ASUS Eee PC - Што мислите за него ?

  • Креатор на темата Креатор на темата draganask
  • Време на започнување Време на започнување

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Возраст
39
Дали ви е познат моделот ASUS Eee PC? И доколку да, што мислите за него? За сите оние кои го немаат сретнато и не знаат за кој модел станува збор, ќе кажам нешто кратко за него.

Станува збор за мини лаптоп, ултрапреносен компјутер со навистина мали димензии и интересен дизајн.

asus_eee.jpg

Карактеристиките не се некои ѕверски, но системот е навистина оптимизиран и верувајте работи брзо. Моделот кој е достапен кај нас е моделот ASUS Eee PC 4G Surf. Има Intel Celeron Mobile 900MHz процесор со големина на кешот 512 КB, има Intel чипсет и Intel 900 GMA графичка карта со 64MB ram меморија. Доаѓа со 512MB DDR2 667MHz ram меморија и 4GB SSD (solid state disk) што значи дека нема класичен хард диск туку има цврст диск (уред како на пример USB мемориите) и е отпорен на физички влијанија. Дисплејот е 7" WXGA а има вградени стерео звучници, микрофон, има VGA излез и дава максимална резолуција од 1600 x 1200, има три USB 2.0 приклучоци, 4-in-1 card reader (чита sd картичка која е една од најефтините), има тач пад со две копчиња и вертикален и хоризонтален скрол, има WiFi и доаѓа со 4400MAh 4 ќелијна батерија која држи до 3 часа работа. Овој модел е некаде на средина бидејќи постојат уште три модела кои ги нема кај нас. Послабиот ASUS Eee PC 2G Surf (2GB SSD и 600MHz процесор), АSUS Eee PC 4G (ист како 4G Surf, само има плус web камера од 0.3MP и има малку подобра батерија - 5200MAh), и најјак е ASUS 8G кој има 8GB SSD, 1GB DDR2 667MHz ram и web камера. Доаѓа со прединсталиран Linux, но е XP компатибилен и на него без проблем може да се инсталира XP. Предобро е оптимизиран, а за сите оние кои мислат дека дискот е мал, SD мемориска картичка ќе заврши работа. Моделот 4G Surf моментално најповолен е во АМЦ - 17500 денари, инаку по нарачка го носат во Инфопроект и Невада компјутери - цена одприлика 22-23000 денари. Јас го купив веднаш штом имав прилика да видам како работи а на него имам инсталирам XP со Vista скин. Работи одлично и штом еднаш стане дел од вашето секојдневие, нема лесно да се одделите од него.

П.С. Моментално си уживам во кревет и ви пишувам од него. Инаку заборавив да напоменам, тежи само 900 грама!!!
asus-eee-pc-701-laptop.jpg

asus-eee-pc-colors.jpg
:srce:
 
Премногу е мал,7 инчи не се ни одблиску доволни,пробувам да ја откријам целната група на овој уред,ама слабо некако :(

И нема 512 мб кеш,туку 512 кб кеш.Односно целерон Д варијанта,и тоа не е ни 1000 мхз :(
4 гига диск,тоа е за срамота,јас на мојот п990 имам повеќе меморија (4 гб стик + 70 мб :)).
XP-то ако е снимено на дискот,ти остануваат некои 3 гига тогаш.
Плус 3 саати батерија,дај не бидете смешни :(
Ако е толку мало,ваљда треба да е преносливо,а што ќе ти е преносливост ако на секои три саати мора да го пуниш во струја?

Не знам,за 10.000 повеќе имаш лап-топ,ова малово со ајфон рамни го,иста батерија имаат :)
 
Привезок за клучеви? 7 инчи? Машина за куцање има поголем формат на приказ од ова бе:)....имам 15.4 инчен лап топ и пак ми изгледа мало и грдо:( а неможам да замислам 7 инчи
Мац целната група на уредот е да се лаже народот демек еееееј нано технологија:pos::pos: Драганаск ако веќе ти било до ултра тенок и ултра лесен лап топ еве ти едно нешто од мене
131583-mbair_large.jpg

блага еротика рано посабајлечки
 
Таман со мерак си работи на него , вие и го скршивте филмот :wink: Добар е :smir:
 
Добар е, ама не е нешто што би го купил.
Би додал уште нешто пари и би земал вистински лаптоп.

Асусов е добар да се дава на некои промоции, онака, со договор за некоја услуга, гага :)
 
Ух... Нема шанса да работам на 7 инчен лап-топ. Побрзо би земал покет пс. Инаку иам дел 15.4 а пред некое време ми падна до рака дел 12 инчен (некоја травел изведба што држи 3-4 саата батерија). Очи истерав дури го подсредив малку, баеги беше бавен. И кога ке споредам мал ми беше 12 инчниот, па 7...
 
Да беше таблет пц за тие пари да го купам ама за ова НЕ!!!! не се исплаќа и слаба конфигурација!!!
 
Абе овој е добар ако често држите предавања.Си го носиш во џеб и после само му уклучуваш видео проектор и држиш предавања:wink:
 
512kb кеш де :) сум утнала :) Инаку воопшто не е така лош и веројатно ако беше толку лош немаше да направи толкав бум во светот и да е толку баран. Но секој со своето мислење а јас сум презадоволна дека го имам!
 
Лап топче за девојче (уште да имало од розовите, мх, мх, мх, мераци).
Инаку со УСБ стикче од 4ГБ добиваш 8 ГБ меморија (само стикот не се препорачува за мали фајлови, знае да ги „заборави“.
Со здравје да го служиш. И дечкото на сестра ми се остри да земе едно вакво. Со оглед на тоа дека не знае ни Word да куца, идеално ќе му дојде ако му притреба куцање фактуриче или испратница.

Моја рецензија, откако ќе го купи (ако воопшто го купи, нешто сумљив ми е, хаха).
 
Имам правено и јас рецензија пред да го купам го имав на тест па текстот ќе оди во новиот број на ентер.
 
Де бе, се испокењавте, де мал бил, де покет пи си, де таблети, де големи лаптопи...

Вакво малишанче каква работа може некогаш да ти заврши не сте свесни. Ја имам покет пи си кое ново чини 600 евра, ама сепак не можам од него да направам се (иако на него имам офис алатки, аутлук и слично) што може од ова кое чини 260 евра, односно за 340 евра поефтино од покет пи си-то.
 
Па баш тоа сакав и јас да кажам.. мислам што очекувавте за тие пари? QUAD core? 2GB ram?? 160GB HDD?? Мислам јасна е намената на овој уред, ефтин преносен уред кој врши работа од нога или слично. ... на работа да досредите нешто.. за презентација.. занимација за на одмор.. а сигурно не да програмирате на него или да работите некој графички дизајн! За тие пари е навистина добар и може и те како да врши работа.. проверка на мејл.. сурфање (има вграден WiFi) ..досредување на некои документи кои не сте стигнале да ги досредите.. и многу слични работи. .. а е навистина супер оптимизиран и не работи воопшто споро.. За вршење работа една sd од 4GB 1000 денари и бркајте си работа зошто сигурно не му е намената да сладирате на него податоци. А за сите оние кои најдоа замерки нека купат нешто слично со многу поголем хард, меморија и слично ама за МНОГУ поголема цена.

П.с. Купете си класичен лаптоп и покрај тоа но него сигурно нема да можете да го носите буквално секојпат тежок е а и гломазен.
 
draganask напиша:
П.с. Купете си класичен лаптоп и покрај тоа но него сигурно нема да можете да го носите буквално секојпат тежок е а и гломазен.
П.С.от се пишува со златното копче измени на предходното мислење :wink:

Имам класичен лап топ и си го носам кај стигнам, ич не ми е гломазен веруј....посебно кога стои во нешто вакво
63668_1_4
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom