Биоритам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Биографија:
По долгогодишна работа на мак-естрадата во Април 1995 година се дојде до идеа да се направи вистински “SHOW BEND” на кој му требаше многу краток период за да се оформи комплетно и за само 6 месеци од формирањето да издаде свој прв носач на звук “ЦД”. Од тогаш па наваму групата "Биоритам" работи интензивно како на својот имиџ така и на полето на музиката и се разбира сето тоа резултира со многу снимени песни, турнеи насекаде низ светот, издавање на три носачи на звук со околу четириесетина песни од кои голем број се веќе и мега хитови како: "Султана", "Розика", "Паша паша", "Ех да свири Садило", "Дајте една стара" и многу други. Сите овие години "Биоритам" го освојува срцето на народот, ги збогатува фестивалите ("Цветници", "Валандово", "Охридски трубадури", "Тумба фест") со своите нови хитови и сценски настапи и како резултат на тоа две години ја освојува престижната награда: “Група на годината” за 1997 и 2000 год. И како што кажавме групата е ангажирана со настапи и концерти ширум земјата и дијаспората најповеќе на големи манифестации кои навистина ги има во многу голем број.

ИЗВОР.



 
Постојат овие уште? Само бледа копија на култната група Алпина и ништо повеќе. Таргет група им се граѓани од 60 до смрт, дијаспората и трактористи од ЗИК-овите.

Алпина беа хардкор за овие лејмери, уствари имаше едни Опус нешто како стонер- шабанизам прилепчани со две солзи ми капнаа (после Ристо Бомбата како Ал Виард Јанкович ја препеа) е тоа се вика песна не овие лејмерчиња Биоритам.

Две солзи ми капнаа ти е Stairways to Heaven за македонски шабанизам.

 
Еј може да ја постира некој песната што им идеше: штом денот помине и ноќта осамне..ако не се ллажам :D
 
Биоритам? Смешни се. Креативноста им е на слабо ниво иако фронтменот Новица е харизматичен плус екстравагантни се со цртежите на лице. Може да се кажат дека се нашите фолк Kiss.

D62BA31528A03349AE0FFE6927293949.jpg



Но сепак неможат со нашите техно фолкери Алпина.


Е ова е веќе интро, соло и јака прелази. Се гледа дека креативноста ја имаат за разлика од Биоритам.
 
Лелее, ни свиреа овие на матурско вече у Континентал пред речиси 3 години. Уште не можам да го заборавам тој хорор... успеаа да прошабанат неколку легендарни екс-ју рок песни :tapp:
 
.....и да не ја заборавиме “Еј Розике бре комшике бре комшике’’, песната што ги проби и ги направи таков култен бенд!

...шарено шеширче мое, модерен дезен
како од версачи да е или пјер карден
шарено шеширче мое, шарено е се
пробај га Розике срце дал ти пасуее......
 
.....и да не ја заборавиме “Еј Розике бре комшике бре комшике’’, песната што ги проби и ги направи таков култен бенд!

...шарено шеширче мое, модерен дезен
како од версачи да е или пјер карден
шарено шеширче мое, шарено е се
пробај га Розике срце дал ти пасуее......

...and that's what I call art...NOT

 
За музиката не сакам да коментирам бидејќи не ја слушам, но можам да кажам дека Антонио (Тони) е навистина интересна личност. Имав можност да го запознаам и ептен сум се смеел како лудак.
 
Сите шо јадите гомна да дај госпо на свадба да ви свира! :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom