Бекам целата плата од ПСЖ ќе ја дава во хуманитарни цели

  • Креатор на темата Креатор на темата Beck's
  • Време на започнување Време на започнување
B

Beck's

Гостин
Кога Дејвид Бекам реши да ја прифати понудата на ПСЖ и потпиша договор со овој клуб, многумина сметаа дека финансиската моќ на газдите на францускиот клуб беше еден од главните фактори при неговиот избор. Сепак, англискиот ветеран уште еднаш покажа зошто важи за спортски идол на милиони луѓе ширум светот, откако обелодени дека целата плата што му е гарантирана со петмесечниот договор со „светците“ (околу 150.000 евра неделно) ќе ја подари во хуманитарни цели, на фондацијата за сиромашни деца во Париз.

Нема да земам никаква плата додека играм за ПСЖ, сите средства што треба да одат на мојата сметка ќе бидат пренасочени на фондацијата за сиромашни деца во Париз. Тоа е делот од овој трансфер што ме прави најмногу горд, бидејќи имам можност да им помогнам на голем број деца да ги остварат своите соништа. Му благодарам на ПСЖ што излезе во пресрет на ова мое барање“ - изјави Бекам. :cuc:
 
Сигурно нема да му фалат парите, ама човекот е класа. Има некои и со 10 пати повеќе од него, па ништо... Фудбалска и селебрити икона. :cuc:

BB9ak_2CAAAbmQr.jpg:large


:cool:
 
Мене ме импресионира со потегот. Знам ќе речат ај бе има милиони, му затребале. Ама и други имаат милиони па не мрдаат со прст за никој. Секоја чест.

Знам и дека работи со мали деца, така да ја има мојата почит.
 
Вероватно нема банка више у која може да ги прибере и тие пари....
 
Не верувам дека ќе игра ама баш за никаков приход, ама како и да е, ваквиоот потег е за поздравување (y)

Јас неможам да ги сфатам другите фудбалери/спортисти, што зимаат месечно по милион евра, АЛОО МИЛИОН ЕВРА МЕСЕЧНО, пример Роналдо и Меси, и двајцата од прилика зимаат толку. Они сигруно дека помагаат на некои свои особи, како роднини, пријатели и тако даље...

Ама јас да сум на нивно место, зимам милион евра, и секој месец ќе одвојувам по 100 илјади евра и ќе ги давам на некое рандом загрозено семејство, кои немаат свој покрив на глава, немаат леб да јадат, и други такви проблеми...
 
Еми решил да се спаси од вечниот оган и подобро порано отколку покасно,бидејќи покасно може да биде веќе касно.Оти како што и самиот Исус вели
"Поскоро камила ќе се протне низ иглени уши,отколку богатиот да влезе во рајот":)
Како и да е стварно човечно од негова страна и оваа негова одлука е за поздрав.
 
Браво секоја чест... Легенда
Сега Верати ќе грее клупа, и оп на лето во Јуве :icon_mrgr:
 
Не верувам дека ќе игра ама баш за никаков приход, ама како и да е, ваквиоот потег е за поздравување (y)

Јас неможам да ги сфатам другите фудбалери/спортисти, што зимаат месечно по милион евра, АЛОО МИЛИОН ЕВРА МЕСЕЧНО, пример Роналдо и Меси, и двајцата од прилика зимаат толку. Они сигруно дека помагаат на некои свои особи, како роднини, пријатели и тако даље...

Ама јас да сум на нивно место, зимам милион евра, и секој месец ќе одвојувам по 100 илјади евра и ќе ги давам на некое рандом загрозено семејство, кои немаат свој покрив на глава, немаат леб да јадат, и други такви проблеми...

Po moe mislenje go zedoa radi marketing, mozebi dosega imalo ljubiteli na Beckham sto ne ni slusnale za PSG a sega znaat deka e fudbalski klub:)
 
Ајде бе ќе излезе утре Кардашијан до маркет да си купи нешто,и цел интернет ќе се преплави со тоа.....а овој не е битен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom