Backpacking

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Не знам како најсоодветно би се превело Backpacking на македонски, па сметав дека најдобро е да го оставам така.

Backpacking е патување (или во некои случаи планинарење) низ некоја земја или земји опремен само со голем ранец.
За илустрација, то изгледат отприлика вака:

496px-Urban_backpacking.jpg



Мене лично, животна желба ми е backpacking around Europe, односно крстосување низ цела Европа само со ранец, без ништо друго. Најверојатно би одел со автостоп, поголема слобода имаш, без некој план на кој мораш да се придржуваш или рок кој треба да го запазиш.
Исто така, добра варијанта за која имам размислувано е патување со воз. На пример, влегуваш во воз од Белград до Загреб, спиеш по пат во купето, стигнуваш во Загреб, го шеташ цел ден, и вечерта фаќаш друг воз за нагоре, пак спиеш во возот и така...

Дали вие би патувале на овој начин? Колку тоа ви се чини безбедно и изводливо за ваши стандарди на хазардерство? Дали би се впуштиле во ваква авантура ако веднаш ви се даде шанса, и кој метод на транспорт би го одбрале?
 
Најзабавен начин на патување дефинитивно(додуша и малку напорен)јас повеќе сакам вакво патување низ природа(мада тоа е повеќе кампување).Бев летово 2 пати на по кратки патувања со спиење во шатори и ми се допадна многу-ми се оди пак ама ладно е сега не се оди.
Како метод за патување би одбрал воз-автостопот не ми е баш безбеден...
 
^
И да имам виза не би патувала вака.
Не за друго,одсекогаш сум се восхитувала на ваквите луѓе(што им е доволен еден ранец,а мене ми се потребни два куфери за еден викенд:nesvest:) ама ич не сум авантуристички тип и не можам да функционирам ако не знам каде ќе спијам,каде треба да одам(во принцип сум дезориентирана кога се работи за снаоѓање по други држави).Башка страв ми е...ај машко да бев може само да ме натепаат и ограбат ама женско ќе го нае*е у буквална смисла на зборот :гринсмајли:.
 
Мене патувања општо не ми се некој филм, па камо ли вака да се килавам по бели свет ко Том на Џери другар му кога бркаа од дома... :|
И онака имформативно да прашам....дали ова значи дека од Тоифор погоре нема да видиш кога ќе фати зорт :)?
 
Автостоп малку и не е возможно ако се водам по искуството на некои мои пријатели кои беа вратени од хрватска граница токму заради таа причина, не може да се помине граница пеш и да се фаќа автостоп. Некаде во Европа начекав и знак кој вели забранет автостоп.

А варијантата воз е феноменална. На улиците е комплетно безбедно, освен ако не си го оставите ранецот некаде саат два па да го снема или ептен малер да бидете што може да ви се случи и во родниот град. Апсолутно ми се допаѓа идејата, и се повеќе сум решен да го сторам тоа во блиска иднина. Месечна возна карта за сите правци од македонски железници мислам дека е околу сто евра, и со неа имате неограничено патување низ Европа. Со тоа што за јадење и зафрканции ќе ви требаат уште најмалку 500.
 
Ваљда за роденден ќе ми исполни желбата да одам за Минхен. :vozbud:

Инаку за темава, ова е одлична работа, скитањето, посетувањето на повеќе градови.
 
@Fantom
sega za sega e fantazija seto ovoa, bez viza nema mrdanje nikade.

Една шенген си ваѓаш, ти пишит на неа „All EU countries (-GR)“ и тераш. Во Грција посекако не би одел.

Автостоп малку и не е возможно ако се водам по искуството на некои мои пријатели кои беа вратени од хрватска граница токму заради таа причина, не може да се помине граница пеш и да се фаќа автостоп. Некаде во Европа начекав и знак кој вели забранет автостоп.

Шознам за ова... Мој познаник месец и пол беше на backpacking низ Европа, автостоп, границата ја поминувал пешки секогаш (пошо нели никој не се нафаќа да те земе во возило за преку граница), никаде немал проблеми заради автостоп...

Сепак, најсигурна варијанта ти е возот. :)
 
^
И да имам виза не би патувала вака.
Не за друго,одсекогаш сум се восхитувала на ваквите луѓе(што им е доволен еден ранец,а мене ми се потребни два куфери за еден викенд:nesvest:) ама ич не сум авантуристички тип и не можам да функционирам ако не знам каде ќе спијам,каде треба да одам(во принцип сум дезориентирана кога се работи за снаоѓање по други држави).Башка страв ми е...ај машко да бев може само да ме натепаат и ограбат ама женско ќе го нае*е у буквална смисла на зборот :гринсмајли:.
Хехе, добар ти е делот со наебувањето, инаку сега околу спиењето... некни тука (Ресенско) имаше еден јапонец кој на овој начин тргнал од Украина (до таму со воз преку Русија) и сакал да слезе до атина, кај јужниве... носеше еден добар голем ранец, и велосипед на расклопување, онака низ разговор со англискиот кој го говореше разбравме дека спие кај стигне во водоотпорна вреќа, најчесто качен на некое дрво, се бричел и се капел кога ќе наидел на вода итн... некој вид на сарвајвор во цивилизација, само што за овој треба и поасални нерви да имаш со оглед на тоа на какви се кретени ќе наидеш по пат.
 
Знам еден другар, стигна дури до Индија со backpacking. Свака му част. Ја би идел ама нормално не сам, туку со друштво (=
 
Јас по природа ич не сум авантуристички тип на човек, така што никогаш не би се впуштила во нешто вакво, но им симнувам капа на оние што го прават тоа, затоа што си имаат слободен дух и ги истражуваат другите земји.
 
Јас сум со намера да напраам една ваква тура низ европа некаде околу почеток на јули. Да не има некој Кајганаш со е заинтересиран да ми прај друштво да не се акам сам по возови?
 
Ова е нешто фантастично. Би се впуштил во една оваква авантура ама само доколку имам друштво. Само на овакво нешто не се оди ќе збрлавиш:)
Автостоп не верувам некако не ми изгледа сигурно од кај да знаешм на шо луже ќе налеташ попат, така да посигурно е со воз е сега евентуално ако останеш шворц за време на патувањето почнуеш со автостоп:):smir:
Ама се на се нешто како ова е одлично доживување, па на крај краеви ќе имаш шо да им раскажуваш на внуците:)
 
ме потсеќа на некоја реклама..изглеа беше за инкредибл индија...вака ако имаш едно 10 иљади евра у тебе па незнаеш шо да им праиш..
 
Месечна возна карта за сите правци од македонски железници мислам дека е околу сто евра, и со неа имате неограничено патување низ Европа. Со тоа што за јадење и зафрканции ќе ви требаат уште најмалку 500.
Ова за картата ме заинтересира. Плаќаш стотче за карта со која можеш да се возиш низ цела Европа, без разлика со која возна компанија патуваш? о.0

Има некој за вакво нешто заинтересиран?
Британија ми е планирана како крајна дестинација.:D

Не тргнувам денес, чисто си прашувам и планирам.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom