста цена. Демек плескавицата секаде е поефтина..
Мајка Нурија онака со зен смиреност во неговиот глас му рекол - Куро не му гледаш, оти не јадиш кременадла..
 
Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.

Два галеба биле... Штета, ја затвориле :(

И што мајка бара Болетос овде? Болетос е кафиЌ бе!
 
Таа певаљката од Болетос кога пее/рика се слуша до кај мене кај Багремче како во двор да ми пее :pos:
 
Не сум била, ќе ме носиш?
--- надополнето: 29 август 2012 во 08:53 ---

Не оти чудно ми дојде, кај Гавро често седам со екипава, женско немам видено :)
Исто и во Болетос имам седено, али таму си оди посебна клиентела.

Иначе ако имаш желба не е проблем, ќе те однесам :)))
 
Не оти чудно ми дојде, кај Гавро често седам со екипава, женско немам видено :)
Исто и во Болетос имам седено, али таму си оди посебна клиентела.

Иначе ако имаш желба не е проблем, ќе те однесам :)))
Таман работа да седам често, ќе ми залепат веднаш налепница :))
И ти ама ја напраи сега оргинал Велешката, не сум те видел, боже таму спиеш секоја вечер и бројчиња делиш. Специфичен менталитет тоа ти е :)
 
Биртиите си имаат посебен шмек кој бил "Кај курето" знае за што зборам.
Ја знам таа, кога ќе ја нарачаш песнава

ти доаѓа певаљката со цел оркестар и ти ја пее нежно на увце, и кога ќе стигне до рефренот: "Срце је моје виолина, што је дираш кад не знаш да свираш" ја вади левата цицка, ти намигнува и те штипнува еднаш за обравчето. А ти облечен у црн капут, со отсутен поглед, со пуна пепељара пикавци пред тебе и цигара која ти гори меѓу прсти и нечепната чаша сок од портокал те лупаат паранои и си викаш - Не е тоа тоа што ми треба у живот.
 
Бил некој во Дон Тони до пругата кај мостот во Велес? :pos::pos: Е тоа мислам дека е биртија во права смисла на зборот. :vozbud: Прееска поминував од тука, го здогледав местово и ми текна дека мора да биде спомнато, споделено и овековечено во оваа тема :pos:
 
Значи цел Велес да ти бил полн со биртии, е брао :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom