Aнтракс во Русија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
309
Руски официјални лица потврдија за ИТАР-ТАСС дека две особи и триесетина крави се инфицирани во селото Успенское на југот на Русија и покажуваат симптоми на антракс.

Триесет други лица работеле на фармата покрај инфицираните двајца, а кравите се веќе убиени и запалени.

Инцидентот во Русија е втор по сличен таков во Балгладеш каде што 500 души се инфицирани со антракс од инфицирани крави.

http://www.bioprepwatch.com/news/216105-two-sickened-by-anthrax-in-russia
 
Знам дека имаше скоро кај соседите:

Се појави антракс во централниот дел на Бугарија
24.08.2010 - 17:20 | Балкан

Во селото Брестјане во близина на Разград во централниот дел на Бугарија потврдени се позитивни испитувања врз домашни животни со заразната болест антракс, соопшти Националниот дијагностичен институт за ветеринарна медицина во Софија.

Според соопштението на институтот, преземени се сите мерки за ограничување на болеста.

До сега се вакцинирани 950 животни од вкупно 1.300, а извршена е дезинфекција на местата до кои имале пристап заразените животни.

Во местата каде е регистриран антракс во изминатите десет години вакцинација се врши двапати годишно, но во областа на селото Брестјане не е регистриран ниту еден случај на антракс во изминатите 30 години поради што не е извршена вакцинација.

Антракс е многу заразно заболување кое се пренесува врз луѓето преку месо, крв или кожа од заразени животни од кои најмногу се изложени говедата, козите, овците и коњите.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/se-pojavi-antraks-vo-centralniot-del-na-bugarija

--- надополнето ---

Ima li lek za ovoj antraks?

http://hr.wikipedia.org/wiki/Antraks_(bolest)
 
Back
На врв Bottom