Балканот да заборави на голема Србија и Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
ЕУ во моментов има можност да го закопа бунилото од некакви големи Србии и Албании на Балканот. Новиот оптимистички извештај на Европската комисија треба да означи почеток на нова иницијатива за приближување на овој регион доПо големите неуспеси во 1990-тите години, ЕУ во моментов има можност да го закопа бунилото од некакви големи Србии и Албании. Таа не смее да погреши во оваа цел. Унијата мора да ја искористи привлечноста на евентуалното членство во евроклубот за да ги убеди земјите од Западен Балкан да се справат со сé, од корупцијата до фаќањето на воените злосторници како Ратко Младиќ, пишува лондонски „Фајненшл тајмс“ во коментар за најновиот извештај на Европската комисија за овој регион.

Според весникот, најновиот извештај е малку пооптимистички од претходните и тоа треба да го означи почетокот на нова иницијатива за побрзо вклучување на државите од Западен Балкан во ЕУ, пред тие уште еднаш да се соочат со нов циклус на конфликти и балканизација.

„Фајненшл тајмс“ смета оти Западен Балкан на некој начин е веќе во ЕУ преку скапата економска помош и военото присуство на Унијата, која заедно со своите сојузници настојува да создаде своевиден „политички покрив“ над овој дел од европскиот континент. Но весникот предупредува оти тоа е привремен успех, колку да се „замрзнат“ судирите во овој етнички и верски мешан регион, кој очигледно не може лесно да се смести во уредени нации-држави, дури и по насилните трансфери на население во граѓанските војни во 1990-тите.

Затоа, според „Фајненшл тајмс“, на Западен Балкан му е потребен „мултинационален чадор“, каков што може да се обезбеди само со членството во ЕУ. Наспроти скапите политички и економски ресурси, ЕУ засега не може обезбеди мотив каков што би обезбедиле појасната перспектива за членство и евентуалниот прием - регионална помош, инвестиции што следуваат со приемот во ЕУ и демократска култура, која потешко може да се измери. Со надгледувањето на протекторатите како Босна и Косово, присуството на ЕУ во регионот во моментов изгледа „квазиимперијално“, но не и најуспешно. Постојат повеќе проблеми во приближувањето на овие расцепкани земји во ЕУ, но тоа веќе се проблеми на Унијата и тие може да се влошат. Оптимистичкиот извештај на Комисијата треба да биде нова иницијатива за побрзо членство на балканските земји, зашто во спротивно се закануваат нови конфликти. Сега кога ЕУ гледа крај на институционалните проблеми со ратификацијата на Лисабонскиот договор, ако се изземе отпорот на чешкиот претседател Вацлав Клаус, таа мора да најде начин цврсто да ги промовира своите вредности во регионот - демократска стабилност и просперитет, заклучува весникот. евроклубот, нагласува „Фајненшл тајмс“
 
Хммм кога Франција и Германија ќе заборавата на Ал Сак - Лорен, тогаш нашиве ќе заборавата на мегало, велика, сан стефанска, (внеси албански збор тука) држава.
 
Хммм кога Франција и Германија ќе заборавата на Ал Сак - Лорен, тогаш нашиве ќе заборавата на мегало, велика, сан стефанска, (внеси албански збор тука) држава.

Јас најреално сметам дека големите држави веќе се само сон.

Ова мислење би го поткрепил со фактот што големите сили не дозволија создавање на голема Србија,па Хрватска(за дел од босна)...а камо ли пак за голема Албанија,последнава нарочито оти е НАТО членка,а и има свои проблеми,не би одела албанската политика кон тој правец.

За косово,како мшто имам кажано неговата независност сеуште е на тенок конец,односно условена,па дури и мал ексцес од страна на Косово-би можел да има сеиозни импликации врз него.

Значи кој сака туѓо-нема да добие!!!

За жал остана проблемот геннериран уште од букурешт...нерешен,како и да е верувам дека македонците ќе си ги остварат правата-не станува збор за нешто туѓо овде,да бидам јасен,значи и да нема промени на граници педерите да им вратат на нашите тоа што им припаѓа од век векова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom