Берово го мислев за мирен град со питоми и културни луѓе, а ете имало по некој коров секаде во градина!
Цитат :
...веќе станува неподносливо да се премолчува.
Иако, знам дека гласноворниците не се баш омилени кај оние кои се навикнати да виткаат кичма.
Се расправам во банка, се бунам во амбуланта, на каса, во маркет, секогаш кога некој ќе си земе за право "само" за прашање да се бутне преку ред.
Оваа расправија продолжува понатаму, па дури и кога одам на ИЗВОР да наполнам вода.
Кога се оди на извор, најелементарно е секој да биде подготвен.
Миењето туби и шишиња токму таму, пред сите што чекаат, не е „ситница“ тоа е чисто непочитување на другите.
Таквите работи се прават дома. На извор се доаѓа подготвен, за да тече редот брзо и нормално.
Ова не е прашање на удобност, туку на социјална одговорност и минимум култура во заедницата.
Еден мал гест на обзирност може да заштеди време, нерви и непотребни расправии. А општеството се гради токму од овие најосновни навики.
Абре си дошол човекот со цел куп туби и шишиња и си ги мие едно по едно, мува не го лази, а сите стоиме и чекаме да си заврши работа.
Затворен цитат!
... реагирајте на лице место, тргнете го од изворот, не преќутувате и чекате, тој можеби намерно тоа го прави и се задоволува и игра со вашите нерви на чекање на ред!
...ист случај насекаде нема друго или да се ќути или на лице место да се реагира, мислам дека е потешко да се преќутува и здравствено штетно да се акумулира негативна енергија, вака треба да се ослободи, па макар било со расправија, барем јас на лице место реагирам све што не е професионално, цивилизирано, културно, неправдено или едноставно ќе се тргнам ама да трпам - никако!