Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да знам на другите која им е разликата, мене само погледот (бескрај), мирисот и самиот песок што најчесто го има по плажите покрај море, прави огромна разлика.
Друго, за да не бидам сфатена погрешно, места како Полихроно, Олимпик Бич и остали екс рибарски селциња, ретко кога можат да го доловат тоа чувство.
Самата природна убавина, што за почеток ја имаат островите грчки, е нешто што не може на ниедно езеро да го има, било тука или Германија.

Што се однесува до услугата на Грците (Бугарите не ги ни споменувам, еднаш се излажав и за сите времиња доста ми беше), - Гркот знае како да ти ги земе парите.
Од сите одмори на море најчесто во Грција сум одела, еден единствен пат никој не ме навредил, не ми исклучил бојлер, не ми се искурчил келнер, едноставно сум била услужена максимално.

Гркот кој живее од туризам не го интересира дали си Македонец, Блгар или Авганистанец, те гледа како евро, а ти со ќеиф му го даваш, од причина што добиваш одлична услуга за истото.

Периодов ми се случи така еден викенд да бидам во Грција, веќе следниот во Охрид, замисли, ИСТО пари потрошив двата викенда (не го рачунам горивото, туку сместувањето, храната и сл). ама иста услуга не добив.
Кои Грци на туристички места? Па, таму по хотели, плажи, кафичи, ресторани работат Бугари, Македонци, Срби, Англичани, а прашај тие што биле на Закинтос, Скијатос и такви места колку врие Албанци од Албанија. Тие што ве услужуваат вас се се само не Грци.

Зарем Охрид нема природна убавина? Дај жити се не зезај, но јас ја разбирам потребата и желбата да заминеш на друго место кога веќе можеш. Секој сака да шета на различни места секоја година.

Кога зборуваме за Бугарија и на кое место да отидеш се се тоа all exclusive хотели со 5 ѕвезди со базени, сауни, џакузи, интернет се што ти посака душа. Јас бев во Несебар. Не знаеш кој од кој хотел е поубав. Платиш и таму никој не те замара. Отиди во Хрватска на одмор каде што си сместен во куќа каде што живее и газдата, па ќе видиш дали нема да те замара. Секаде е така. Така и Грција. Се се тоа нови вили и мали хотели коишто се правени нови и таму не живее газдата, па нормално и нема да те замара. Да живееше со тебе да видиш дали нема да те замара.

Колку од тоа дека Грците само туризам ги интересира доволно е да видиш дека во ниедна кафана, ресторан или било што нема македонско мени, не се свири македонска музика или било што, а прв и втор крак се вооглавном македонски и српски туристи. Мислам не е место за политика тука, но доволно е да го разбереш зборот цинизам и глумење доброта само затоа што имаат ќар од тебе. Да не им се македонски туристи на тие места на прв и втор крај бел леб нема да видат повеќето Грци.
 
Дека има скапи места има, но најголемат грешка е генерализирање во се, нити секаде во Охрид се скапо ниту секаде во Охрид е лоша услугата, е сеа сака некој да седи во Куба Либре или таа новата во Парк ќе плати поскапо, но јас се слагам дека концесионерите треба малце да се превоспитаат од 2-3 инспекции оти сепак оној кој сака сепари и скапа лежалка ќе си земе, но да ги тераш сите и максимално да ограничиш просторот на плажат за приватни крпи, столеви и сл. тоа е многу лош потег.

За Дојран сама да дополнам, значи не зборувам напамет пред месец дена со свои очи видов, ниту има плажа, ниту има инфрастркутира, еден базен 5 на 3 повеќе од пет души не збира унатре и најбитното зошто секога Охрид ќе го бирам пред Дојран иако ми е поефтин и ми е поблизу.

Климата, јас од кавадаречкиот пекол на лето од 45 степени сигурно нема да се залетам у дојранскиот (со комарци збогатен) пекол од исто 45 степени, туку ќе отидам онаму каде е 10 степени поладно, каде навечер секогаш се свежно, каде има прекрасна природа и воздух, а такво туристички место во Мк. е Охрид, и за споредба на клими можам да утре да аргументирам и нема шанси да ми докажете дека Дојран или Грција имаа поубава клима.
 
:icon_lol::icon_lol::icon_lol: Aбе готово, од нас живеат на Халкидики
Не живеат од нас, али печалат многу од нас. Пола Македонија оди во Грција на одмор. Македонски и српски туристи им се вооглавном сите во тие делови на Грција.
 
Јас во Острово на Св. Наум пиев макијато 90 денари, и нес кафе 120 денари.

Да не заборавам да напоменам, макијатото сервирано во картонска чашка, а за несот немаа лед.

Келнерката не знаеше што е фрапе.

И тако даље.

1. Ти не велеше порано исклучокот (не) го потврдува правилото? :icon_lol:
Факт е дека на 90% места макијатото не е над 70 (освен 2-3 авангарда плажи).Истото е и за несот и за пивата.Проверете да не сте редовно закрпени од келнери :cautious:

2. Ако ви донесле макијато во картоска чаша, зошто сте останале воопшто таму?
Острово е едно од најскапите и исфорсирани места.

3. Можда тинејџери со желба за екстра заработка не се запознати со поимот Фрапе, ова пак е грешка на газдата на ‘елитниот ресторан‘, избрал неквалификуван персонал за помала дневница со ризик бркање муштерии.
Мене во Прилеп ми се десило да барам Пелинковац и не знаеше девојчето, ама не велам општо лоши коментари се дури секој нареден пат одам таму и тако даље.
 
Кои Грци на туристички места? Па, таму по хотели, плажи, кафичи, ресторани работат Бугари, Македонци, Срби, Англичани, а прашај тие што биле на Закинтос, Скијатос и такви места колку врие Албанци од Албанија. Тие што ве услужуваат вас се се само не Грци.

Зарем Охрид нема природна убавина? Дај жити се не зезај, но јас ја разбирам потребата и желбата да заминеш на друго место кога веќе можеш. Секој сака да шета на различни места секоја година.

Кога зборуваме за Бугарија и на кое место да отидеш се се тоа all exclusive хотели со 5 ѕвезди со базени, сауни, џакузи, интернет се што ти посака душа. Јас бев во Несебар. Не знаеш кој од кој хотел е поубав. Платиш и таму никој не те замара. Отиди во Хрватска на одмор каде што си сместен во куќа каде што живее и газдата, па ќе видиш дали нема да те замара. Секаде е така. Така и Грција. Се се тоа нови вили и мали хотели коишто се правени нови и таму не живее газдата, па нормално и нема да те замара. Да живееше со тебе да видиш дали нема да те замара.

Колку од тоа дека Грците само туризам ги интересира доволно е да видиш дека во ниедна кафана, ресторан или било што нема македонско мени, не се свири македонска музика или било што, а прв и втор крак се вооглавном македонски и српски туристи. Мислам не е место за политика тука, но доволно е да го разбереш зборот цинизам и глумење доброта само затоа што имаат ќар од тебе. Да не им се македонски туристи на тие места на прв и втор крај бел леб нема да видат повеќето Грци.

Мислам дека не ме разбра. Сопствениците на вилите се Грци :) Работниците што се, не ме интересира многу, од причина што грчки не зборам, па на англиски се разбирам со истите. Кои и да се, добро услужуваат. Блгарите изгледа во Грција само знаат да бидат услужливи, во Бугарија за ништо не ги бива.

Охрид, како што кажав веќе понапред, има неспоредлива убавина. Едно е шетањето на други места, но јас имав навика покрај шетањето надвор од земјата, барем 1 недела да одам во Охрид. Желбата за истото не ми ја уби ниту природната убавина, ниту лошите патишта, туку лошиот однос на угостителите.
За мои пари не сакам некој да ми глуми како он мене услуга да ми прави, онака, за џабе.

Во Бугарија има се, освен квалитет. Нема нит асално море, нит асална плажа, нит асален пијалок, нит асална храна. Хотели има одлични, и веројатно единственото нешто одлично е тоа. Затоа и не ги земам како репер, за мене се мизерија.

Во Хрватска не сум била, во Грција повеќе пати сум била кај што и газдата живее - најискрено ти кажувам дека никој во врат не ми дишел. Еве пред 2 недели бев во куќа каде што си живее и сопственикот, фрижидер, клима, бојлер, светло... 24/7 на располагање. Сопственикот го видовме само кога си одевме и го вративме клучот.

Што се однесува до македонското мени, ме заболе искрено, се додека има на англиски. Не одам на краците, не знам баш како е состојбата таму, но на Тасос има ресторани со македонско мени, тоа ти го гарантирам :) :)

За крај, на одмор не одам за да станам другарка со сопственикот на вилата или келнерката. Одам да си поминам убаво. Не ми е гајле што мислат за мене, важно ми е да ме услужат.
Како помлада, работев келнерска работа, 80 посто од фуфите не ме бендисуваа, ама им се смеев, бев културна и услужлива. Платата ми беше 10 000 денари, ама токму поради насмевката и услужливоста добивав добри бакшиши. И волкот сит, и овците на број :) Чист бизнис е во прашање, а не длабоки чувства и долгогодишно пријателство :)
 
Де вкалкулирај во таа цена и ФЛАША со некој алкохол по избор :)[DOUBLEPOST=1405615981][/DOUBLEPOST]
Цела не знам, не сум била на одмор во Хрватска, ама за Црна Гора, и те како е, посебно во ,,актуелните,, места, како Будва на пример.
Ужас.

Едино Бечичи личи на нешто, ама таму и дебело си го плаќаш ,,нештото,, со оглед дека седиш на плажа на Сплендид :)
Јебига за вкус не се расправа мене Будва, Котор, Макарска ми е супер, а плажата е камен, речисти исти како на плажите Градиште посебно во Макарска е таков.[DOUBLEPOST=1405616820][/DOUBLEPOST]
Абе не зезајте, какви песочни плажи има во Црна Гора и Хрватска ум да ти зајде
На пример? Будва, Котор, св.Стефан се камен тоа се главни плажи во Ц.Гора, Макарска, Дубровник и Цавтат сум бил и таму е камен и сеа?
 
1. Ти не велеше порано исклучокот (не) го потврдува правилото? :icon_lol:
Факт е дека на 90% места макијатото не е над 70 (освен 2-3 авангарда плажи).Истото е и за несот и за пивата.Проверете да не сте редовно закрпени од келнери :cautious:

2. Ако ви донесле макијато во картоска чаша, зошто сте останале воопшто таму?
Острово е едно од најскапите и исфорсирани места.

3. Можда тинејџери со желба за екстра заработка не се запознати со поимот Фрапе, ова пак е грешка на газдата на ‘елитниот ресторан‘, избрал неквалификуван персонал за помала дневница со ризик бркање муштерии.
Мене во Прилеп ми се десило да барам Пелинковац и не знаеше девојчето, ама не велам општо лоши коментари се дури секој нареден пат одам таму и тако даље.

1. Човек, фискална ми донесе. Изгледа требаше да си ја сликнам :)
2. Зашто бев на свадба во ресторанот, немав намера со хаљина до земја да акам и да барам кафичи, на Св. Наум бев, 40км од градот.
3. Мене не ми е гајле за писменоста нејзина, и не е криво девојчето. Ако плаќам 120 денари за некое кафе, очекувам и да знаат како се вика.[DOUBLEPOST=1405616953][/DOUBLEPOST]
Јебига за вкус не се расправа мене Будва, Котор, Макарска ми е супер, а плажата е камен, речисти исти како на плажите Градиште посебно во Макарска е таков.[DOUBLEPOST=1405616820][/DOUBLEPOST]
На пример? Будва, Котор, св.Стефан се камен тоа се главни плажи во Ц.Гора, Макарска, Дубровник и Цавтат сум бил и таму е камен и сеа?

Точно, затоа и кажав дека можам за себе да кажам што ми е убаво, а мене на море ми е убаво пред се, совршено прашинест песок и на плажа и во море :)
Затоа и не го преферирам Јадран :)
 
1. Човек, фискална ми донесе. Изгледа требаше да си ја сликнам :)
2. Зашто бев на свадба во ресторанот, немав намера со хаљина до земја да акам и да барам кафичи, на Св. Наум бев, 40км од градот.
3. Мене не ми е гајле за писменоста нејзина, и не е криво девојчето. Ако плаќам 120 денари за некое кафе, очекувам и да знаат како се вика.[DOUBLEPOST=1405616953][/DOUBLEPOST]

Точно, затоа и кажав дека можам за себе да кажам што ми е убаво, а мене на море ми е убаво пред се, совршено прашинест песок и на плажа и во море :)
Затоа и не го преферирам Јадран :)
Ете така, секој различно :) Мене јадранот ми има некој посебен шмек и подобра клима и затоа ми е поубав.
 
Не се работи за никаква анти-кампања, се работи за пазар, просто и едноставно. Тоа “Охриѓани вакви- онакви’’ постои откако памтам јас за Охрид и секогаш имаше туристи, на никој не му пречеше ни тој однос, ни што се нуди се додека беше ефтино и прифатливо.
Арно ама сега кога цените се израмнија со Грција, Албанија и Бугарија, а разликата е море, јасно е што ќе реши туристот.
Четири саата пат до Охрид-четири саата пат до Калитеа,
Кафе 2 евра Калитеа-кафе две евра Охрид
Лежалка 2 евра Калитеа- лежалка 2 евра Охрид
Гиро 2 евра Калитеа- лесковачка 2 и пол Охрид
Што треба да се објаснува повеќе.
Во ресторан во Калитеа, гиро во порција 15 евра... 2 лежалки 8 евра.
Преку 20 пати сум бил во Грција на различни места, единствено место каде што сум бил задоволен е во Певхохори каде барот во хотелот ги намали цените за 1 евро на секоја пијачка и тоа беше вон сезона.
Патем газдите беа албанци а шанкерот пола србин пола турчин.
Грците се далеку понегостопримливи, туку само да се зборувало нешто на темава.
 
@Avenger99 И мене исто.

Иначе, кој рече погоре, Халкидики и овие блиските места баш живеат од макеоднските и српските туристки, оти освен нив, таму турист од друга националност е реткост.
 
Викендов бев значи точно саботата го пиев кафето.
Не ми е гајле кој го држи, будала не ме прај те молам :)

Не беа поарни ни Потпеш, а ни на Славија плажана (сега има некое ново име).
Човече, две лежалки со чадор 200 денари се, а притоа треба сам кафе да си земеш и да си го платиш :)
Колку за споредба, викендот пред овој, во Грција за две лежалки, масичка, столче, чадор и 2 нес кафиња со флаширана вода (која исто во Охрид ја купуваш, имат снемано од чешма) ме чинеше 6 евра рамно. Споредба фантазија.

Не те разбирам :icon_lol:
Легна кај лежалките што се сместени до Дрим-от, и? Сакаше келнерот да дојде на лежалка да те послужи? :icon_lol: И кафето да е без пари?
Високи очекувања, ало. Сигурно те имат мрзено тој г`зот твој ( ко од кардашијан) да го мрдниш преку мостето... ;)

Па дискутираме за - Острово св.Наум. Реално, то е локација е бр.1 на охридската обала (да не речам во цела Македонија). Подобро немало, нит ќе има.

Услугата е стварно брза, ама цените се повисоки од тоа што треба. Се слагам. Објектот може слободно да функционира и со -30 до -50 денари пониски цени.
Ево јас пример не сум задоволен од вкусот на храната.

Ама то се веќе индивидуални впечатоци. Некој оди само да се прошета од вкрај вкрај 50 пати, и на крајот е воодушевен. Нит зел лежалка, нит јадел, нит пиел...

А споредбиве со Грција ви се ужасни.

Ево во Мајорка ич не се гостопримливи! Па кај го има ова бе! 14 евра за 2 лежалки и чадор. Најефтиното кафе 3,5 евра (несварено. за варењето уште 1,5 ;))

Нека плачат Шпанциве!! Во Охрид е 50 денари еспресо а лежалка не мораТ, на камењата ќе се сунчаме! :vozbud: ПА НОРМАЛНО ДЕКА НИКОЈ НЕМА ШПАНИЈА ДА ОДИ :pos: За таму требаат пари, не гостопримство :)

unnamed.jpg
 
На пример? Будва, Котор, св.Стефан се камен тоа се главни плажи во Ц.Гора, Макарска, Дубровник и Цавтат сум бил и таму е камен и сеа?

На пример Јаз, Чањ, Пржно, Улцињ и мал милион други... Ако Будва, св. Стефан и Котор ти се главни плажи у Црна Гора...
 
На пример Јаз, Чањ, Пржно, Улцињ и мал милион други... Ако Будва, св. Стефан и Котор ти се главни плажи у Црна Гора...
Во Улцињ ти да се капиш, со браќата. Будва е главно туристичко место во Ц.Гора и да плажата е камен. Сите овие плажи што ги наброја се настрана од градот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom