Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 701
- Возраст
- 39
Деканатот на Архитектонскиот факултет наплаќал дупло за услугите што ги нуди факултетот, констатирале државните ревизори. Извештајот за работата на Архитектонскиот факултет е подготвен за периодот кога професорот Влатко Коробар бил декан на таа институција.
Ревизорите утврдиле дека факултетот не го почитувал ценовникот за висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образовни и административни услуги, кој е усвоен од Советот за финансирање на високото образование. Така, ако студентот задоцнил да го завери семестарот повеќе од 15 дена, факултетот му наплаќал по 3.400 денари, услуга што во усогласениот ценовник на советот чини 500 денари. За повторно запишување предмет биле наплаќани по 1.000 денари. За услугата да се стават студиите во мирување (која е бесплатна), факултетот земал по 1.000 денари од студент, а исто толку им било наплаќано ако студентот се пријавувал да слуша предмет вторпат. По 1.500 денари се наплаќало за издавање наставен план и програма. Наместо бесплатно да им издава уверенија за положени испити, деканатот за оваа услуга наплаќал по 300 денари.
„Непочитувањето на ценовникот направил факултетот да се стекне со неосновани приходи кој ревизијата не можеше да констатира каде се трошеле, зошто не постоеле детални описи за целта на дознаката“, напишале ревизорите во извештајот.
Освен ова, ревизорите не добиле доволно докази за да се уверат во реалноста на потрошените 140 илјади денари, кои се искористиле за дневни и патни трошоци во земјата и во странство.
Извор: