5 oд 5 во Торино, издоминира едноставно Новак, доста захтевна група, не сакаше да танка ни со Медо иако веќе беше првопласиран, физички исцеден отиде на Фриц, после тој меч се знаеше кој ќе биде исходот едноставно ваква прилика немаше шанса да пропушти без разлика кој и да беше од другата страна. Му се поклопија коцките со Медо зашто немаше шанса уште еден таков меч да изигра се гледаше дека има некои физички проблеми.
И денес ги имаше на старт од прв сет али некаде после 4ти, 5ти гејм си влезе у своја зона, а у втор сет изигра на unbeatable ниво, премалце неизнудени, перфектен на свој сервис, перфектен у сите долги размени и скоро секој удар што го имаше увртено у глава го пласираше, јасно тоа и на Руд му беше веќе, тоа беше тоа.
Руд од друга страна, со оглед каков беше после Америка и кои резултати ги имаше, премија е овој пласман и кревање на ниво на игра, вчера го откажа од тенис Рублев у еден момент, 9 гема по ред му зема после 1-2 у прв сет, добар турнир изигра и може да се смета посериозно на него следна година нарочито на земја, и секако ако Надал е дефектен.
Каков беше стартов на сезонава, Новак боље и од ова скоро и да не можеше, једино може да жали за финалето со Руд ама затоа тука надокнади, многу побитен му беше овој триумф од тоа финале, ако веќе се бираше, сега се израмни со Федерер и тука по број на титули и си испиша уште една историја и си го зацементира својот статус во тенисот.