Авио превоз

здраво

Јас редовно патувам со авион, бидејки сум од внатрешноста на македонија за до аеродром зимам такси (што е скапо) или одам до скопје па после го зимам комбето на вардар експрес што оде до аеродрмот (но така непотребно губам време)
Интересира дали некој знае како може да стигнам од патарината до аеродромот александар велики (на гоогле мапс видов дека е околу 2.5 км), дали има превоз за оваа кратка релација или дали некој има одено пешки. Или пак дали има превоз од Велес до Аеродромот Александар велеки

Позз фала однапред :)

Го имам еднаш направено тоа во лето и некако премногу пешачење ми се виде со тоа што јас застанав на клучката до патарината и тргнав пешки по автопат со надеж дека ќе ме качи некој, ама за жал не застана никој и прусав пешки скоро еден час ако добро се сеќавам.
Оваа рутата што ја постираше не ја знам, ама вака изгледа дека не е многу далеку (2 км) и ако немаш голем багаж ти е супер опција

Само пази да не е таа истата како типот од Берово да си ја скокниш оградата и упатиш директно кон авионите.
 
Ти останува само пешачење, ама и така незнам колку заштедуваш, колку е бус Битола - Скопје?

Еден правец битола-скопје му е 450ден ,повратна карта 600ден(не знам колку дена важи картата). ако иде со карта у еден правец ќе го кошта 10евра од битола до скопје па од скопје до аеродром,али очигледно сака да пешачи :D.а таму кај што иде ќе кажува дека со такси бил до аеродром :P.
 
И јас мислам дека нема потреба да одиш до Скопје, па повторно да се враќаш на аеродром
Најдобро е да се користи такси
На самиот аеродром има такси Елите и треба со нив да се договориш и за цената и кога да те чекаат
Нивната електронска адреса е
: elita-el@hotmail.com
А еве ја и страницата на аеродромот посветена на такси:
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=384
 
И јас мислам дека нема потреба да одиш до Скопје, па повторно да се враќаш на аеродром
Најдобро е да се користи такси
На самиот аеродром има такси Елите и треба со нив да се договориш и за цената и кога да те чекаат
Нивната електронска адреса е
: elita-el@hotmail.com
А еве ја и страницата на аеродромот посветена на такси:
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=384

Со ова такси не знам колку би го пречекале на патарина или на клучката.а и доколку евентуално дојдат по него,сигурно ќе му наплатат убаво.
 
Со ова такси не знам колку би го пречекале на патарина или на клучката.а и доколку евентуално дојдат по него,сигурно ќе му наплатат убаво.

Пак ќе биди поефтино и попамтно отколку да оди до ск.
Имам видено многу луѓе шо слегуваат од автобус на патарина па си продолжуваат натаму.
Али ајде ова можи да го прави со летовите после 9-10 сатот. Шо останува со оние порано? Такси бт-ск е поефтино или твој чоек да те носи отколку да паркираш кола на аеродром :)
Се на се мизерија, побрзо ќе стигниш од рандом град во европа до скопје отколку од Битола.
 
Темава е многу стара. Има некој искуство од поново време? :)
Јас имам одено пешки по рутава пред најмалку 10 год.
Можно е пак да треба да одам.

1681837020610.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom