Arduino микроконтролери

  • Креатор на темата Креатор на темата Doomy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Здраво,
Гледав по Амазон и слични страни за Ардуино микроконтролери ама нема брза достава, па еве да прашам...Знае ли некој дали има во Скопје некој препродавач на овие микроконтролери. Логин во Беверли Хилс евентуално?
 
Има брза достава, ама ќе си платиш малку повеќе за да ти стаса за некој ден.
 
Да, ама причината е што брзиот шипинг е некаде х3 од цената на ова, па си мислев по продавнициве за електроника во Скопје некој да не видел/начекал :)
Ако не, ќе си платам :)
 
НЕМА во македонија.. нигде
едниствени микроконтролери во Македонија ти се PIC од МикроЧип, за arduino микроконтролер треба да одиш до Софија.
макар да PIC ти е даалеку по добар и посупериорен од aurduino а и поевтин.
PIC16F84 ти е 150 ден мислам, а PIC16F877 ти е 350 ден
 
Каде има PIC во Македонија?
 
Каде има PIC во Македонија?
Логинг во Беверли Хилс трговскиот во Капиштец, ама тоа на втори спрат што е, а за надвор од Скопје мислам дека има само во Алфа екектроникс во Битола.
 
да ама PIC-от ти е само процесорот... ова е цел контролер, кој за да го склопиш со PIC ќе ти требаат повеќе компоненти... јас би ти препорачал да си набавиш Ардуино од dx.com 15$ се и бесплатна достава, 20тина дена ти е тука, програмирањето е прилично едноставно и се прават многу моќни работи... јас имам две и се стварно закон работа :)
 
Здраво,
Гледав по Амазон и слични страни за Ардуино микроконтролери ама нема брза достава, па еве да прашам...Знае ли некој дали има во Скопје некој препродавач на овие микроконтролери. Логин во Беверли Хилс евентуално?

знам дека досега можеби си се снашол, ама еве за СИТЕ оние кои би биле заинтересирани за купување ардуино.
Ардуино се продава во Гац Електоникс. Се наоѓа во населба Аеродром, 500 м после железничка во продавничките во тој пешачкиот мост што оди под улицата. Цена 2100 за Ардуино Уно
 
да ама PIC-от ти е само процесорот... ова е цел контролер, кој за да го склопиш со PIC ќе ти требаат повеќе компоненти... јас би ти препорачал да си набавиш Ардуино од dx.com 15$ се и бесплатна достава, 20тина дена ти е тука, програмирањето е прилично едноставно и се прават многу моќни работи... јас имам две и се стварно закон работа :)

Имаш Ардуино или од тие ефтините кинески копии - внеси_име_дуино?

Мене искрено ме интересери дали некој има од кинеските и дали работи како што треба или прегрева?
 
Arduino Uno R3 - 4$
HC-05 Bluetooth Module - 4$
5V 2-Channel Relay Module - 2$
400 Points Breadboard - 2$

Последно уредено:
Јас имам две кинески ардуино уно-а од Landzo Electronics. Работат беспрекорно не греат иако користам повеќе од пола од пиновите и RAM-от. Најмногу ме загрижува цврстината на лемовите.
 
Последно уредено:
Ардуино не е микроконтролер, туку опен-сорс платформа за креирање (програмирање) на електронски кола, со AtMega микроконтролери.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom