Авторитет

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Токму така.Темава е општо за авторитетот како таков.

Како се создава авторитет?
Што всушност според вас претставува авторитет?
Дали еднаш кога ќе се изгради,може да се сруши?
Дали има луѓе кои природно и од раѓање ја имаат таа способност,претставителност или нема врска?
Дали ако уште од почеток нема човек авторитет дали понатаму ќе успее да го изгради или работата ќе биде како се поставиш така ќе те третираат?
Дали луѓето го наметнуваат авторитетот или тој природно си доаѓа?
 
~*~

Како се создава авторитет?
Со делување согласно на своите зборови и со мислење на тоа што се зборува.
Што всушност според вас претставува авторитет?
Кога некоја одредена персона има доволно кредабилитет да ми постави граници и да ми наметне ставови.
Дали еднаш кога ќе се изгради,може да се сруши?
Тешко да се изгради, лесно да се сруши, да се изгради по втор пат, уште потешко.
Дали има луѓе кои природно и од раѓање ја имаат таа способност,претставителност или нема врска?
Нема.
Сите се изградуваме како личности со текот на време, никој од нас не се родил со вродена способност.
Дали ако уште од почеток нема човек авторитет дали понатаму ќе успее да го изгради или работата ќе биде како се поставиш така ќе те третираат?
Секогаш ќе те третираат така како што ќе си се поставиш, но факт е дека со текот на времето се се менува, дури и авторитетот.
Дали луѓето го наметнуваат авторитетот или тој природно си доаѓа?
Се се наметнува!
Природно доаѓа само кај родителите.
 
Авторитетот е работа која директно не диктира - одредува што сме и што можеме во очите на другите.
 
автор - творец
авторитет - веќе изградена творба

карактерот на секој поединец е лесно препознатлив.
персоната која има коренитост во согледувањето и делувањето
може да претставува пример за останатите ...
 
Токму така.Темава е општо за авторитетот како таков.

Како се создава авторитет?
Што всушност според вас претставува авторитет?
Дали еднаш кога ќе се изгради,може да се сруши?
Дали има луѓе кои природно и од раѓање ја имаат таа способност,претставителност или нема врска?
Дали ако уште од почеток нема човек авторитет дали понатаму ќе успее да го изгради или работата ќе биде како се поставиш така ќе те третираат?
Дали луѓето го наметнуваат авторитетот или тој природно си доаѓа?

Се создава дефинитивно не од рагање, туку во услови кога ти си тој од кој се очекува да преземе нешто, да води, да биде одговорен за нешто.
Авторитетот зависи од карактерот, не можеш да очекуваш од мн срамежлива особа да биде авторитетна.
Како ќе се поставиш така ќе те третираат. Многу е полесна ситуацијата од авторитетен да станеш неавторитетен, отколку од неавторитетен да станеш авторитетен.
Дефинитивно повеќе си почитуван ако си авторитетен.
Јас како средношколка ги почитувам таквите професори, и уште повеќе, против сум оние професори што не знаат да воспостават контрола, што дозволуваат да зборуваат на ѕидовите. Едноставно некои професии наложуваат поседување на авторитетност.
 
.........Само не заборавајте дека има авторитет кој ни е наметнат...и има авторитет против кој неможе да се иде.Па колку и да сметате дека тој авторитет не влијае врз вас....
 
Авторитетот зависи директно од оние на кои пробува човек да им го наметне. Лесно можам да го изградам на 14 годишни момчиња. Но малку потешко во средина каде си аутсајдер. Тешко ќе го изградам во друштво на архитекти, каде ако пробам да кажам колку знам ќе се укопам уште повеќе.

Во одредени случаи си доаѓа сам по себе без да се труди човек. Елена Ристевска го има стекнато кај голема полтронска група околу себе само затоа што се појавува на телевизија 10 пати дневно. Таа само пее, а сепак има власт над луѓето.

Се стекнува на повеќе начини. Во интелектуалните кругови со ненаметливо искажување на своите “исправни“ ставови. За едни ќе се биде авторитет за други кои нема да ги сметаат за исправни ќе се биде “приучена будала со глупи сфаќања“. На улица со авторитет се гради на два начини. Луцидност и улична интелигенција која често ќе го извади од проблеми оној кој на вториот начин стекнал авторитет. А тоа е силата. Успешноста да ги искршиш сите околу себе ќе донесе стравопочит, а со тоа и авторитет, каков таков.
 
Мојот одговор е сличен како на лејди сартори што пишала погоре. Ме мрзи да пишувам што ми е различното па затоа нека биде приближно на нејзиното
 
Токму така.Темава е општо за авторитетот како таков.

Како се создава авторитет?
Што всушност според вас претставува авторитет?
Дали еднаш кога ќе се изгради,може да се сруши?
Дали има луѓе кои природно и од раѓање ја имаат таа способност,претставителност или нема врска?
Дали ако уште од почеток нема човек авторитет дали понатаму ќе успее да го изгради или работата ќе биде како се поставиш така ќе те третираат?
Дали луѓето го наметнуваат авторитетот или тој природно си доаѓа?

Случајно или не, има луѓе коои се авторитети и тоа колку и да се никакви ќе си остане така. Е сега, има луѓе кои знаат да го упропастат првиот впечаток, а потоа со тек на времето да се пратстават како паметни, мудри, луѓе кои едноставно ќе ја заслужат мојат почит. На истиот начин на кои луѓето ја добиваат моќта, помалку или повеќе да раководат со мојот ум:nesvest:, успеваат и да ја изгубат.

За мене, авторитети се малку, вклучувајќи ги домашните, неколку другари и нешто малку познајници. Славниве, па и не се некој авторитет со нивната мода, или па со пијаните испади, сепка за авторитетна личност сметам некој кој има што да каже и покаже, а не....:salut:
 
(Еве една стара, но актуелна тема)
Ако го анализираме нашето општество, ќе видиме дека тоа опстојува врз принцип на градење на авторитети. Каде и да погледнеме, гледаме дека се создава намерно чуство на обичниот човек дека она што треба да се почитува се авторитетите. Ако некаде авторитетот значи одлика со која човек треба да се гордее, благодарение на својата чесна и пожртвувана работа, а во исто време и да се обврзе да го оправда. Овде кај нас авторитетот може да се сфати како човек- маскота создаден и зготвен преку ноќ, од одредена интересна група, која преку т.н. авторитет ги остварува своите зацртани цели. Затоа и постојано ни се случува губењето на авторитетот на авторитетниот. Оној момент кога интересната група ќе види дека авторитетот не го оправдува местото кое им обезбедува остварување на интересот, му го соблекуваат и преку ноќ облекуваат друг и продолжуваат понатаму. Многу малку се оние на кои може да им се каже чест на исклучоците.
 
Токму така.Темава е општо за авторитетот како таков.

Како се создава авторитет?
Што всушност според вас претставува авторитет?
Дали еднаш кога ќе се изгради,може да се сруши?
Дали има луѓе кои природно и од раѓање ја имаат таа способност,претставителност или нема врска?
Дали ако уште од почеток нема човек авторитет дали понатаму ќе успее да го изгради или работата ќе биде како се поставиш така ќе те третираат?
Дали луѓето го наметнуваат авторитетот или тој природно си доаѓа?
Авторитет се создава со практично применување на ставовите што ги имаш.

За скоја личност, „авторитет“ има различно значење.
Најчесто за општо авторитетни личности се сметаат оние кои се во средината, кои не се фалат дека се совршени, а пак го спроведуваат она што го пропагираат дека се.

Авоторитетот мислам дека неможе да се сруши. Ако еднаш некој те почитувал, што и да направиш, пак ќе те почитува. Ќе те смета за некој вид на пример, за тоа каков треба да е. Нормално, многу зависи тоа и од она КОЈ те смета за свој авторитет, дали има памет или нема. Во тој случај, ти му „солиш“ малце од твојот и се си доаѓа на место.

Е кога ќе почнеш да солиш памет, тогаш, авотритетот може да се сруши, зошто не само што го поучуваш оној другиот, како треба да се однесува, туку си поставуваш критериуми сам на себе.

Исто така, мислам дека е вроден. И меѓу малите деца се гледа кој е „огин и пламен“ , а кој му се покорува на тој. Две-годишни деца да ги видиш како си играат, веднаш ќе сфатиш кој е поавторитетен. Тие деца и кога ќе пораснат, ќе им бидат авторитети на останатите. Тие се водачите на друштвото, утре ден, водачите на фирмата, водачите на семејсвото...

Но сепак, не во сите случаи е така.

Авторитетот може да се изгради и со тек на време. Можеби порано си живеел на друг начин, кој не е за почит, а сега си се сменил, си станал пример за сите.

Не си им доволувал на другите да те запознаат каков навистина си, не си се отварал, а Си навистина личност врз која треба да се огледаат. Со тек на времето, луѓето околу тебе ќе ги запознаат твоите ставови со набљудување на твоето однесување и ќе сфатат дека Си авторитет. Без никакво наметнување, си станал авторитет.

Авторитетот не е наметнат. Со сила да мораш да слушаш некој. Не. Родителите на многу деца, иако би требало да бидат некој вид на авторитет, не се авторитет. Многу професори, иако би требало да бидат авотритет, не се! Нема наметнат авторитет. Тој што се наметнува со сила се прави паметен, не се прифаќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom