Не баш....James BEDE е еден необичен конструктор.....неговиот авион BD2 кај кој за првпат е применето лепење на структурата у сендвич метални панели со кора од алуминиумско саќе подоцна стана познат како: American Aviation AA-1 Yankee Clipper па Grumman American AA-1 , па Grumman American AA-1B Trainer и TR-2 па Gulfstream American AA-1C Lynx и T-Cat.....,
после неговиот BD4 висококрилец со карактеристичната цевка за рамењача на крилото пропознатив знак на Jim Bede.
BD5 извади од памет пола свет, а 8000 од нив уплатија место во редот за чекање кое беше 200 $ ......( јас само купив де лукс инфо материјал за 30 $
)
Со ваквата претплата Bede гарантираше цена за кит комплетот од 2000 $ со мотор, но без инструмети..... Погонот требаше да биде мотор на Германски Hirth од некои 40 KW.
Колку знам почнаа испораките во последователни пакети на елементи, како фабриката на Bede и кооперантите ги усвојуваа деловите..кога Hirth банкротираше...
...замената со јапонски мотор не успеа и проектот РИКНА.
По свет има многу некомплетирани авиончиња и неколку фирмички кои пробаат...до ден денешен да понудат алтернативни делови...
Bede направи млазна верзија , многу атрактивна , па дури и безмоторна едрилица со крила со голем распон ..со цел да преживее , но не успеа....
Целиот проект е антологиска приказна..
..подоцна имаше и анализи за проблемите на структурата, стабилноста итн., но дефинитивно авиочето буди фантазија и оние кои беа завршени летаа прилично добро..., некои ги имам видено...
Од друга страна сите мали авиончиња СЕ ОПАСНИ АВИОНЧИЊА со својот мал распон и големо оптоварување по површина .......