Апел за помош на малиот Марин.

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister Right^
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
Локација
Скопје
Итно е потребна помош за Марин Петковски кој има 18 месеци и боледува од АКУТНА ЛИМФОЦИТНА ЛЕУКЕМИЈА ТИП Т и потребно му е итно лекување. Потребните средства треба да се соберат најдоцна до петок 28.06.2013 година за да може да се лекува во Германија.
Жиро сметки:
200002401320546 - Стопанска Банка
210700000603670 - Тутунска Банка
370006303225995 - Еуростандарт Банка

Вип оператор: 077/143-077
Т-mobile: 070/143-102.

1005567_471739929585445_832166062_n.jpg
 
Донирано :)
Колку пари треба да се соберат ?
 
Каде е државата да помогне за ваквите случаи?
Или Скопје 2014 у пм матер побитно е од ова мало детенче?
 
Се работа за истото дете или ?

ФЗОМ и Универзитетската Клиниката за детски болести од Скопје преку соопштение ја информираат јавноста дека осигуреникот М.П. во моментов се лекува на Клиниката за Детски болести и ја добива потребната терапија. Од страна на лекарите на клиниката не е издадено конзилијарно мислење за лекување на осигуреникот во странство, бидеќи лекувањето може да се направи и во Македонија, односно на Клиниката за Детски болести, а во досегашните контакти со одговорните лица од клиниката, воопшто не станало збор за било какво лекување во странство ниту пак било побарано да биде упатено за лекување во странство.
Според лекарите на клиниката, овој тип на онколошко заболување успешно се лекува во земјава и нема потреба од препраќање на пациентите во клиники во странство. Воедно од Клиниката потврдуваат дека детето веќе е ставено на сериозен третман за болеста и во овој период патувањето би било живото-загрозувачко.
Според ова, барањето за донации упатено преку веб порталите и социјалните мрежи содржи неточни информации. Клиниката за детски болести во ниту еден момент не ја ускратила терапијата и лекарската грижа на М.П. ниту пак оваа институција би инсистирала пациентот да се лекува во нејзини рамки, доколу за тоа не постојат услови.
Имено, со години наназад на пациентите кои им е потребно лекување кое клиниката не може да го обезбеди, им се овозможува конзилијарно мислење кое е прв чекор кон упатување на пациенти во клиники во странство каде тие би ја добиле потребната нега и терапија. Од неодамна ФЗОМ донесе одлука овие пациенти кои се упатуваат на лекување надвор од земјава да не плаќаат партиципација поголема од 200 евра.
Некоректно е да се дезинформира јавноста дека ФЗОМ и Детската клиника не сакаат да платат за лекување на болно дете и да се бараат пари за донации, без притоа да се нагласи дека вакви дијагнози успешно се лекуваат на Клиниката за детски болести,се вели во соопштението од Фондот за здравство.

http://sitel.com.mk/fzom-pacientot-...otreba-da-se-sobiraat-donacii-za-lekuvanje-vo
 
Успешно, да...
Кој може нека донира!
 
Баш вчера кај мене на работа дојде роднина на детенцево инаку колку што ми кажа околу 350,000 евра треба да се соберат ... што е тоа сума која стварно огромна а нашава држава е толкава педерска која не може да собере барем 70 % од целата сума.

Инаку донирано :) дајте донирајте што можете повеќе да собереме и споделувајте на фејсбук :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom