Прегледај го приврзокот 448703
Повеќе во Градските области ????
Би нафрлил
збор-два само околу мапава и тоа што го покажува
Од мапава се гледаат региони со помалку и со повеќе пријави.
Тие коинцидираат воглавно со планинските региони - Карпестите и Апалачките планини. Посебен регион е Флорида, поточно мочварата Еверглејдс и тамошните пријави се различни од пријавите за виден Бигфут кои доаѓаат од Карпестите и Апалачките планни. Мочварниот Бигфут (такозвани skunk ape) е малку поразличен морфолошки од другиве.
Исто така локациите на пријавиве хронолошки коинцидираат со миграциите на карибуата низ Западот и слични покрупни сезонски движења на голем дивеч (што секако не може од мапава да се види). Коинцидираат и со локациите кај што живеат мечките (Карпестите и Апалачките планини), што дава индиции за:
- тоа дека можно е многу од пријавите да биле всушност мечки (на две нозе во моментoт и сл.)
- но и со тоа дека е логично Бигфутот да живее во биосредина која може да подржи голем предатор, како што е мечка или кугуар. Значи да има голема био маса на крупен дивеч и сл.
Потоа гледаме дека како се иде на север има помалку пријави и тоа е впечаток кој залажува, бидејќи ако нема кој да го види, нема кој да го пријави, а тој факт е ништожен во контекст на тоа дали има или нема Бигфут таму, на таа локација.
Работата е што 90 посто од населението на Канада живее на сто километра од америчка граница (ова го лупнав онака, али проверете ќе видите дека е слично), Америка (кај што се сите овие пријави на мапата) има 300 милиона, а Канада има 20 милиона (или нешто слично).
Околу ова може да се спомне фактот дека има многу повеќе пријави у ловна сезона и тоа е ради тоа што тогаш има многу повеќе луѓе (ловци) таму у тие зони, а можда и ради тоа што тогаш и се тие миграции на крупниот дивеч, по кој идат претпоставените бигфути.
Заради све тоа нема толку пријави на север. Инаку во Канада има доста пријави особено у регионот на Ванкувер. На мапава ја нема Аљаска и северот на Канада накај Аљаска што е. Таму има доста.
Мапата на пријави исто така коинцидира со поставеноста на националните паркови (шумско-планинските пред се). Во националните паркови има највеќе пријави.
Америка е првата земја која воспоставила национални паркови (околу сто години по формирањето на самата држава).
Да претпоставиме дека имало бигфути, сасквачи или како и да ги нарекуваат и дека индијанците знаеле за нив (што потврдуваат нивните преданија, митологија, тотеми и сл.). Америка се формирала у XVIII век и почнала од тогаш да ја шири цивилизацијата накај огромните диви предели. Некои од дивите предели останале диви до денес, само затоа што многу бргу по инкорпорирањето на тие региони, се прогласени за национални паркови. На пример, еден од најголемите национални паркови, каде што има многу пријави, станал заштитена дивина (национален парк) само триесет години откако Вајоминг влегол во САД. Сакам да кажам тоа било и си останало дивина.
Повеќе во Градските области ????
Го гледаш средишниот рурален дел во кој нема пријави. Тоа е рурален дел, но тоа се централните рамници низ кои течат Мисисипи и Мисури. Таму во рамното нема бигфути. Не може биодиверзитеот да ги подржи и тн. Затоа нема ни многу кугуари, а ни мечки таму, него се све по планините и шумите.
Не се тие пријави у градски области. Размерот на секој еден Бигфут кој на мапава покажува една пријава во однос на размерот на мапата, не ти дозволува правилно да ја процениш локацијата, па ти личи дека се све начукани по градовите, а градовите и урбаните средини, ќе се зачудиш колку малку зафаќаат од вкупниот простор. Друга работа, ти гледаш да речеме на исток и запад дека има многу пријави, а таму се градовите. Епа еве на пример ќе го земе Њу Јорк, државата со најголемиот град.
Еве мапа со пошуменост. Тоа најдоле десно е градот.
Еве мапа со населеност.
Еве ти слики од Адирондак планините, па кажи дали теоретски би имало услови баш у држава Њу Јорк да живее таков голем предатор.