Beavis and Butt-Head

  • Креатор на темата Креатор на темата [Ra]
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Локација
Струмица
Слично како и South Park, Beavis And Butt-Head се лансираа во светот на популарноста едноставно со офанзивен хумор кој редовно ја преминувал границата. Сепак, исто како South Park, шоуто растеше заедно со публиката и всушност се опамети без стриктно да се држи до употребата на пцовки или гласни крици, и своевремено продуцираше сосема солиден филм кој беше неколку класи над корените на шоуто.
bb-455.jpg

Но, како што изгледа е тренд деновиве, цртаните комедии со огромна популарност и милиони фанови низ целиот свет доживуваат да бидат откажани од телевизиите, за да бидат „оживеани“ години подоцна. Иако Бивис и Батхед не си заминаа од MTV на таков контроверзен начин, како на пример Familly Guy пред да се најде повторно во етер, огромната маса на љубители на серијалот веројатно тешко подголтна кога серијалот заврши со тоа што дуото ги уби своите непријатели и директорот на школото (со „помош“ на срцев удар) само со тоа што Бивис и Батхед се појавија на училиште.
Креаторот на култното шоу Мајк Џаџ ја продолжи кариерата со серијата King of the Hill, и иако и тоа шоу беше популарно, не беше ни до колената на Beavis And Butt-Head. На сеопшто задоволство, Мајк Џаџ одлучи да им се врати на корените и да ги оживее момците.
Еве го и промотивниот клип за враќањето на Бивис и Батхед, дечки кои од денешна перспектива ги сфаќаме многу подобро кога се во прашање нивните сесии на гледање телевизија :)
Е, да не заборавиме: новите епизоди во кои Бивис и Батхед освен музички спотови ќе гледаат (и ќе мрчат) и Jersey Shore, UFC тепачки и аматерски клипови на YouTube, меѓу другото, ќе се појават во октомври годинава.
Една епизода веќе ја има на јутјуб и може да гледаме
извор
 
хахааа колку дебилни фацички имаат овие бивис и батхед еј...
 
Хаххаха, колку ја сакав епизодана коа продаваат чоколади и со еден долар си ги купуваат еден од друг, и со доларот уствари си ги изедоа :pos: Не можам да ја најдам....
 
abe zakon bea kaj se 90 setite imase i dobra muzika serii so ne kaj e toa vreme
 
Ги имам гледано сите епизоди...значи сум се смеел нон стоп 400+ минути :D
 
Многу ги гледав овие како мала, ги даваа со македонски превод на една струмичка телевизија ама веројатно толку сум разбирала тогаш од нивната поента што дури ништо не паметам. :pos:
 
Многу ги гледав овие како мала, ги даваа со македонски превод на една струмичка телевизија ама веројатно толку сум разбирала тогаш од нивната поента што дури ништо не паметам. :pos:
Вис, Интел? :D Тогаш си била мала ама сега си доволно гољема и да се изнасмееш :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom