Банско - Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Возраст
46
Ај ке ве молам некоја препорака за добар хотел во банско?

Реално се мислам да резервирам тука: http://www.atlantis.mk/mk/ponudi?id=17&title=GRAND+HOTEL+BANSKO&from&to мегутоа имам поделено искуство со хотели со четири звезди во Банско, во некој се било супер додека во некој сум си заминувал и порано од што било тапа и реално не вределе ни за 2 а не пак за 4 звезди. Кемпински каде што сум бил само еднаш и кој што е хотел со 5 звезди (и му давам отцена 10 од 10) моментално е премногу скап.
 
Зошто резервираш преку нашиве туристички агенции? Секогаш е поскапо отколку што треба. На booking.com имаш една купа понуди, можеш да си бираш спрема буџетот. Јас топло го препорачувам Хотел Парк Бачиново. Не е во Банско туку во Општина Благоевград, се наоѓа на почетокот на шума и е прекрасен хотел. Досега имам престојувано двапати и сум презадоволен. Инаку чисто за информација, Хотелот е во сопственост на Васил Пишев, пратеникот на ВМРО од Струмица, али тоа нема врска. Хотелот ги има сите мои пофалби без разлика кој е сопственик.
 
па нема баш голема разлика во цените, нарочито кога станува збор за по квалитетните хотели. на пр. понудата во кемпински за апартман со вклучен појадок и таму а и кај нас во атлантис е иста. сега нормално дека ако бараш ке најдеш понуди што се поефтини не викам не, али едноставно не сакам да се замарам со тоа. значи ке платам колку што треба али да биде се како што треба, господски. :) не дека сум господин некој, ташак сум :) ама така се вика.
 
Разбирам, на букинг цените знаат да варираат од час во час и во зависност од тоа за кој период сакаш да направиш резервација. Сепак ти си знаеш најдобро според буџетот и можностите што повеќе ти одговара.
 
Ај ке ве молам некоја препорака за добар хотел во банско?

Реално се мислам да резервирам тука: http://www.atlantis.mk/mk/ponudi?id=17&title=GRAND HOTEL BANSKO&from&to мегутоа имам поделено искуство со хотели со четири звезди во Банско, во некој се било супер додека во некој сум си заминувал и порано од што било тапа и реално не вределе ни за 2 а не пак за 4 звезди. Кемпински каде што сум бил само еднаш и кој што е хотел со 5 звезди (и му давам отцена 10 од 10) моментално е премногу скап.
А да погледаш тука, наместо по агенции ?
Гарантирам дека ти е поевтино, имаш 19 хотели на избор....
 
Оди. Ќе се изнауживаш. Секоја зима одам 10дена на скијање во Банско и е супер !!
 
Мурите и пирин голф.
Само таму сум бил, профи е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom