Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Турција
Фенербахче Улкер ја освои шампионската титула во турското кошаркарско првенство. Избраниците на Ајдин Орс славеа како симболични гости над Ефес Пилсен на Октај Махмути со 98:76 и ја добија финалната серија со максимални 4:0 во победи. На последниот натпревар прво име кај ”пиварите” беше Ермал Куртоглу со 22 поени.
Ефес Пилсен сезонава мораше да се задоволи со освојување на Националниот Куп на Турција, сребрените медали во првенството и пласманот во Топ 16 на кошаркарската Евролига.
Тренерот Октај Махмути, по завршувањето на финалето ги демантираше шпекулациите дека од следната сезона ќе биде тренер на Уникаха:
- За овие работи слушам од други луѓе. Јавно кажувам дека не сум постигнал никаков договор со Уникаха. - вели Махмути. Тој додаде дека минатата година имал понуда од Реал Мадрид, но во разговор со челниците на Ефес, бил убеден да остане во Турција.
извор: www.basketball.org.mk
Хрватска
Задар поразен од Цибона откако Цибона го совлада Сплит со 87-84 и влезе во финалето...
Веќе е 1-0 за Загребчани 111-97...Гечевски постигна 12 поени и 10 скока.Кристофер Ворен беше прво име на натпреварот, со постигнати 24 поени.
Вториот натпревар од финалната серија ”подобар од пет” се игра утре во Задар.
Грција
Олимпијакос на Рајан Стак се избори за место во финалето на грчкото кошаркарско првенство. Атинските “црвени“ го совладаа Арис на Мајк Вилкинсон и Кевин Флечер со 83:75 во Солун и ја добија полуфиналната серија со 3:2 во победи.
Олимпијакос во финалето ќе се сретне со Панатинаикос, а првиот натпревар е на 6 јуни. Арис, пак ќе игра во дуел за 3. место, кое води во Евролигата наесен. Противник на тимот од Солун ќе му биде Паниониос, а првата средба се игра утре.