Barclays Premier League 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?


  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.790
Поени од реакции
44.051
Епа ете заради нив и Реал,сеа за тој Нејмар,новиот ПЕЛЕ,ЛОЛ ЈАКИОТ! Бараат 35 милиони за копиљчето. А да дое у Европа на стадион нозете ке му се тресат.
Се е нереално веќе,едино овој фер-плејов може ке смени нешто.
ПАЛЕРМО ОДБИЛ 25 милиона за Пасторе? кога порано се одбива 25 милиони за талентентче од негов калибар? дури и поевтино се ќаруваа.
Се е у пичку матер сеа,да ти се одмили коа ке прочиташ,РЕЏИНА ОДБИЛА 30 МИЛИОНИ за мулти-талентот Митре,ке чекала 2 години да биде 60 милиони (пример.)
Eте...Истото нешто и мене ме нервира...

А ич не ме боли колку трошат.. Додека ги трошат парите за просечни фудбалери можеби е и подобро (е сеа лошата страна е што баш поради тоа и рипнаа цените на играчите).. Иначе јас утвари неможам да сватам како може да даваат толку пари за просечни играчи и како може да не си ги ценат фудбалерите што цел живот играат за клубот... Исто така неможам да сватам и што ќе им се тие толку фудбалери... Ама ај..

Некои викаат сме им љубомореле, демек Јунајтед нема толку пари и неможеме да купуваме и ние.. Епа јас лично повеќе сакам да го глеам Флечер у дрес на Јунајтед (кој е тука од 15 години), отколку да дое некој "врвен" фудбалер за 30 мил, па да го продадеме Флечер у друга екипа.. Повеќе сакам да го глеам Македа отколку да дое некој си Адебајор шо нема веза од фудбал... Итн, итн... Исто така ние имаме неколку добри млади фудбалери и многу поголем ќејф ми се прави коа ќе ги гледам нив, отколку да глеам некои ѕвезди за кои треба да даде клубот +200 милиони.. Значи, НЕ НИ САКАМ Јунајтед да троши толку пари и да ги прати упм сите млади фудбалери.. Така да не знам зошто да им сум љубоморен на Сити, кога си го сакам Јунајтед таков каков што е...

А тоа што навивачите на Ливерпул и Челзи (да речам) ги бранат Сити, потполно ги сфаќам.. Тие кога не би ја освоиле титулата, попрво би им ја дале ним, отколку на нас...

--- надополнето ---

http://sportdenes.com/index.php?option=com_content&view=article&id=11361:2010-08-18-10-37-52&catid=2:2009-12-26-20-22-46&Itemid=4

A во Сити никогаш(или еве у блиска иднинина) ќе нема играчи како овој, или оние другите да не ги набројувам бидејќи сите ги знаете.. Човекот има астма, но го сака фудбалот, го сака клубот за кој игра, па шо се вели и за безпари би играл.. А не тука овие кога ќе им падне платата под 150,000 ќе си одат.. А другото пак што е смешно, секој што иде у Сити изјавува "Сон ми беше да играм у Сити.".. мислам ЛОЛ!! И дај некој нека каже дали Јаја Туре заслужува да зима плата од 220,000.. Баш ме интересира у Барселона колку му давале...

П.С. Ние не смееме да ги мразиме Сити?? Не смееме да го мразиме градскиот ривал?? Како можат LoGiX и бандата од Фан Клуб Арсенал да го мразат Тотенхем, така и ние можеме да ги мразиме Сити...

И еве за крај една слика, да видите колку ги ценат играчите

 
Член од
31 октомври 2008
Мислења
265
Поени од реакции
41
Едно прашање: на која телевизија даваат англиско првенство?
 
T

the Carpenter

Гостин
Едно прашање: на која телевизија даваат англиско првенство?
НА ниту една. Сител проба да ги купи во пакет: рагби, крикет, и фудбал првенството. Откако им одбија за крикетот, Сител се откажа. Сега, нема кај да гледаме ниту фудбал.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.790
Поени од реакции
44.051
Демек Македа е ваше дете? :)))
Без разлика шо е земен од Лацио, тука е од 15 години, па ако може Барса да си го рачуне Меси за дете на Барса, така и ние можеме Македа наше дете да го сметаме :).. Сепак него го земав за пример пошто најмногу го сакам од младите, бидејќи на некој начин и ни ја донесе титулата пред 2 години :)

Како и да е, тоа што сакав да го кажам е дека повеќе сакам да видам овие младите што ќе направат, отколку да дојде некоја ѕвезда и тие да се запустат..
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Без разлика шо е земен од Лацио, тука е од 15 години, па ако може Барса да си го рачуне Меси за дете на Барса, така и ние можеме Македа наше дете да го сметаме :)..
Е тука грешиш, бааги.

На Македа прв професионален договор со клуб му е оној со Лацио. Пред тоа имал аматерски договор, исто со Лацио.
На Меси прв професионален договор со клуб му е оној со Барселона. Пред тоа имал аматерски договор со Њуелс Олд Бојс.

Не е наше дете ама не е преценета и преплатена ѕвезда!


И да ти кажам право исто ко наше да е :)
Абе би ти кажал еден пример за „исто е, ама не е исто“, али не е темата за то... Иначе дека е добро и талентирано дете, немат збор. :)
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
213
Поени од реакции
11
Што не се изначитав...Сме кукале ова она.Добро бе,љубомориме немаме пари,немаме ништо,ете Глејзери не запуштија,клубот е во долгови.
Задоволни?
Што мислите вие?ке освои ли нешто Сити со Тевез,Силва...Реал со Роналдо,Ди Мариа,Озил,Кака?Барем да се исплати трошењето на парите...
Имаат ли бар резултати од купувањето на тие готови звезди?Не ги остварија очекувањата.
Плус-Фергусон не вели само дека Сити,Реал го уништуваат трансфер пазарот туку и други стратези.
Тоа што Јунајтед не купува не значи дека сме љубоморни.Напротив обратно е Сити му љубомори на Јунајтед и сака да биде ко него.
Кажете ми вие други фанови како ке се чуствувате доколку сте загреани за некој играч и пред очи ви го земат Реал и Сити...Нема да ги пцуете?
Нека продолжат нека купуваат,баш би сакал да видам до кај ке стигнат.
А ти Даворче продолжи да ми даваш црвенки.
А во врска за Македа не е бидно чие дете е,битно е дека постигнува(ше)голови кога беше(е)најпотребно.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.124
Поени од реакции
1.718
Едно прашање: на која телевизија даваат англиско првенство?
Читам дека MaxTV најверојатно ке ги откупи правата за Спортклуб.Исто така се спомнува и ТоталТВ.Како и да е, на никоја од обичниве телевизии нема да ја има.

п.с Сител од тие 500.000 шо требал да ги даде за минатата сезона, досега дал само 300.000 :D
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Koj има нова спорт нека го гледа Арсенал-Блекпул,потоа ќе го даваат Челзи-Виган.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom