Безбедно плаќање on-line

  • Креатор на темата Креатор на темата alejandro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2011
Мислења
40
Поени од реакции
3
Го немаме тој (легален) луксуз да користиме PayPal кај нас, па приморен сум да правам нарачки преку интернет со картичка. Сепак, ризикот постои со кредитна картичка, а имам слушнато (од Словенија конкретно) дека преку банката може да се врши некое безбедно плаќање со картичка се со цел некој да не ги употреби моите податоци и да ме стави во минус на картичката.

Не сум запознаен дали го има тоа кај нас, а налетав на E-banking успуга (на Тутунска). Дали оваа услуга има некаква врска со претходно спомнатото, т.е дали на овој начин сигурноста на плаќање со картичка е поголема или нема врска едно со друго?

;)
 
Никако не вадете со дебитна/кредитна картичка. Вадете Интернет картичка. Се плаќа 200/300 денари, но барем посигурно е.
 
Хм, не сум слушнал до сега за Интернет картичка, како можам да ја набавам?
 
Јас извадив преку Стопанска Банка. Тоа ти е како посигурна варијанта. Си ставаш пари колку што че ти требаа за да му платиш. А ако ти ја пробие дебитната/кредитната, си го јадел стапот.
 
Пребарав, видов дека е на Стопанска. Штета јас сум на Тутунска :( А со неа може да се плаќа всушност како да е кредитна? На пример сега јас нарачувам, не знам, 5 чаши од hjoiugbk.com, и во Checkout-от внесувам податоци како картичкава да е кредитна? Се надевам ќе ме разбереш, сакам да кажам дали го има тоа долгото бројче и сл.
 
Ја колку што знам, а не знам многу, од дебитна можат да ти извадат онолку колку што имаш на сметка и толку. Не можат да те стават во минус. Така?
 
Неможам да ја најдам картицата сега. Но мислам дека има од тоа долгото бројче.
--- надополнето: 12 јули 2012 во 19:58 ---

Па ги хакираат многу, и затоа посочив подобра алтернатива. Таа и да ја хакнат ништо не е. Ако имаш повеќе пари може и тие да ги земат.
 
Аха, а оваа Интернет картицава, на неа никако не можат да те стават во минус така? Само можат да ми ги земат парите кои ги имам и толку, не дај боже, ?
 
E-banking нема врска со плаќање на интернет.
Можеш да извадиш и дебитна, колку пари имаш на сметката поврзана со картичката - толку можеш да трошиш, ни денар повеќе.
Безбедно е патем.
 
Фала за одговорот, а во некој "да чукнам во дрво" случај ако некои хакери стигнат до бројот на дебитната картичка не можат во минус да ме однесат, туку само парите кои ми се на картичка би ми ги земале?
 
Аха, а оваа Интернет картицава, на неа никако не можат да те стават во минус така? Само можат да ми ги земат парите кои ги имам и толку, не дај боже, ?

Абе нормално дека може и на оваа да ти земат повеќе. На дебитната ти се сите пари (да не ги влечкаш по џебови сеа), па треба на ризик да одиш да не ти ја пробијат и да ти ги извадат сите пари. Мисли се, па вади, ставај. Боље на оваа интернет картицата, само си префрлаш од дебитна и готово. Иди на таа варијанта. Иначе мислам дека ја немаат сегде таа интернет картица.
 
Уште утре ќе прашам во Тутунска, фала многу.
Само прашањето ми беше дали може во минус да отидам ако ме хакнат на интернет картицата?
 
Најдобра варијанта како што ти кажале е да си извадиш Виза Интернет картичка од Стопанска Банка АД Скопје бидејќи тие се единствена банка во Македонија што нудат можност за картичка од ваков тип. Јас ја имам веќе година и пол и досега сум немал проблеми. Поврзана ми е и со PayPal, Skrill и AlertPay и никаде нема проблеми. Кога сакаш нешто да купиш од интернет си ставаш онолку пари колку што те кошта тоа што треба да го купиш и си плаќаш. После картичката ти е пак празна, и да ти ја хакне некој нема што да ти земе од неа. Кога треба да ти стигнат пари на неа уште истиот ден ако ти стигнат или после неколку дена ( имаш право e-banking акаунт со оваа картичка и можеш во секој момент на интернет да си провериш дали имаш стигнато пари или не ) оди одма извади ги од шалтер и чиста сметка долга љубов. Ова ти е најсигурен начин.
 
Уште утре ќе прашам во Тутунска, фала многу.
Само прашањето ми беше дали може во минус да отидам ако ме хакнат на интернет картицата?

Ако ми го украдеш новчаникот, а во него имам 500 денари, дали ќе ми украдеш 500 или 1000?
Исто ти е и со дебитните и интернет картички. Користам дебитна за нарачување од интернет, на Тутунска, и никој ништо ми нема украдено :)
 
На дебитна не може да одеш во минус пошто самата картичка не дозволува да одиш во минус туку колку што имаш на сметка толку. Сега ако имаш 10 000 евра на сметка тоа е веќе друго.
И друга работа незнам што си го тупите мозокот. Освем ако купувате редовно онлајн, па реално имате потреба да отворате пејпал или да вадите посебни картички, не гледам причина за една нарачка да се заебавате.Сега барем имате еден куп што посредуваат при плаќање, со мали провизии, така да трудот не ви се исплаќа за една порачка или две да се малтретирате или да се ставате во ризик да заебите нешто или некоја глупост во меѓувреме да направите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom