Отриени ли се Исусови остатоци во гробница во Ерусалим или е само скапа археолошка манипулација? Библиографот Џејмс Табор и познатиот режисер на документарни филмови Симча Јакобовичи тврдат дека во една древна Ерусалимска гробница, покрај тоа што откриле неколку саркофази кои датираат од првиот век, пронашле и посмртни остатоци од Исус и неговото семејтво.
Нивното истражување започнало откако добиле дозвола од израелските власти да отворат дупка на крипта со помош на рака-робот. На неа поставиле камера со чија помош откриле неколку саркофази кои биле изработени од креч. Гробницата во која се откриени контроверзните саркофази датира од седумдесетите години по Христос, а оддалечена 60 километри од локацијата која дотогаш била препознатлива како семејната гробница на Исус.
Ваквиот расплет на состојбата би можел да ја фрли на колена верата стара два милениума. Многу теолози и археолози оваа теорија ја отфрлиле како невистинита.