Бајачки

  • Креатор на темата Креатор на темата BeBe11
  • Време на започнување Време на започнување
@alf многу ме интересира твоето мислење за бајачките, оти во последно време нногу луѓе ги носат своите деца да им се бае од уроци.
Значи се уште луѓето веруваат или пак бараат помош...а нели се христијани, верници, деца крстени во црква????
:confused:
 
Последно уредено:
@alf многу ме интересира твоето мислење за бајачките, оти во последно време нногу луѓе ги носат своите деца да им се бае од уроци.
Сите ја лекуваат последицата, но никој причината.
Преголемото давање емоции на децата ги прави немирни и растревожени.Децата немаат уште развиени емотивни чуства да можат да ги избалансираат,изамортизираат тие што ги примаат.
Без разлика дали со поглед-енергија или зборови.
Контролирајте ги чуствата.

Најдете баланс во искажување емоции.
Еда грда шо си уба!:)

Значи се уште луѓето веруваат или пак бараат помош...а нели се христијани, верници, деца крстени во црква????
:confused:
Баш поради тоа што во таквите групи, стремежот им е јакнење на емоциите,да се покажат кој повеќе го љуби бог,тажни очи вперени во скулптури,гнев спрема спротивниите од нив, а несвесно таа сила ја пренесуваат на децата.
Полека малку , тие се нежни,како телесно така и емотивно,не ги "поливајте" толку многу со емоции,но не и да ги запоставите.
Најдете средина!
Да имавте контола над својте чуства,бајачите без работа би биле, но бидејќи немате контрола, барате некој да ги избрка лошите духови кој сте ги повикале сами.
 
Штета што не се превзема ништо за овие самопрогласени магионичари што се богатат од маката на лековерните луѓе.
 
Не е едноставно да се најде добар специјалист психолог или психијатар реално, дури начекаш квалитетен , многу ќе те навраќаат во детството на кауч. Некогаш треба поинаков пристап, некогаш е доволно да се среди некоја вредност од крвна слика. Е сега, знаење што да се бара во крвната слика покажува колку е добар докторот. Некогаш кога треба да се бара причина, се оди по скратен пат, се третираат симптоми... и слични примери на недоволна стручност од една страна и астрономски суми од друга страна тераат луѓе на вакви патишта.

И ако се верува на моќта на насочување и канализирање енергија, најдоброто сценарио е да се измамници во прашање што немаат поим. Во тој случај, се губат само време и пари. Може да се изгуби и многу повеќе од тоа. Како малку распарана вреќа, ти колку и да полниш од друго место ќе се испразни и постојано ќе постои потреба да се оди.

Вакви работи кај многумина создаваат зависност слична на коцкање. Е, тука почнува опасна зона. Имаше една жена, раскажуваше како ганц нова кола скроз ѝ отишла по такви места. Ако може да бирате, избегнувајте искрено.
 
Абе сите идат по бајачки и биоенергии. У град ги гледаш преку ден по кафичи шемата ја тераат, навечер у ред застанати кај човекон у Маџари. И онаа мојана божем центарска п, додека бевме дечко и девојка све било тоа бабини деветини, како се роди првоно, се претвори во баба од Драслајца. Те фаќање кваки против уроци, те олово да носам у кола за секој случај ако треба да се зима вода за миење од кај таа една жена.
 
А викнавте човек да ви бара подземни води? И тоа беше актуелно едно време по Скопје.

Треба и таква тема да се отвори, покрај бајачки и тарот.
 
А викнавте човек да ви бара подземни води? И тоа беше актуелно едно време по Скопје.

Треба и таква тема да се отвори, покрај бајачки и тарот.
Еххх Топ Шоп колку ли само уреди продаде од 100+ евра пред 10-15 години за минимизирање на зрачењето на подземни води…..
 
Еве еден добар бајач, ама многу скап.
Овој не треба да се суди, треба тој што му дал 400 000 евра да се задолжи да му даде уште толку.
Ова е уште еден доказ дека богатството не секогаш е поврзано со умствениот капацитет на човека. Еве човекот од Берово знаел да заработи многу пари и секој би рекол дека за да заработиш таква сума треба да имаш кликер, но од друга страна дал 400 000 евра (четиристотини илјади евра!!!) на бајач, што укажува на екстремно глуп човек. Се си мислам дека тие пари сигурно ги нема заработено со ум и труд, мислам дека тие пари му се добиени од некои ниви шитнати за сончеви панели, некои плацеви каде порано ги чувал козите или нешто слично...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom