- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
Работата е што самата Турција има двојни аршини: апсолутно застана на страната на Албанците во Косово и Македонија, оправдувајќи ги нивните територијални аспирации, (затоа што се Муслимани). Но, кога станува збор за истата ситуација на домашен терен, тука не играат истите аршини. Курдските територијални аспирации не се валидни како албанските. Но, албанските борци се бореа против каури и заслужија подршка, додека Курдите кои таквите аспирации ги аплицираат врз условно кажано турска територија, не заслужуваат такво право. Сто стапа врз туѓ грб, ич не болат. Така Турција ќе ги згмечува (колку може Курдите), истовремено барајќи ги истите права (кои Курдите ги бараат за нив од Турција) за Чечените, Албанците...
Не бе нема врска, така ако гледаш и САД и ЕУ ја признаа независноста на Косово, исто така албанците беа вооружени токму баш од овие земји, а не велам дека Турците не им помагаа на албанците,тоа е друго, сите земји членки на НАТО се криви заради Косово..
Знам дека за време на бомбардирањата во СР Југославија воените авиони на САД,Германија и Турција користеа осиромашен ураниум..
Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со С А Д
Според Српскиот весник Блиц е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите F-16 на воздушните сили на САД,Германија,и Турција користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.
Според експертите, во Косово се уште постои радијациа што можно е во иднина разни болести да се појавува.
Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.
Американските извори тврдат дека авијацијата на САД извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети
Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.
Турските извори оперираат со проценти- Турција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.