Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
не им успева, голем е процентот на самоубиства од депресија (досада) таму :place: тогаш кога бев кај роднините во Данска на насловна во весник имаше брејкинг њуз, две патки избегале од зоолошката и цели два саата не знаеле каде се, стрес огромен за животните и за луѓето.


:notworthy:


Е па што се врати ? Нашите таму ги примаат одма.
 
не им успева, голем е процентот на самоубиства од депресија (досада) таму :place: тогаш кога бев кај роднините во Данска на насловна во весник имаше брејкинг њуз, две патки избегале од зоолошката и цели два саата не знаеле каде се, стрес огромен за животните и за луѓето.


:notworthy:


Е па што се врати ? Нашите таму ги примаат одма.
 
Е па што се врати ? Нашите таму ги примаат одма.

Добро бе ни ги потече, вашите сегде ги примаат одма. Најверојатно вие така правите , одите на гости и им останвате засекогаш. 10 души во еден стан нема гајле само да се множи нацијата. :facepalm:
 
Не летајте! Ова со шестчасовното работно време можеби ќе важи за административните работници. Работничката класа ќе продолжи да биде платена во зависност од работните часови.
Да не звучам како валволин, и покрај се, условите за живеење се далеку подобри од кај нас.[DOUBLEPOST=1398332606][/DOUBLEPOST]
Е па што се врати ? Нашите таму ги примаат одма.

Си ги заборавила анти-депресивите во Македонија. Вака кога ќе лепнете некое глупо прашање....
 
Добро бе ни ги потече, вашите сегде ги примаат одма. Најверојатно вие така правите , одите на гости и им останвате засекогаш. 10 души во еден стан нема гајле само да се множи нацијата. :facepalm:

Вашите не помагаат. Знаеме ние. Ама нашите ни помагаат
 
Се зачудив на какви програми работат за идните години: Како нашето население да биде посреќно.
Кај нас тоа не е во агендата и наредните 50 години.
Кај нас е моето семејство да биде посреќно.
Сва среќа што сме 1.7-1.8 и одиме надолу, брзо ќе дојде на секој семејството да биде посреќно
 
Не летајте! Ова со шестчасовното работно време можеби ќе важи за административните работници. Работничката класа ќе продолжи да биде платена во зависност од работните часови.
Да не звучам како валволин, и покрај се, условите за живеење се далеку подобри од кај нас.[DOUBLEPOST=1398332606][/DOUBLEPOST]

Си ги заборавила анти-депресивите во Македонија. Вака кога ќе лепнете некое глупо прашање....

Затоа работниците во согласно потребите имаат избор на пола работно време, на 6 саати на 10 саати и секој саат платен или пребиен во одмор.
Друго е на 6 саати да ти засметува плата а два да ти ги пребива во слободен ден или плус платен саат од плата, а сосем друго е над 8 саати на ден да работиш. Има разлика што би рекле нашите, не се глупи Шведите :D
 
не им успева, голем е процентот на самоубиства од депресија (досада) таму :place: тогаш кога бев кај роднините во Данска на насловна во весник имаше брејкинг њуз, две патки избегале од зоолошката и цели два саата не знаеле каде се, стрес огромен за животните и за луѓето.


:notworthy:
се сетив на една случка, сигурно уште од пред да се родиш...
Се башкариме во среќен социјализам...јас се возам рано сабајле по Илинденска на работа, а слушам на радио во кола нешто за црниот лебед , кој иако со поткастрени крила , прелетал преку огрдата на зоолошка , па се молат оние кои ќе го видат да им јават и евентуално фатат и причуваат додека не дојдат од зоолошката. И толку.... ништо друга за тоа не слушнав. Случајно многу после тоа , може месец- два седев со една пријателка која работеше во Природонаучниот музеј, па се сетив и ја прашав: што стана со тоа црниот лебед???
Ништо исчезна!!
Како бе исчезна , ко авион е.
Исчезна , .......................единствено детето на една колешка , кажало дома, дека некое другарче од класот се пофалило како за ручек имале гооолема црна птица...:):):)
Тоа ти е Балкан- бавча...и тоа не е од вчера...ти за Данци и патки ми збориш.., но како се вика она ..секоја планина своја тежина. Голема илузија е кога миц-по-миц..возиш у колона на граничен премин.., така ти се чини...дека другата колона оди побрзо. А ја смениш, после многу напред-назад...таа која си ја напуштил...шишнуе.;)
 
Кој може да избега ич да не му ја мисли,а овие што ве лажат како таму не тече мед и млеко ич да не ги слушате ,тие сигурно газот си го вдомиле во некоја државна фотељичка и сега тука продаваат лажен патриотизам т.е шо викаше баба ми продаваат муда за бубрези
 
Ауфидерзен Македонија...некој додуша не може ни до граница да стигне.

СИРОМАШТИЈА: 140 илјади луѓе во Македонија живеат со помалку од 100 денари на ден!
27/04/2014 // Пред 4 часа // ЕКОНОМИЈА // 1 Коментар

siromastija-mji1-530x272.jpg

Околу 140 00 луѓе во Македонија живеат со помалку од 2 долари на ден, или по дефиниција, во сиромаштија. Според најновиот Извештај за глобалниот развој на Светска Банка, во 2012 та година во однос на годината претходно има пораст на оваа ранлива категорија на луѓе. Во исто време расте социјалната нееднаквост во општеството, односно економските разликите меѓу оние што располагаат со богатство и оние што живеат во сиромаштија. Домашните статистики иако бележат намалување на невработеноста, која се смета за клучна причина за сиромаштијата, сепак тоа незначително се одразува во економијата. Зошто?

Класната нееднаквост – во пораст!

Расте бројот на граѓани што немаат пари да ги задоволат ниту основните животни потреби. Според најновиот извештај на Светска Банка бројот на луѓе во Македонија што живеат со помалку од 2 долари на ден ( што е параметар за дефиницијата за сиромшатија) во 2012 та година се зголемил на 140 000. Јазот меѓу богатите и сиромашните се продлабочува. Според анализата, само 5 проценти од граѓаните располагаат со 49% од доходот во земјата.

“Бројот на луѓе што живеат со помалку од 2 долари на ден е зголемен од 120 илјади на 140 илјади сиромашни лица. Другиот индикатор покажува дека 5% од популацијата располга со 49% од доходот во земјата. Во 2012 та година е забележан раст на т.н “Џини коефинциент“ што ја мери нееднаквоста на распределеност на доходот по домаќинства во една земја. Сите овие параметри укажуваат дека расте социјалната раслоеност, а корист имаат само најбогатите. Иако на пример, Македонија испорача раст на БДП, тоа не се почуствува кај сите граѓани, односно ефектите ги почуствуваа само оние што се поимотни“ – вели Никола Поповски, универзитетски професор.

Според статистичките мерења во земјава невработеноста бележи намалување. Ланската 2013 та година заврши со стапка на вработеност од 28,6% и во однос на 2011та година има намалување за 2 процентни поени.

Податоците од последната анкета на “Лаекен индекс на сиромаштија“ покажаа дека најдлабока сиромаштија има токму кај невработените, но и кај оние што работат, но со приходите не можат да ги задоволат основните животни потреби. Еве какви стапки на сиромаштија измери статистиката според економскиот статус на граѓаните:

Невработени 48,7%

Други неактивни лица 35,2%

Вработени 10,0%

Пензионери 12,8%

Како се објаснува состојбата на пораст на бројот на луѓе што живеат во сиромаштија од една страна, и намалувањето на борјот на невработени, од друга страна?

“Точно е дека статистиката во изминатиот период регистрираше бавно намалување на неврботенста . Но, тоа не значи дека и оние што работат и зарбаотуваат не живеат сиромашно, односно ова значи дека приходите не можат да обезбедат задоволување на основните животни потреби“ – вели професорот Поповски.

Социолозите сметаат дека треба да се прави разлика помеѓу перцепцијата за сиромаштија, односно како ја доживуваат и чуствуваат луѓето и методолошките мерења за сиромаштијата.

“Според мене стапката на сиромаштија во земјава изнесува 35%, од нив од 20 до 25 отсто живеат во беда, или на пример во 16 квадратни метри живее повеќечлено семејство кое не може да ги задоволи егзистенцијалните потреби. Од друга страна исто така сметам дека мора да се направи релано мерње на потрошувачката кошница, или колку продукти и кои видови на продукти се потребни за да се живее нормално. Ако тоа се направи, тогаш ќе дојдеме до податок дека со располжливите приходи не можат да се задоволат тие потреби и стапката на сиромаштија би се зголемила“ – смета универзитетскиот професор Зоран Киткањ според кого стапката на сиромаштија во земјава изнесува 35%, од нив од 20 до 25 отсто живеат во беда.

Едно четиричлено домаќинство, со двајца возрасни и две деца живее со 2 171 евро годишно, или 180 евра месечно. Во ваква состојба се скоро 24% од домаќинствата.

Вашингтонскиот “Институт Кејто“ ја рангираше Македонија на 11 то место од вкупно 90 анализирани земји според длабочината на сиромаштија. Со индекс 35,7%, земјава се вброи во оние кои се најсиромашни, а како клучна причина се посочува невработеноста.

А.Д​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom