Баба одгледувала марихуана

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.905
Локација
Скопје,2014-та
На парцела во нива во местото викано Мучинци, во атарот на селото Лознани, полицијата откри и заплени 2031 стебло канабис сатива од кое се добиваат опојните дроги марихуана и хашиш

Баба во осмата деценија од животот се соочува со опасност од затворска казна во траење од една до десет години, откако на нејзината нива беше откриена канабис сатива. Оперативните сознанија со кои подолго време располагало Одделението за недозволена трговија со дрога, Секторот за внатрешни работи од Битола одлучило да ги провери.
Полициски служебеници, извршиле претрес на домот и други простории во сопственост на 76-годишната жителка на село Лознани, Цена Т., при што на парцела во нива во местото викано Мучинци, во атарот на селото Лознани, откриле и заплениле 2031 стебло непознато растение, со висина од 30 до 150 сантиметри.


ПОВЕЌЕ
 
Како бе ќерата ах, јас секој ден сум кршотека направен и никој не ме фаќа:vozbud:
 
2031 стебло

Можда има некоја порака во овие бројки или пак некоја "бабинадеветина".

Бабе, до која година сакаш да си живееш, насади си толку стебла од ова семкиве. Давај ми ги мене тие туфките и листовите после а јас ке ги опеам за да се фати магијата.
 
100% стеблата се машки
што значи дека може слободно да ги продаде за ... 10ден

уште 1 успешна акција ?
 
Бабава утнала уместо канабис силвестрис боцнала семки од канабис сатива.
еееее ебати дирекцијата за наркотици да не провери таква информација.
 
Синовите (ги земав за пример) одгледувале , и бабава жртвено јагне испаднала . 80 годишна старица ќе одледува канабис мижи асан да ти баам.
 
Синовите (ги земав за пример) одгледувале , и бабава жртвено јагне испаднала . 80 годишна старица ќе одледува канабис мижи асан да ти баам.

Или локален наркоман кој ја искористил нивата на бабата. Стварно нелогично е ова со бабата.
 
Кој се не е "вклучен" у трговија со опојни тревки -млекари, баби...можи бурекџијата отспротива или фризерката на пазарче е вклучена у мафијава.

Фокус мај сан, фокус :)
 
Не е ова марихуана на бабава сигурно нејзините синови или внуци ја имаат посадено.Но за одлегдување на ваков тип на марихуана се лежи во затвор.Сативата не расте дива во Македонија (колку што знам).
 
Баба Цена на полициските инспектори им рекла дека семето го набавила на градскиот пазар во Прилеп од непознат човек и потоа го засадила и одгледувала заедно со пченката.
:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom