Барбара Марциниак и Плејаданците

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Барбара Марциниак е современ "Транс Канал", најпозната по примањето на материјалот од ентитетите за кои се вели дека потекнуваат од соѕвездието Плејади. Таа беше одгледана од Полско-Американско семејство и во 70-тите стана ученик на Jane Roberts канал преку кој беше примен Сет материјалот. Марциниак излезе од анонимност на 18 Мај 1988 год. кога она што е опишано како колектив од Плејади започна да зборува преку неа.Таа во тоа време беше на патување со Њу Ејџ група во посета на древните локации во Египет и Грција.Таа почувствува дека беше водена за повторно да помине низ искуството на овие места кога во Грција "каналот беше отворен".

Од материјалите кои беа примени Марциниак најпрвин ја создаде книгата Донесувачи на Зората "Bringers of the Dawn" како едно од најважните дела во пост ЊУ-Ејџ ерата.Подоцна следат уште две дела.

Преку Марциниак Плејаданците објавија дека на Плејади стигнале од еден Универзум кој веќе го постигнал своето комплетирање ("attained completion."). Земјаните работат на своето комлетирање а Плејаданците се тука да помогнат во овој процес.Нивното присуство го објавува преодниот период за премин од третата до повисоките димензии.Исто така според Плејаданците, човештвото е планирано како експеримент на Првобитниот Творец (Креатор) кој изданоци од себе
испрати во непознато со наредба да создаваат (творат). Овие изданоци, Богови Творци започнаа да создаваат нови хиерархии на свои сопствени изданоци.Во планот имаше дел кој се однесуваше
на создавање на Земјата.Генетичарите зедоа примероци на ДНК од многу видови за да ја создадат човечката раса.Од ова првобитно набљудување Плејаданците понудија алтернативно гледање на значењето и целта на човековиот живот.

Ова како мал вовед во оваа област. Се надевам дека ќе има интерес и ќе се развие интересна дискусија. Во наредните постови ќе се осврнам на Доносители на Зората и пораките во неа. Оваа книга досега не е преведена на Македонски јазик...јас приложувам пдф фајл со хрватски превод...Барбара Марциниак со цел ширење на знаењето дозволи слободно размножување и преведување на книгата, но кај нас на балканот како по обичај тоа беше злоупотребено од издавачката куќа Езотерија од Белград, како и да е преводот на Езотерија е со многу грешки. Се чини дека нив единствено ги интересирал брзиот профит.
 

Attachments

Ова е истото виме од кое Дејвид Ајк молзе пари. Ја зема истата идеја и ја продава, без многу многу да се дума. Доста по популарен е од Барбара.

У суштина све се сведува на: Има гуштеролики суштества од друга димензија кои владеат со нас преку тајната светска влада која е во договор со нив. Се хранат со нас, буквално, не киднапираат како ќе им текне, експерименти итн, итн... Сивите се само нивни слуги, нешто као роботи. Меѓутоа нивниот план го кочат некои универзални (божји?) законитости па не можат баш така лесно да не суредат брзо, него создаваат услови ние самите да се суредиме (да им паднеме в раце).
Главната идеја e: Само знаењето ќе не спасело (не е баш најјасно дадено како), затоа Барбара не наплаќала авторски права. Овие информации се од добрите вонземјани кои се трудат на некој чуден начин да ни помогнат.

Ова е многу грубо кажан само еден дел од идејата што се појавува во текстовите кои се повеќе од документот кој го има тука. Инаку тие текстови содржат и разни други нешта, совети за секојдневниот живот, одговори на некои вековни прашања (мистерии) и друго.

Има цел куп подржувачи на овие теории на интернет (безброј сајтови и форуми) ,дури и тука на Балканот - во Србија и Хрватска. Помалку ми заличуваат како некаков култ, но не се тоа. Туку само посветени приврзаници на една теорија.

Што се однесува до Езотерија, не знаев дека и ова го објавиле и испечатиле. Не сум сигурен баш дали некој во светов ги продава овие списи. Смешно е што секогаш се' се сведува на пари, авторски права и сл.
Моите искуства со нивните преводи, до сега, се позитивни (имав можност да прочитам некои делови од англиска верзија на Иницијација во Херметизам, можам да кажам дека преводот беше прилично ОК). Можно е да забрљале...
 
Ова е истото виме од кое Дејвид Ајк молзе пари. Ја зема истата идеја и ја продава, без многу многу да се дума. Доста по популарен е од Барбара.
Кога Барбара ја издаде првата книга Ајк уште не знаеше ниту дека "кравата постои па за вимето и да не зборуваме"...сакам да кажам уште играше фудбал...(ако добро ме служи помнењето дека беше фудбалер).
...Кога сме кај Езотерија оваа не е прв случај да ја оплескаат работата...нивниот превод на Книгата на Тот е преполн со грешки и го објавија без дозвола на О.Т.О. кој ги има сите права за делата на Кроули...судовите не помогнаа зашто и во Србија е слична ситуацијата во однос со почитувањето на авторските права како и кај нас...во еден период Езотерија не функционираше поради меѓусебни несогласувања (читај се испокараа околу парите) на двајцата сопственици...
 
Кога Барбара ја издаде првата книга Ајк уште не знаеше ниту дека "кравата постои па за вимето и да не зборуваме"...сакам да кажам уште играше фудбал...(ако добро ме служи помнењето дека беше фудбалер).

Па тоа и го реков. Тој ја зема идејава...

Блиску си: фудбалски коментатор беше во Англија.
 
"In her dedication to the enlightenment and transformation of Planet Earth, Barbara has invited us to freely share the information that was presented by the Pleiadians, so long as it is not sold. However, the information remains the property of Barbara Marciniak, and Bold Connections, under copyright protection, and it may not in total of in part be reproduced in other forms without her written permission."

Ние сме Плејаданци, еден енергетски колектив и доаѓаме од вашата иднина. Зад нас е долга историја. Нашите предци дојдоа од еден Универзум кој го постигна своето комплетирање. Вие сега работите на една планета која токму стои пред завршувањето на еден циклус, а ние сме тука да ви помогнеме. Оваа трансформација се најавува веќе со еони. Ова што сега се случува на земјата ќе се одрази на целиот Универзум. Завршетокот на циклусот значи всушност вие да сфатите кои сте, да би можеле да го продолжите овој експеримент.

Нашите предци спознаа дека Пра-Создателот е причина за Се, односно дека причина за Се е искуството на Пра-Создателот низ времето. Тие ја спознаа својата вистинска исконска природа, а тоа е МОЌТА НА СОЗДАВАЊЕТО. Кога тоа го спознаа, сфатија дека сите НИЕ сме СОЗДАТЕЛОТ. Како и секогаш, кога една креација ќе стигне до крајот на својот пат, нашите ПРЕДЦИ имаа избор да се вратат кон ПРАСОЗДАТЕЛОТ - на едно повисоко ниво или едноставно да продолжат понатаму. Тие одлучија да дојдат во овој универзум затоа што спознаа дека и вие еден ден ќе бидете спремни за довршување на циклусот.

Нашите предци биле едни од оригиналните креатори на оваа планета, креатори кои со многу умеење и љубов сееа светови и цивилизации. Поради нивните квалификации, сакаа да креираат светови токму така како што диригентот сака да диригира со оркестар. Нашите предци се исто така и ВАШИ предци, и ние радо ве нарекуваме наше "старо семејство", што вие всушност и сте.Нашите предци дале делови од својата ДНК на оригиналните создатели на земјата и таа ДНК стана дел од човековата генетика.

Ова се почетните зборови на Доносителите на ЗОрата, делото кое многумина натера да погледнат во правци кон кои никогаш не гледале.
 
Нашите предци спознаа дека Пра-Создателот е причина за Се, односно дека причина за Се е искуството на Пра-Создателот низ времето. Тие ја спознаа својата вистинска исконска природа, а тоа е МОЌТА НА СОЗДАВАЊЕТО. Кога тоа го спознаа, сфатија дека сите НИЕ сме СОЗДАТЕЛОТ. Како и секогаш, кога една креација ќе стигне до крајот на својот пат, нашите ПРЕДЦИ имаа избор да се вратат кон ПРАСОЗДАТЕЛОТ - на едно повисоко ниво или едноставно да продолжат понатаму. Тие одлучија да дојдат во овој универзум затоа што спознаа дека и вие еден ден ќе бидете спремни за довршување на циклусот.
Веројатно многу марихуана и останати течни супстанци со име од три букви отишле во неповрат кога ја создавале теоријата...
 
И покрај ЕВН и Марихуаната продолжуваме понатаму...

Постојат неброено многу култури и заедници ширум Универзумот и овие култури и заедници уште од самиот почеток доаѓаат и заминуваат од вашата планета. Ние Плејаданците сме само една групација. Тука се многумина, и на повеќето им е за цел подигање на вашата свест, но ги има и такви кои се тука од други причини.

Оние кои во минатото доаѓале и ви помогнале во вашиот развој вие ги претворивте во БОГОВИ. Како децата што ги идолизираат возрасните, затоа што можат нешто што тие самите не можат, вие ги претворивте во богови оние кои беа технолошки поразвиени и кои правеа она што вие не можете.Вие сте тука токму сега за да го промените тој концепт на верување.

Ние сме тука поради наши причини, а вие поради ваши, сите сме тука за да еволуираме на нова вибрациска фреквенција. Ние сакаме да ги раскиниме старите обрасци на верување кои на сите гледаат како на раздвоени индивидуи.

Ние не сакаме да плашиме никого од вас. Ние едноставно сакаме да ве информираме. Ако седите во темна соба и слушате чудни звуци, тоа може да биде застрашувачко.Ако го вклучите осветлувањето да видите што ги прави тие чудни звуци, тоа веќе не е така страшно. Ние сакаме да бидете информирани - да го запознаете она со што имате работа.Светлината е информација, незнаењето е темнина. Ние сакаме да работите со светлина а не во мрак.
 
Со овој пост малку ќе се осврнам на Касиопејските Транскрипти, и тоа на делот кој се однесува на личноста која најмногу се експлоатира на подфорумов Религија.

П-Би сакала да знам повеќе за човекот кој бил Исусовиот биолошки татко. Уште еднаш, како се викаше тој?
О-Тоната

П-Рековте дека тој бил познаник на Марија?
О-Да

П-Дали тој на некој начин бил избран, од страна на одредени ентитети или сили да биде татко на Исус?
О-Отприлика така

П-Дали можете да ни дадете детали за него,од каде доаѓа итн.?
О-Тој бил припадник на Белата секта

П-Што е тоа Бела секта?
О-Аријци

П-Дали Марија им припаѓала на Есените, како што вели Едгар Кејс?
О-Да

П-Дали тој човек исто така припаѓал на Есените, и дали всушност тоа е белата секта?
О-Не

П-Зошто Марија не се омажила за Тоната?
О-Чувствата биле минливи. Под влијание на телепатска сугестија. Хипноза од прв степен

П-Дали Марија и Јосиф додека биле заедно подоцна имале други деца?
О-Не. Но Исус имал

П-Исус имал деца? Со кого се оженил?
О-Не се оженил

П-Сакате да кажете дека имал нелегитимни деца?
О-Институционално субјективно

П-Која била мајка на неговите деца?
О-Тоа биле три жени

П-Дали се тие споменати во Библијата?
О-Едната да, но не по име. Алисиа, Рафеа, Вела. Римјанки

П-Сите три биле Римјанки?
О-Да

П-Што се случило со децата?
О-Преживеале и се размножиле

П-Колку деца имал со трите мајки?
О-Три

П-Дали е тоа она што некои луѓе го подразбираат под Свет Грал, т.е. дека не се работи за пехар туку за крвна фамилијарна лоза?
О-Да

П-Колку има денес живи Исусови потомци?
О-364142 (30/05/1998)

П-Како било Исусово име, бидејќи се сомневам дека навистина се викал Исус?
О-Јесинаварах

П-Велите дека Исусовиот татко бил Ариец. Тоа е стварно бизарно. Од каде дошол?
О-Од Палестина

П-Од каде потекнуваат Аријци?
О-Од 5-тата планета која денес е еден појас на астероиди

П-Кога дошле на земјата?
О-Пред 80 000 години

П-Постојат ли некои негови потомци кои ние ги знаеме?
О-Јасер Арафат, Винстон Черчил

П-Добро споменавте дека Исусовиот биолошки татко е Ариец и се викал Тоната. Потоа рековте дека и припаѓал на Белата секта, исто така позната како Аријци. Да бидеме прецизни, Аријците не се познати како секта, за каква Аријска секта се работи, како се вика?
О-Бела секта

П-Каков вид на учење тие промовирале?
О-Слично како монасите во православното христијанство

П-Ако тие навистина биле слични на православните монаси, не значи ли однесувањето на Исусовиот татко кршење на монашката заклетва?
О-Една индискретност може да се прости

П-Значи Марија знаела кој бил тој, и во врска со таа цел и обајцата биле изманипулирани од страна на ентитети од еден повисок дензитет т.е. да влезат во интеракција како би Марија добила дете...дали и тој исто така бил хипнотизиран како што веќе споменавте во врска со Марија?
О-Така некако

П-Каде бил лоциран манастирот на Белата секта, каде тие биле лоцирани?
О-Во близина на денешна Хаифа

П-Каде навистина Исус бил роден бидејќи открив дека во тоа време Назарет воопшто не постоел?
О-Назарет. Името е наметнато подоцна но подрачјето е истото.

П-Дали Исус знаел кој му бил биолошкиот татко, односно дека таткому е припадник на Белата секта?
О-Отприлика

.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom