Белгија-Македонија 1:1!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Aко текстов подолу многу ве потсетува на нешто што го преживувате секојдневно кај нас,немој многу да се изненадите,па ние немаме крал,или добар фудбалски тим,а за пивото е сеедно кога едните не го сакаат исто колку другите,тие преферираат чај.:),сепак останува да продискутираме дали и нас не чека судбина слична на оваа подолу:
-Претерано или не, според она што се случува деновиве во Белгија, јасно е дека таа поминува низ уште една болна фаза од она што може да се окарактеризира како држава во постојана ревизија. Имено, по секои избори се продлабочуваат линиите на поделби исклучиво на јазична основа и се прават нови „рамковски договори” за иднината на земјата. Тоа што побара победничката Демохристијанска партија на Фламанците да го аминуваат франкофоните либерали, кои беа дел од преговорите за формирање влада, во Валонија беше дочекано како јасна намера за создавање конфедерација, како чекор до отцепување на двете територии и како проектирање на програма за држава без иднина. Иако демохристијанинот Фламанец Ив Летерм го врати деновиве мандатот, изјавувајќи дека не е возможно да договори владина програма за која му дале доверба гласачите, тој и натаму важи за можен иден премиер. Во формирањето на идната белгиска влада досега, покрај кралот и Летерм, беа вклучени и многумина други со оригинални функции кои можат да ги разберат само Белгијците, од форматори, медијатори, информатори, трансформатори, па до најновите што ги бара јавноста – т.н. деминатори. Двајцата што ќе ги отстрануваат „минските полиња“ се претставници на фламанската и валонската победничка политичка партија, и нивната задача ќе биде да најдат минимум заедничка програма околу која може да преговара идниот составувач, франкофонот Дидиер Рејндерс, со мали шанси тој да биде сепак и премиер, туку да му ја заврши задачата на Летерм, бидејќи Фламанците се многу побројни во државата.
Барајќи ги виновниците за политичката криза, Летерм деновиве изјави дека не е проблем што либералите Валонци ја одбивале неговата програма, туку што тоа го правеле со голема доза на ароганција додека самите немале предлог ниту за една од бараните реформи во земјата. На валонска страна, Летерм беше посочен како главната пречка за формирањето на коалицијата, бидејќи бил премногу Фламанец и не сфатил дека со регионална (фламанска) политичка програма не може да биде премиер на Белгија. За франкофоните тој е разединувач, а не обединувач по неговиот политички испад за време на националниот празник на Белгија летово, кога на новинарско прашање дали знае што, всушност, слават Белгијците немаше адекватен одговор, а место белгиската ја запеа француската химна, наводно зашто прашањето му го поставиле на француски.Иако по татко со франкофонско, а по мајка со фламанско потекло, па и името му е со франкофонски корени, Летерм е во континуирана кавга со Валонците од пред изборите, кога изјави дека Белгија е „инцидент на историјата“, дека „франкофоните немаат доволно интелигенција да научат фламански“ и дека единствени нешта што ги обединуваат двете етнички заедници се „кралот, фудбалскиот тим и некои пива“.
Проблемот, според аналитичарите на кризата, е што во Белгија се' е поделено и функционира по јазичните линии, па белгиските политичари за време на националните избори се кандидираат само на регионалните листи и настапуваат со етнички место со државни програми. Проблем е, исто така, и економското заостанување на Валонија, која секое барање за чиста сметка во финансиите од страна на побогатите и побројните Фламанци го сфаќа како закана, бидејќи самата не може да си го плати нивото на социјална заштита и други погодности што ги има, а ги компензира другата заедница. Проблем е, всушност, што темпото со кое оди напред Фландрија не го следи и Валонија, па барањето за раздвојување на средствата по јазичната линија во здравството, социјалата и околу вработувањата, како и за регионални компетенции во правдата им ја кренаа косата на главата.Разликата во развојот меѓу Фландрија и Валонија е како меѓу Словенија и Македонија во бивша Југославија, при што Фландрија е еден од најбогатите региони во ЕУ со занемарлива невработеност, додека во Валонија таа е исклучително висока. Иако претставуваат 60 отсто од популацијата, Фламанците создаваат 80 отсто од доходот, па сакаат да запре тоа прелевање на средствата.
 
Ima edna mnogu golema razlika. Belgija se sostoi od dva konstitutivni naroda so fiksni teritorii i sekakva sporedba so Makedonija e totalno pogreshna i apsolutno bespredmetna!!!

Ili vekje gi napravi Albancite so fiksna teritorija i konstitutiven narod?
 
Силен : ептен си во право. Инаку, да се разбереме, темава е за во еден друг форум. Ќе ја префрлам на нејзиното место :wink:
 
Ima edna mnogu golema razlika. Belgija se sostoi od dva konstitutivni naroda so fiksni teritorii i sekakva sporedba so Makedonija e totalno pogreshna i apsolutno bespredmetna!!!

Ili vekje gi napravi Albancite so fiksna teritorija i konstitutiven narod?

Не ни помислувам дека Албанците станале конституивен народ во Македонија,ама би потенцирал со примерот на Белгија што би можело да се случи и доколку Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ.Инаку кај нас преовладува мислењето дека со членство во НАТО и ЕУ на Македонија ќе и се гарантира целовитост и независност на одреден начин.Примерот со Белгија која како што виде погоре уште се нарекува "парадокс држава" само ги потврдува фактите дека членството во Евроатланските институции не гарантираат независност и територијална целовитост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom