Па вас ви гори бре, незнам оти го негираш тоа. Притисокот е врз Челзи, ако не успеат против Виган и ако Јунајтед ја освои по 4ти пат, што правиме тогаш? Јунајтед е со слаб тим, и да не освои никому ништо. 3 години титулата е кај нас. Како што кажав, вашите балерини не играат солидно против мали екипи ОТИ ГИ ПОТЦЕНУВААТ. Тоа е факт, не го измислувам јас ова.
Не е исто да бркаш и да те бркаат нели?
Од последното ќе тргнам. Ама ИЧ не е исто да бркаш и да те бркаат. Воопшто не е исто, тотално си во право. Како само е попријатно без следењето на твојот главен ривал и чекањето кикс, особено ако тоа е Манчестер Јунајтед во дуел со пацерските Фергусонови газолижачи.
Околу Челзи до сабајле ќе се расправаме, пак по мое ќе биди. Челзи сезонава има проблем ако некој тим ги притисни на средината силно уште на почетокот. Ако прими гол пак, многу тешка работа. „Нашите балерини“ не играат солидно против такви екипи. Тоа го направија Тотенхем, Астон Вила, Евертон, Манчестер Сити. А тоа не се мали екипи, ко Бурнли. Сити е исклучок со дуелот на Стемфорд Бриџ, каде чекаа контри, и им се исплати.
И особено на Стемфорд Бриџ, Челзи тргнува многу конкретно од почеток. Затоа има просек по 3 и нешто гола по натпревар дома постигнато и 16-1-1 скор во 18 натпревари. Тие 60 погодоци сигурно не ги примија Манчестер Јунајтед или Арсенал, Сити....
Шо е појак Челзи бе другарче? Лани третопласиран + една година „поискусни“ (т.е. постари) Дрогба, Балак, Лампард и Тери? Само Жирков е реална новина, и пак и него не го бидува за ништо, бар првава сезона. Се виде во Лига на Шампиони колку е појак, појак „жими таквово“.
Значи место Манчестер Јунајтед да стравува дали Челзи ќе го победи Виган, односно дали Виган ќе го сопре Челзи; Челзи е тој што треба да стравува дали ќе го победи Виган? Чекај уште еднаш, значи Челзи треба сега да стравува и третепри дали ќе успее да го победи Виган?! :kesa: